Гаспар Диге
Гаспар Диге (француски: Gaspard Dughet) (Рим, 15 јуни 1615 – Рим, 27 мај 1675), исто така познат како Гаспар Пусен — француски сликар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Диге е роден во Рим, син на француски слаткар [1] и неговата италијанска сопруга.[2] Тој секогаш бил сметан за француски сликар, иако всушност, тој никогаш не ја посетил Франција. Околу 1635 година тој станал ученик на Никола Пусен, кој се оженил со неговата сестра Ана пет години порано. Заради таа врска тој бил широко познат како „Гаспар Пусен“.
Тој бил специјализиран во пејзажи на Римската Кампањa, заедно со неговиот современик Салватор Роза, еден од двајцата водечки сликари на пејзажи на своето време. Насликал неколку циклуси на фрески кои прикажувале различни места околу Рим, во Колона Палата. Работел со Пјер Франческо Мола, Коза и Матија Прети во Валмонтоне. Тој често соработувал со Гијом Куртоа кој ги сликал се насликани на стафаж во неговите пејзажи. Ова било случај, на пример, во делата за Палазо Памфилиј.[3] Постои уште еден циклус од Диге, иако во лоша состојба, во Сан Мартино пи Монти.[4]
Диге починал во Рим на 27 мај 1675 година.
Влијание
[уреди | уреди извор]Во текот на 18 век сликите на Диге станале особено популарни меѓу британските колекционери, до таа мера што неговото име станало прилог на речиси секоја класична сцена, и неговиот стил се покажал како влијателен на британските пејзажи. Неговата Жртва на Авраам,претходно бил во имотот на Колона, а сега заедно со други негови дела, е во Националната галерија, Лондон.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rosenberg, Pierre (1982). „DUGHET Gaspar also known as Gaspar Poussin“. France in the Golden Age: Seventeenth Century Paintings in American Collections. New York: Metropolitan Museum of Art. стр. 243. ISBN 9780870992957.
- ↑ „Treasure of the Month – February 2012“. Wallace Collectionn. Архивирано од изворникот на 2015-10-25. Посетено на 6 July 2015.
- ↑ Simonetta Prosperi Valentini Rodinò, Courtois, Guillaume, in: Treccani, accessed 14 March 2015 (in Italian)(италијански)
- ↑ 4,0 4,1 Encyclopædia Britannica 1911
Извори
[уреди | уреди извор]- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 22 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 222. Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е