Led Zeppelin II
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
„Led Zeppelin II“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Led Zeppelin | ||||
Издаден | 22 октомври 1969 | |||
Снимен | January–August 1969 at various locations | |||
Жанр | Hard rock, heavy metal, blues rock | |||
Траење | 41:24 | |||
Јазик | English | |||
Издавачка куќа | Атлантик Рекордс | |||
Продуцент | Jimmy Page | |||
Led Zeppelin — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Led Zeppelin II | ||||
|
Лед Зепелин 2 е вториот студиски албум на англиската рок група Лед Зепелин. Албумот е издаден во октомври 1969 година преку издавачката куќа Атлантик Рекордс (Atlantic Records). Студиските сесии беа распределени на неколку места во Велика Британија и Северна Америка од јануари до август 1969 година. Целoсната заслуга за продуцирањето на албумот е на Џими Пејџ, а при снимањето групата ги искористила и методите на музичниот инженер Еди Крејмер.
Лед Зепелин 2 во однос на текстовите е продолжение на Лед Зепелин 1, но подобро прифатен и многу повлијателен од него. Се смета за 'најтешкиот' албум на групата и со елементите на блуз и фолк-музика го покажува нивниот еволуиран музички стил. Лед Зепелин 2 е првиот албум што се искачи на врвот на топ листите во САД и Белика Британија.
Во 1970 година илустраторот Давид Џунипер е номиниран за Греми награда за најдобро дизајнирана опаковка на албум откако тој се погрижи за Лед Зепелин 2. На 15 ноември 1999 албумот стана 12 пати платинест откако се продаде во повеќе од 12 милиони копии и беше сертифициран од RIAA (здружение на музичните снимачи на Америка). Уште од неговото издавање музичарите и критичарите го споменуваат како еден од најдобрите и највлијателните рок албуми на сите времиња.
Заднина
[уреди | уреди извор]Лед Зепелин 2 е создаден во текот на еден бурен период од јануари до август 1969 година во кој тие многу патуваат за да одржат четири европски и три турнеи во САД. Секоја песна е посебно снимана, миксувана и продуцирана во различни студија во Велика Британија и Северна Америка. Материјалот е напишан во текот на турнеите, изнајмувале студија во малите паузи меѓу концертите и сето тоа довело до звук полн со спонтаност и итност заради неопходност. Басистот Џон Пол Џонс се сеќава дека многу патувале и рифовите на Џими Пејџ доаѓаа брзо и бесно. Многу од нив доаѓале од долгите импровизации на Dazed And Confused на сцената при што се присеќале на најдобрите делови и потоа ги снимале во студио.
Некои од студијата не биле најдобро опремени, а некое студио во Ванкувер било исто како колиба и имало само катче за снимање со повеќе траки а немало правилно место за слушалки. Пејачот Роберт Плент се присеќава „Лудо беше. Пишувавме песни во хотелски соби, ритамските делови ги правевме во Лондон, вокалниот дел во Њујорк, наснимките со усна хармоника во Ванкувер и потоа се враќавме во Њујорк да го завршиме миксувањето“. Thank You, The Lemon Song и Moby Dick беа наснимувани во текот на турнејата како и миксувањето на Whole Lotta Love и Heartbreaker. Како што изјавува Пејџ “песните изникнаа од вежбањето за следната турнеја и од некои нови работи на коишто работевме“.
Снимање
[уреди | уреди извор]Сесиите беа распределени во многу студија низ Америка и Англија, Олимпик и Морган во Лондон, А&м, Квантум, Сансет, Мирор Саунд и Мистик во Лос Анџелес, Ардент во Мемфис, А&Р, Џаги Саунд, Грув и Мејфер во Њујорк и таканаречената колиба во Ванкувер.Џими Пејџ ги добива сите залсуги за продукцијата на сите песни во албумот, а првпат соработуваат и со музичкиот инженер Еди Крејмер, кој претходно работел со Џими Хендрикс и ги импресинирал членовите на Лед Зепелин, особено Пејџ. Според експертот за групата, Дејв Луис, албумот бил огромен триумф поради тоа што и денес звучи свежо и најголема заслуга за тоа има одличната соработка меѓу Пејџ и Крејмер. Оваа соработка е најдобро прикажана во Whole Lotta Love, според Крејмер: “познатиот микс каде јас и Џими правиме партали, стискајќи ги сите можни копчиња на конзолата во студиото“.
Во друго интервју, Крејмер тврди дека Пејџ ја заслужува целата заслуга бидејќи постигнал одличен звук и покрај лошите услови за снимање: “Албумов го снимивме малку по малку. Некои од траките ги снимивме во најбизарните студија што можеш да си ги замислиш, како дупки во ѕидот. Евтини студија и на крајот се звучеше извонредно. Имаше една одличен спој на звук на Лед Зепелин 2 и само една личност на чело, а тоа е господинот Пејџ“. Пејџ и Крејмер 2 дена го миксаа албумот во студиото А&Р.
Компонирање
[уреди | уреди извор]The first single contains strong blues influence and sexual lyrical themes with a predominant guitar riff by Jimmy Page. | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Завршените траки го претставуваа природниот и развивачки звук на групата како и нивната способност како изведувачи во живо. Во албумот продолжуваат да се вртат истите теми од првиот албум кои ги воведе Роберт Плент, создавајќи дело кое добива уште подобри критики и е веројатно повлијателно од својот претходник. Whole Lotta Love и The Lemon Song се секслуални теми и во втората Плент ги наговара “безимените девојки да го стиснат неговиот лимон сè додека сокот не потече долж неговата нога“.
Според Плент “Лед Цеп 2 беше многу силен. Сакавме да докажеме дека сè уште сме моќни и можеме да стимулираме. Сè уште беше заснован на блуз-музиката но многу по световен и доста екстравагантен. Албумот беше направен помеѓу менувањето соби и бегањето од групата, и мислам дека тоа е големо достигнување“.
Во Лед Зепелин 2, групата експериментира со други музички стилови и пристапи, како што е со What Is and What Should Never Be и Ramble On и поп баладата Thank You. Мистериозната атмосфера во Ramble On ја разви врската на хардрокот со фантастичните теми кои делумно се инспирирани од психоделичниот рок 2-3 години претходно, но и од личниот интерес на Плент за пишувањата на Р.Р.Толкин. Оваа музичка насока кулминира во Лед Зепелин 4, а подоцна безброј групи ќе го доведат ова влијание до други граници. Во инструменталката Moby Dick има долго соло на тапани кое Бонам често го издолжува на концертите, понекогаш и до половина час.
Придонесот на Пејџ во овој албум е огромен, а доказ за тоа е неговото соло на електрична гитара од Heartbreaker, кое го претставува силниот музички напад на групата и кое го имитираат многу млади гитаристи. На овој албум, Пејџ првпат ја користи гитарата 1959 Gibson Les Paul, тоа е гитарата која станува толку популарна заради него. Неговото иновативно снимање и микрофонските ефекти со тапаните на песни како Ramble On и Whole Lotta Love ја докажуваат неговата неверојатна вештина, снаодливост и оригиналност како продуцент. Списанието Ролинг Стоун изјави дека солото од Whole Lotta Love е едно од највозбудливите рифови во рокенролот. Џон Пол Џонс изјавува “Џими веќе се навикна да биде продуцент некаде околу Whole Lotta Love. Обратното ехо и техниките со микрофоните беа инспиративни. Сите мислат дека тој влегува во соба со ѕидови од засилувачи, но не е така. Тој користи многу мал засилувач ама си ја знае работата со микрофоните и тоа создава одлична сонична слика“.
Со овој албум се забележува заострување на гласот на Плент и конечно се докажува како сериозен текстописец. Не беше премногу споменат во заслугите на претходниот албум заради легални проблеми, но неговото влијание во песни како What Is and What Should Never Be и Ramble On ја покажуваа музичката иднина на бендот. Самиот изјавува дека конечно се опуштил и се чувствувал како дома дури на сесиите на Лед Зепелин 2. Во 2008 година тој изјави “додека го снимавме Лед Зепелин 1 во 1969 година ако некој ме прашуваше ќе му кажев дека ја напуштам групата. Не се чувствував толку слободно бидејќи вокално од мене премногу се бараше, а така остана сè додека бев дел од групата, но на почетокот не ми беше сеедно, многу имав трема и не се опуштив сè до Лед Зепелин 2“.
Опаковка
[уреди | уреди извор]Дизајнот за опаковката на Лед Зепелин 2 е од постерот на Дејвид Џунипер кој ја нацртал кога членовите на групата му рекле да смисли нешто интересно. Црпел инспирација од една фотографија од 11тата дивизија Јадштафел од германските воздушни сили за време на Првата светска војна, фотографија од познатиот Летечки циркус предводен од Манфред фон Рихтхофен – Црвениот Барон. Откако ја засенил фотографијата, потоа ги избоил лицата од групата над постоечките со аерограф. Освен членовите на групата, на опаковката може да се забележат и Мајлс Дејвис (или Слепиот Вили Џонсон), некој пријател на Енди Вархол (веројатно Мери Воронов) и астронаутот Нил Армстронг. Албумот го доби прекарот “Кафеавиот Бомбардер“ по контурата на цепелин со кафеава позадина кој исто така се наоѓа на опаковката.
Критики
[уреди | уреди извор]Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | [1] |
BBC Music | Favourable[2] |
Blender | [3] |
Robert Christgau | B[4] |
Entertainment Weekly | A+[5] |
Q | [6] |
Rolling Stone | Unfavourable[7] |
The Rolling Stone Album Guide | [8] |
Yahoo! Music | Favourable[9] |
Албумот е објавен на 22 октомври 1969 година преку Атлантик Рекордс со 400,000 нарачки. Рекламиран преку слоганите “Led Zeppelin – The Only Way To Fly“ и “Led Zeppelin 2 – Now Flying“. Лед Зепелин 2 е првиот нивен албум кој се искачи на првата позиција на топ листата во САД, двапати победувајќи го Abbey Road на Битлси �� останувајќи на првата позиција цели 7 недели. До април 1970 година беа продадени 3 милиони копии од албумот во САД, додека во Велика Британија остана цели 138 недели на топ листата и качувајќи се на првата позиција во февруари 1970 година.
Албумот исто така го донесе и најголемиот хит на групата Whole Lotta Love која се искачи на 4тата позиција на топ листите во САД во јануари 1970 година откако Атлантик Рекордс без согласност од групата пушти пократка верзија на песната. Б-страната на Whole Lotta Love, Living Loving Maid (She’s Just a Woman), се појави на 65 место на топ листата во април 1970 година. Со Лед Зепелин 2 групата стана позната како интернационална концертна атракција и со растењето на нивната популарност, од клубови, сали и аудиториуми почнаа да ги изведуваат своите песни на стадиони.
Во 1970 година уметничкиот директор Дејвид Џунипер е номиниран за Греми награда во категоријата “најдобра опаковка за албум“ за Лед Зепелин 2. На 10 ноември 1969 албумот беше сертифициран златен, а до 1990 година Лед Зепелин 2 стана 5 пати платинест. На 14 ноември 1999 албумот стана 12 пати платинест...
Денешен статус
[уреди | уреди извор]Лед Зепелин 2 се смета за совршен пример за хевиметал, од кој сите идни групи го развиваат овој правец. Блуз-песни како Whole Lotta Love, Heartbreaker, The Lemon Song, Moby Dick и Bring It On Home се сметаат за стандардот по кој се водат хеви метал групите, каде гитарските рифови (пред вокалните) ја дефинираат песната. Ваквите аранжмани и нагласокот на електричната гитара не беа премногу популарни во тоа време. Солото од Heartbreaker со брзото менување на ноти каде жиците на гитарата се допираат само со левата рака станува инспирација за идните “шредери“ како Ван Хејлен и Стив Веј. Лед Зепелин 2 се смета за многу влијателен во развивањето на рок-музиката, како зачетник на хардрокот и инспирација за Аеросмит, Ајрон Мејден и Ганз ен роузес.
И според врвните светски критичари Лед Зепелин 2 е признаен за еден од највлијателните албуми во рок-музиката на сите времиња, освојувајќи многу награди и постојано ставан на сите листи за најдобри албуми на сите времиња. Во 1989 година списанието Спин го рангираше албумот на 5 место на својата листа од 25 Најдобри албуми на сите времиња. Списанието Кју го стави Лед Зепелин 2 на 37 место на својата листа од 100 Најдобри Британски албуми на сите времиња. Во 2003 беше ставен на 75 место на листата за 500 најдобри албуми на сите времиња на списанието Ролинг Стоун.
Признанија и награди
[уреди | уреди извор]Магазин | Земја | Награда | Година | Ранг |
---|---|---|---|---|
Grammy Award | United States | "Grammy Award for Best Recording Package"[10] | 1970 | Nominee |
Guitarist | United Kingdom | "Top 50 Most Influential Guitar Albums of All Time Ever"[11] | 1994 | 3 |
Mojo | United Kingdom | "The 100 Greatest Albums Ever Made"[12] | 1996 | 41 |
The Guitar | United States | "Album of the Millennium"[13] | 1999 | 6 |
Rolling Stone | United States | The 500 Greatest Albums of All Time[14] | 2003 | 75 |
Q | United Kingdom | "100 Greatest Albums Ever"[15] | 2003 | 37 |
Robert Dimery | United States | 1001 Albums You Must Hear Before You Die[16] | 2006 | * |
Classic Rock | United Kingdom | "100 Greatest British Rock Album Ever"[17] | 2006 | 8 |
Rock and Roll Hall of Fame | United States | "The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time"[18] | 2007 | 47 |
Q | United Kingdom | "50 Years of Great British Music (1960s)"[19] | 2008 | * |
(*) designates unordered lists.
Список на песни
[уреди | уреди извор]Side one | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
1. | „Whole Lotta Love“ | John Bonham/Willie Dixon/John Paul Jones/Jimmy Page/Robert Plant | 5:34 |
2. | „What Is and What Should Never Be“ | Page/Plant | 4:47 |
3. | „The Lemon Song“ | Bonham/Chester Burnett/Jones/Page/Plant | 6:20 |
4. | „Thank You“ | Page/Plant | 4:47 |
Side two | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
5. | „Heartbreaker“ | Bonham/Jones/Page/Plant | 4:15 |
6. | „Living Loving Maid (She's Just a Woman)“ | Page/Plant | 2:40 |
7. | „Ramble On“ | Page/Plant | 4:35 |
8. | „Moby Dick“ | Bonham/Jones/Page | 4:25 |
9. | „Bring It On Home“ | Page/Plant/Dixon | 4:19 |
На касетните изданија Heartbreaker е ставена на крајот на првата страна и Thank You на почетокот на втoрата страна. Moby Dick е втора песна и What Is And What Should Never Be е на втората страна. Изданијата на оригиналниот ЛП имаат лажен податок дека песната трае 3:50, каде има лажен завршеток по кој песната продолжува.
Положба на топ листитте
[уреди | уреди извор]- Album
Chart (1969) | Peak position |
---|---|
Japanese Albums Chart[20] | 8 |
US Billboard 200[21] | 1 |
US Billboard Soul LP's[22] | 32 |
French Albums Chart[23] | 3 |
Canadian RPM Top 100 Albums Chart[24] | 1 |
Chart (1970) | Peak position |
---|---|
UK Albums Chart[25] | 1 |
US Record World Top Pop Albums[26] | 1 |
US Cash Box Top 100 Albums[27] | 1 |
Norwegian Albums Chart[28] | 2 |
Australian Kent Music Report Top 100 Albums Chart[29] | 1 |
Spanish Albums Chart[30] | 1 |
German Albums Chart[31] | 1 |
Претходник Abbey Road by The Beatles |
UK Albums Chart number-one album 7 February 1970 – 14 February 1970 |
Наследник Motown Chartbusters Volume 3 by Various artists |
- Singles
Year | Single | Chart | Position |
---|---|---|---|
1970 | "Whole Lotta Love" | US Billboard Hot 100[32] | 4 |
1997 | "Whole Lotta Love" | UK Singles Chart[33] | 21 |
1970 | "Living Loving Maid (She's Just a Woman)" | US Billboard Hot 100[34] | 65 |
Постава
[уреди | уреди извор]На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
- Лед Зепелин
- John Bonham – тапани, timpani, backing vocals
- John Paul Jones – бас гитара, organ, backing vocals
- Jimmy Page – electric and acoustic guitar, backing vocals, theremin on "Whole Lotta Love"
- Robert Plant – lead vocals, harmonica
- Продукција
- Barry Diament – engineering (original Compact Disc)
- George Chkiantz – engineer on "Whole Lotta Love" and "What Is and What Should Never Be"
- Peter Grant – executive producer
- Chris Huston – engineering on "The Lemon Song" and "Moby Dick"
- Andy Johns – engineering on "Thank You"
- Eddie Kramer – engineering, mixing
- Bob Ludwig – mastering, engineering
- George Marino – engineering (remastered CD)
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Allmusic Review
- ↑ 18:30. „BBC Music Review“. BBC. Посетено на 1 January 2012.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Review“. Blender. Архивирано од изворникот на 2009-08-19. Посетено на 3 August 2011.
- ↑ „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. 15 June 1972. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ Reviewed by Tom Sinclair (20 June 2003). „Entertainment Weekly Review“. Ew.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 1 January 2012. Text "20 June 2003" ignored (help)
- ↑ „Q (magazine)|Q Review“. Q4music.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ „Rolling Stone Review“. Rolling Stone. 13 December 1969. Посетено на 15 April 2012.
- ↑ „Rolling Stone'' Review“. Google Books. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ „Review“. Yahoo! Music. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 20 August 2012.
- ↑ „Grammy Award for Best Recording Package (David Juniper) – 11 March 1970“. Grammy. 9 February 1970. Архивирано од изворникот на 2012-10-19. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „Top 50 Most Influential Guitar Albums of All Time Ever – December 1994“. Guitarist. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ ���The 100 Greatest Albums Ever Made – January 1996“. Mojo. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „Album of the Millennium – December 1999“. The Guitar. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „75) Led Zeppelin II“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2010-12-22. Посетено на 11 February 2009.
- ↑ „100 Greatest Albums Ever – January 2003“. Q. Архивирано од изворникот на 2018-10-19. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ Dimery, Robert (7 February 2006). „1001 Albums You Must Hear Before You Die“. Universe. New York, NY (ISBN 0-7893-1371-5). стр. 156.
- ↑ „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever – April 2006“. Classic Rock. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time“. Rock and Roll Hall of Fame (United States). Архивирано од изворникот 2009-02-27. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „50 Years of Great British Music – March 2008“. Q. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 25 December 1969“. Oricon. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „The Billboard 200 – 27 December 1969“. Billboard. Посетено на 19 January 2009. [мртва врска]
- ↑ „Led Zeppelin II Charts & Awards (Billboard)“. allmusic. Посетено на 26 May 2008.
- ↑ „Top 100 Albums – 1969“. infodisc.fr. Архивирано од изворникот на 2016-01-02. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „RPM Albums Chart – 24 January 1970“. RPM. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Chart stats – Led Zeppelin – Led Zeppelin II“. chartstats.com. Архивирано од изворникот 2011-08-15. Посетено на 8 June 2011.
- ↑ [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1970THRU1974.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 3 January 1970“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Record World. Посетено на 19 January 2009.[мртва врска] - ↑ „Top 100 Albums – 31 January 1970“. Cash Box. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 20 Albums – 1 March 1970“. norwegiancharts.com. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ Kent, David (1993). „Top 100 Albums – 2 March 1970“. Australian Chart Book 1970–1992 (1. изд.). Turramurra: Australian Chart Book. стр. 53. ISBN 0-646-11917-6.
- ↑ „Top 100 Albums – 4 April 1970“. PROMUSICAE. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 6 April 1970“. charts-surfer.de. Архивирано од изворникот 2007-10-29. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Hot 100 Singles – 31 January 1970“. Billboard. Посетено на 19 January 2009. [мртва врска]
- ↑ „Top 100 Singles – 13 September 1997“. chartstats.com. Архивирано од изворникот 2009-08-22. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Hot 100 Singles – 4 April 1970“. Billboard. Посетено на 19 January 2009. [мртва врска]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Brackett, Nathan; Hoard, Christian (2004). The New Rolling Stone Album Guide: Completely Revised and Updated 4th Edition. New York City, NY: Simon and Schuster. ISBN 0-7432-0169-8.
- Buckley, Peter (2003). The Rough Guide to Rock. London: Rough Guides. ISBN 1-85828-201-2.