Прејди на содржината

Љубе Миленковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубе Миленковски
Роден 10 јуни 1945
Сопот, Демократска Федерална Македонија, ФНРЈ
Починал 1993(1993-00-00) (возр. 47–48)
Скопје, Македонија
Занимање Географ, професор

Љубе Миленковски (Сопот, 5 јуни 1937 – Скопје, 1993) ― македонски географ.

Образование

[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во својот роден крај. Учителската школа ја завршил во Скопје во 1958 година, а потоа шест години работел во основно училиште. Завршил Педагошка академија во Скопје, група историјагеографија, а потоа дипломирал на Институтот за географија при ПМФ и во 1969 година се запишал на последипломски студии на Групата за географија на ПМФ во Белград. Докторирал на Географскиот факултет во Скопје во 1983 година, на темата „Социо-географски и аграрни карактеристики на Гевгелиско-валандовската Котлина”.[1]

Работел како наставник и професор во основно училиште, а потоа во Гимназијата „Браќа Миладиновци” во Драчево. Во 1972 година, бил избран за директор на ОУ „Кузман Шапкарев”, потоа преминал на работа во Републичкиот завод за школство, како самостоен педагошки советник за наставата по географија. Од 1975 до 1985 година, бил професор на Педагошката академија „Св. Климент Охридски” во Скопје, на којашто бил и директор. Во 1985 г. е избран за доцент на Географскиот факултет во Скопје, а во 1989 година, во вонреден професор. Научно-истражувачка активност главно е насочена кон аграрната географија и методиката на наставата по географија. Бил автор на повеќе учебници за основното и средното образование.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 41. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)