Прејди на содржината

Велика Чука (Ораовица)

Координати: 41°37′31″N 22°30′44″E / 41.62528° СГШ; 22.51222° ИГД / 41.62528; 22.51222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Велика Чука - Тумба

Карта

Местоположба 41°37′31″N 22°30′44″E / 41.62528° СГШ; 22.51222° ИГД / 41.62528; 22.51222
Основни податоци
Место Ораовица
Општина Радовиш
Тип

 населба


Период бронзено време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Велика Чука - Тумба археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ораовица. Претставува населба од бронзено време и од доцната антика. На 500 м од излезот на селото, од левата страна на патот за Радовиш се издига голема височинка, со пречник во основата од околу 150 м и висина од околу 10 м. Има зарамнето плато на кое се наоѓаат урнатини од црква и неколку гробови од поново време. Со исклучок на западната страна, која е блага и пристапна, другите се стрмни и се спуштаат кон коритото на селската река. На источното подножје лежат денешните гробишта, а на самиот врв има урнатини од старата гробишна црква. Според обликот и димензиите Велика Чука личи на праисториските населби од Пелагонија, така што, покрај остатоците од бронзеното време, треба да се очекуваат и остатоци од постари населби.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 330, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069