Прејди на содржината

Вршник (Таринци)

Координати: 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° СГШ; 22.23028° ИГД / 41.79889; 22.23028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вршник

Карта

Местоположба 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° СГШ; 22.23028° ИГД / 41.79889; 22.23028
Основни податоци
Место Таринци
Општина Карбинци
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Вршникархеолошко наоѓалиште во штипското село Таринци. Претставува населба од неолитско време[1],[2]. Се наоѓа на околу 800 м североисточно од селото, во некогаш-ното лозје (денес нива) на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Таринци, што лежи во непосредната близина на наоѓалиштето Крст и селските гробишта. Во 1958 година, во организација на Музејот од Штип, под раководство на М. и Д. Гарашанин е извршено сондажно ископување. Откриена е повеќе слојна неолитска населба со 4 хоризонти на живеење, потврдени со делови од објекти за живеење (огништа, печки и куќен лепеж) и многубројни предмети од материјалната култура. Врз основа на типолошките одлики, особено кај садовата керамика и култната пластика, е утврдено дека животот во населбата се одвивал континуирано од крајот на раниот до крајот на доцниот неолит, главно во рамките на локалните традиции, но со повремени влијанија од другите истовремени неолитски култури на Балканот. Оттука истражувачите ја издвоиле како засебна културна група (Вршник), сместувајќи ја во рамките на балканско-анадолскиот културен комплекс на стариот неолит. Откривањето на населбата Вршник е дотолку позначајно што, практично, со неа биле поставени основите на истражувањето и проучувањето на неолитот во Источна Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. �� Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип