Прејди на содржината

Смртта на Фрањо Кадавер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Смртта на Фрањо Кадавер – (хрватски: Smrt Franje Kadavera) – расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа, дел од збирката „Хрватскиот бог Марс“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во воената болница, Имбро Светец, пациент на одделението за болните од венерични болести, извршил самоубиство и тоа било настан на денот. Единствено, неговиот сосед во одделението, Фрањо Кадавер лежел крај мртвото тело на Имбро и упорно се молел. Фрањо бил чевлар, кој живеел во градот, но жена му не знаела дека тој лежи во болницата, лекувајќи се од сифилис. Тагувајќи по семејството, една ноќ, Фрањо избегал и дошол до својата куќа, а на враќање кон болницата бил ранет во ногата од страна на стражарите. Утредента, болничката комисија ги прегледала сите болни и го открила неговиот престап. Во болничкото одделение се наоѓал и војникот Тони Јокл кој го познавал семејството на Фрањо. Знаејќи дека Фрањо е многу побожен човек и дека го крие од сопругата својот престој во болницата, Тони го уценувал и Фрањо морал да му дава пари, храна и облека, а најпосле, Тони посакал да му го земе и златниот медалјон. Еднаш, група болни започнале разговор за социјализмот, за политиката и за постоењето на бог и тогаш Фрањо се налутил и жестоко ја бранел католичката вера. Тогаш, Тони го нападнал него, обвинувајќи дека е лицемерен и грешен при што на сите им кажал дека Фрањо има жена во градот која не знае дека тој лежи во болницата. Сите војници почнале да го задеваат, па Фрањо бил многу потиштен и се обвинувал себеси. Утредента, Тони избегал во градот и ѝ кажал на сопругата на Фрањо, а таа дошла во болницата, со остри обвинувања и клетви кон него. Тогаш, Фрањо отишол во тоалетот и се обесил.[1]

  1. Miroslav Krleža, Hrvatski bog Mars. Beograd: Rad, 1963, стр. 87-124.