Прејди на содржината

Чесен Крст

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вистински Крст)

Чесен Крст (Свет Крст, Животворен Крст или Вистинскиот Крст) — назив на крстот, за кој, според христијанското верување, се смета дека бил распнат Исус Христос.

Распнување на Исус, насликано од Џото, 1310.

Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена (250-330), мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.

Во денешно време, многу цркви притежуваат фрегменти, по кои тврдат дека го поседуваат или пак го oсознаваат Чесниот Крст. Нивната автентичност не е универзално примана од страна на самата христијанска вера. Според многу цркви, откривањето на Чесниот Крст до ден денеска е знак прашање. Најмногу гласни се Римокатоличката црква и Православната црква со нивните различни тези и убедувања. Сепак, овие две црква, заедно со Англиканската црква ја чествуваат Света Елена за откривањето на Крстот и ја сметаат за светец.

Историја на Чесниот Крст

[уреди | уреди извор]

Златната легенда

[уреди | уреди извор]

Во латинските говорни традиции на Западна Европа, историјата на ранохристијанското потекло на Чесниот Крст била разработена пред сè во 13 век, односно 1260 година, и тоа во книгата на Јаков Ворагински, епископ на Џенова, насловена „Златната легенда[1].

Легендата гласи дека дрвениот материјал од Чесниот Крст дошла од Дрвото на животот, кое се наоѓало во градината на Рајот. Пред Адам да почине, тој му наредил на неговиот син Сет да отиде кај Архангел Михаил да го замоли да му даде семе од Дрвото на животот. Кога тој починал, семето му било ставено во неговата уста и така тој бил погребан заедно со него. Семето пораснало во едно дрво, кое се појавувало од неговата уста.

По долги години и векови, дрвото било исечено, и дрвениот материјал бил искористен за изградба на мост преку кој мост поминала и кралицата од Саба, доаѓајќи до царот Соломон. Поминувајќи преку мостот, таа таму паднала на колена, поклонувајќи му се. Таа му рекла на Соломон дека парчето дрво од мостот ќе довело до замена на Божјиот Завет со еврејскиот народ, создавајќи нов ред. По дури четиринаесет колена, истиот дрвен материјал бил исечен од истиот мост, за да од него се направи крст, на кој бил распнат Исус Христос. Самиот автор, Јакоб де Ворагин во продолжение на неговите констатации пишува за времето на Света Елена, мајката на Константин I Велики[2].

Прифаќање на традицијата

[уреди | уреди извор]

Кон крљајот на средниот век и раната ренесанса, се создало единствено општествено прифаќање околу потеклото на Чесниот Крст и неговата историја, со распнувањето. Таа општа теорија била прифатена и подржена од страна на многу учени, одавајќи голема важност на една од најпознатите фрески од времето на ренесансата „Легендата за Чесниот Крст“ од Пјеро Дела Франческа, насликата по ѕидовите на црквата Сан Франческо во Азена во периодот од 1452 до 1466 година, во кој тој точно ја опишал традиционалната историја на Чесниот Крст, според Златната легенда.

Православна традиција

[уреди | уреди извор]

Златната легенда и многу други нејзини податоци, разработени по 1054 година, односно по Големиот раскол не се многу прифатливи во византиските и сириските гледишта. Според тоа, за историјата околу Златната Легенда не може да се најде некој материјал во православието.

Според Светото Предание на православната црква, Чесниот Крст бил направен од три различни вида на дрво: кедар, бор и чемпрес.[3]. Тоа доаѓа од пишувањето според Исаја 60:13: “Славата на Либан ќе дојде кај вас, чемпрес, бор и кедар, ќе дојде да го просвети местото на моето Сетилиште, а јас ќе го направам местото на нозете Ми славно“. Врската помеѓу овој стих и Распнувањето “се крие во зборовите“ на местото на нозите Ми“ кое се толкува како suppendaneum на кој биле заковани нозите на Исус Христос (а јас ќе го направам местото на нозете Ми славно).

Пронаоѓање на Чесниот Крст

[уреди | уреди извор]
Пронаоѓање на Чесниот крст, од Анголо Гади, Фиренца, 1380.

Според Евсевиј Кесариски

[уреди | уреди извор]

Евсевиј Кесариски во неговата книга “Животот на Константин[4], околу Светиот Гроб, односно како од еден објект посветен на римската божица Венера, бил изграден голема базилика. Се смета дека дел од тој комплекс бил изграден од страна на римскиот цар Адријан по првата еврејско-римска војна од 135 година. По примање на христијанството, од страна на римскиот цар Константин I Велики било овозможено рушење на стариот храм и градба на ново христијанско светилиште, и тоа од 327 до 335 година. Во оваа книга, Евсевиј Кесариски сепак не го опишува точно пронаоѓањето на Чесниот Крст.

Според Сократ Схоластик

[уреди | уреди извор]

Сократ Схоластик (роден во 380) исто така дал опис за откривањето на светиот крст[5] во кој акцентот го става врз раскопувањата и изградбата на црквата од страна на мајката на Константин, Света Елена. Така, по налог на Константин била изградена и Црквата на Христовото раѓање во Витлеем.

Во неговата верзија околу откривањето на Чесниот Крст, тој пишува дека по престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. За да се открие кој е всушност Чесниот Крст, Макариј Ерусалимски довел некоја болна жена, која по допирањето на еден од трите крста наеднаш закрепнала. Тоа било и знак дека крстот на Исус Христос бил пронајден. Од тогаш, се смета дека крстот е и официјалниот симбол на христијаните.

Според Созомен

[уреди | уреди извор]

Созомен (починал околу 450 година), во Црковна историја дал една многу слична верзија околу Чесниот Крст како и Сократ. Тој дополнува и дека местото на Светиот Гроб било откриено од страна на евреин, кој живеел на исток (и покрај тоа што и самиот тој истото го негира). Во вториот дел пишува исто за некој мртов човек бил допрен со крстот, и на тој начин тој оживеал. Најкасна историја околу името на евреинот, е дека тој бил Јуда Кириак.

Според Теодорит Кирски

[уреди | уреди извор]

Теодорит Кирски (починал во 457 година) во Црковна историја дал констатација околу Вистинскиот Гроб:

Кога царицата стигна до местото каде што Исус бил погребан, таа веднаш наредила сите присутни да се поклонат. Кога гробницата, која долго време била чувана во тајност, се откопала, трите крста биле најдени многу блиско од самиот гроб на Спасителот. Сите присутни биле на мнението дека еден од трите крста е на Исус Христос, а другите два на двајцата крадци, кое беа заедно распнати со Него. Но во моментот тие не можеле да проценат кој од тие три крста припаѓа на Исус Христос. Тогашниот управител Макариј Ерусалимски прашањето го решил по следниот начин. Тој донел некоја жена која била многу болна и и наредила да ги допре секој од крстовите, на кој се познавала крвта. Кога го допрела Чесниот Крст, жената наеднаш била излечена

Заедно со крстот биле најдени и Свети Nail|Светите Nail, кои Света Елена ги земала со себе во Цариград.

Разговор околу реликтите

[уреди | уреди извор]
Реликт од Вистискиот крст во Светиот Гроб во Ерусалим

Еден натпис, пронајден во Тикстер во Мавретанија било споменето околу Чесниот Крст. Поголемиот дел од многуте реликти на Чесниот Крст во Европа биле пренесени во Цариград. Градот бил освоен и ограбен во текот на четвртиот крстоносен поход: “По освојувањето на градот Цариград било пронајдено огромно количество богатство, проследено со скапоценети камени и дел од Светиот Господов крст, којшто Света Елена ги пренесела од Ерусалим, и истите биле украсени со злато и скапоценети накити. Во градот реликтите биле пречекани со големи пречести. Тие таму биле изграфирани од страна на тамошните бискупи и биле поделени со останатите ценети реликти помеѓу рицарите; подоцна, кога таа се вратила во роднината, истите биле донирани на црквите и манастирите[6][7][8] Витезот Робер од Клариј пишува: “Во оваа капела се пронајдени многу драгоценети реликти, а два од нив биле дебели како човечка нога во должина" [9]

До крајот на средниот век многу цркви претендирале дека поседуваат дел од Чесниот Крст. Според Џон Калвин, постоеле толку многу дрва, доволно да се наполни еден брод:

"Не постои опатија која не поседува еден примерок. Во некои места постојат многу фрагменти, како во Светата капела во Париз. Накратко, ако сите делови кои можат да се соберат заедно, ќе може да се изгради голем брод. Но Евангелието сведочи да само еден човек е во можност да го направи тоа. “
- Калвин, Траит Дес Реликвес.

Проблемот околу ова е констатацијата на Рохаулт де Флеур кој во неговата “Mémoire sur les instruments de la Passion 1870“ каде направил проучување на реликвите во однос на критиките на Калвин и Еразмус. Тој создал каталог од сите попознати реликти на Чесниот Крст, покажувајќи дека и покрај тоа што го тврдат многуте автори дека би можело да се соберат сите фрегменти, сепак нема да може да се собере ни една третина од крстот, кој би требало да биде три или четири метра висок, а другото дрво два метри широко.

Според него: Крстот би требало да биде од борова шума, (врз осносва на неговите микроскопски анализи на фрагментите) со тежина од околу седумдесет и пет килограми, целиот волумен на крстот би бил 178 кубни метри. Вкупниот обем на соберените реликви би изнесувал околу 0004 кубни метри, оставајќи обем од околу 174 кубни метри загубени, уништени или непронајдени.

Четири честички од крстот од десет се со документни докази од страна на византиските цареви- од европските цркви, односно тие се наоѓаат во црквата Санта Кроче ин Герусалем во Рим, Богородичната црква во Париз, Пиза деи Миракови во Пиза, црквата Санта Марија дел Фиоре во Фиренца.[10] Герасимос Смирнакис[11] споменува дека најголемиот зачуван дел од 870760 кубни милиметри се чува во манастирот Кутлумуш на планината Атон, 537587 кубни метри во Рим, во Брисел 516090, 445582 во Венецијија, во Гент 436.450 и 237.731 во Париз.

Управата на црквата Санто Торибио де Лебана во Шпанија се изјасни дека поседува еден од најголемите реликви и дека е еден од најпосетуваните меѓу каточичките верници. Сепак, можно е да многу од постоечките реликви од Чесниот Крст да се фалсификат, создадени од трговци во средниот век.

Етиопската православна црква исто така тврди дека поседува вистински реликвии закопан во манастирот Гишен Маријам.

Чествување на Чесниот Крст

[уреди | уреди извор]
Наоѓање на трите крста

Во Римокатоличката црква, Православната црква, Англиканската црква, Протестанството, празникот ма крстот го славаат на 14 септември, односно на годишнината на осветувањето на црквата на Светиот Гроб. Во покасните векови, во комеморацијата била вклучена и славата од спасувањето на крстот од персијците во 628 година. Во Галицијан, во 7 век, празнувањето на Чесниот Крст се одржувало на 3 мај. Според католичката енциклопедија, Ватикан како основно име, крстот го нарекол “Триумф на крстот“ во 1963 година, и тоа поради спасувањето на крстот од персијците[12]. Во западната црква, септемвриската дата за Чесниот Крст бил исфрлен од календарот по Вториот ватикански собор во 1970 година. Православната црква го чествува на 14 септември и на 1 август [13]..

Како дополнение за чествувањето на крстот, римокатоличката црква има формално го слави на Велики петок, а православната за време на утринските молитви на Велики петок. Православната црква исто така го чествува и на третата недела од Големиот пост.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Овој збор „легенда“ не значи мит, туку списи за читање. Така, неоспорно историските житија на ранохристијанските предводници како Григориј, Јероним Стридонски и Августин се нарекувале нивни „легенди“.
  2. Jacopo de Voragine, The Golden Legend, late 13th century
  3. Dr. Alexander Roman, "Feast of the Exaltation of the Cross Архивирано на 22 јуни 2008 г.", Ukrainian Orthodoxy Accessed on 2008-03-01
  4. Life of Constantine, book 3, chapter 25 - 41
  5. NPNF2-02. Socrates and Sozomenus Ecclesiastical Histories | Christian Classics Ethereal Library
  6. Original: Capta igitur urbe, divitiae repperiuntur inestimabiles, lapides preciosissime et incomparabiles, pars etiam ligni dominici, quod per Helenam de Iherosolimis translatum, auro et gemmis precioses insignitum in maxima illic veneratione habebatur, ab episcopis qui presentes aderant incisum, ab aliis preciosissimis reliquis per nobilis quosque partitur, et postea eis revertentibus ad natale solum, per ecclesias et cenobia distrbuitur. - German: Nach der Eroberung der Stadt wurden unschätzbare Reichtümer gefunden, unvergleichlich kostbare Edelsteine und auch ein Teil des Kreuzes des Herrn, das, von Helena aus Jerusalem überführt und mit Gold und kostbaren Edelsteinen geschmückt, dort höchste Verehrung erfuhr. Es wurde von den anwesenden Bischöfen zerstückelt und mit anderen sehr kostbaren Reliquien unter die Ritter aufgeteilt; später, nach deren Rückkehr in die Heimat, wurde es Kirchen und Klöstern gestiftet.
  7. Chronica regia Coloniensis (sub annorum 1238 - 1240), page 203. Original book in Brüssel, three writers, two painters, last writing: year 1238, in: [1] Архивирано на 6 јуни 2011 г. ; Waitz, Georg [Hrsg.] ,Monumenta Germaniae historica : [Scriptores] : Scriptores rerum Germanicarum in usum scholarum, 18, Hannover 1880, page 203 (Pars Sexte, continuatio tertia monachi S. Pantaleon)
  8. See also: 10 sections of relics of the True Cross with documentary proofs, in: [2]
  9. Robert of Clari's account of the Fourth Crusade, chapter 82: OF THE MARVELS OF CONSTANTINOPLE [3] Архивирано на 23 јуни 2006 г.
  10. (William Ziehr, Das Kreuz, Stuttgart 1997, p. 63) [4], in German.
  11. Gerasimos Smyrnakis, Το Αγιον Ορος (The Holy Mountain), Athens, 1903 (reprinted 1998), p. 378-379
  12. The term "Invention" is from the Latin invenire, "to find" (lit. "to come across"), and should not be understood in the modern sense of creating something new.
  13. http://www.oca.org/pages/orth_chri/Feasts-and-Saints/August/Aug-01.html

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]