Прејди на содржината

Нов светски поредок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Научниците тврдат дека теоретичарите на заговори грешно го толкуваат ,,окото и пирамидата” како Масонски симбол на Илуминатите, тајно здружение од 18 век, за кое се верува дека постои и денес и дека кова заговор во полза на Новиот Светски Поредок. Во теоријата на заговор, терминот ,,Новиот Светски Поредок” или ,,НСП”, се однесува на појавувањето на светска влада со бирократски колективизам. Општото верување во теориите на заговор за Новиот Светски Поредок е дека моќна и тајна елита на глобалисти кова заговор да го преземе владеењето со светот преку автономна светска влада, која ќе биде замена за Суверените Нацинални држави и некои поделби во меѓународните борби за превласт. Се претпоставува дека ќе настанат значајни промени во политиката и финансиите поради големото влијание на политичките интриги преку надворешни организации. Многубројни историски и сегашни настани укажуваат на тоа дека постојано се коваат заговори за да се оствари светска доминација преку тајни политички собири и процеси за донесување одлуки. Пред деведесеттите години од минатиот век, заговорот за Новиот Светски Поредок беше ограничен на две подкултури, воинственото невладино право и христијанските фундаменталисти кои се грижеа за појавувањето на антихристот. Скептиците, како што беше политичкиот научник Мајкл Баркун, не беа загрижени само за тоа дека теориите за заговор за Новиот Светски Поредок на десното крило се под влијание на оние од левото крило, туку дека се и преточени во популарната култура, со што во САД, на крајот од XX и XXI век, дојде епохата кога луѓето се подготвуваат за апокалиптички сценарија поврзани со крајот милениумот. Тие предупредуваат дека овој развој на настаните не само што ќе ги разгори поединечните терористички дејствија туку и ќе има запрепастувачки ефекти врз политиката на Америка, како на пример, зачеток на бунтовното движење на националниот анархизам кое може да ја сруши установената политичка сила.

Потекло на изразот

[уреди | уреди извор]

За време на 20 век, многубројни водачи, меѓу кои и Вудроу Вилсон и Винстон Черчил, го користеа изразот ,,Новиот Светски поредок” за да опишат појавување на нов историски период во кој има голема промена во светското политичко мислење и во балансот на моќта по Првата и Втората светска војна. Овие периоди се сметаа за нова можност за спроведување идеалистички и либерални предлози за светското владеење но само преку заедничките напори за препознавање, разбирање или истакнување на светските проблеми кои националните држави не можат да ги решат. Овие предлози доведоа до создавањето на меѓународните организации, како што се Обединетите Нации и НАТО, и меѓународните администрации, како што се системот Бретон Вудс и Генералниот Договор за Трговија и Царини, кои треба да го одржат балансот на моќта и да ја легализираат соработката меѓу нациите. Меѓутоа, овие организации и администрации како и општиот интернационализам, секогаш ќе се критикуваат и отфрлуваат од страна на американските палеоконзерватисти поради изолационизмот и неоконзерватистите врз основа на добриот империализам.

Со последиците од Првата и Втората Свететска војна, прогресивистите ги поддржаа овие меѓународни организации и администрации, но тврдеа дека имаат демократски дефицит и поради тоа не можат да спречат друга светска војна и да помогнат во создавањето на светска правда. Со тоа, активистите во светот создадоа светско федералистичко движење кое треба да создаде ,,вистински” Нов Светски поредок. Многубројни интелектуалци од левиот реформизам, како што бил британскиот пиател Х. Г. Велс во четириесеттите години од минатиот век, го адаптираа и редефинираа изразот ,,Новиот Светски поредок” како синоним за создавање светско раководење со искусна социјалдемократија. Како одговор, теоритичарите на секуларниот хуманизам во Америка како и Христијанската десница, чии стравови беа разгорени со ерата на Црвената Паника поради Масонските, Илуминатските и Еврејските заговори за создавање светски комунизам, започнаа грешно да го толкуваат изразот ,,Нов Светски поредок” кога се користеше од страна на членовите на Естаблишментот. Дури и кога стануваше збор за едноставно признавање на промена на меѓународната рамнотежа на моќта, како барање за наметнување државен атеизам и светско раководење со бирократски колективизам, кое ги контролира средствата за производство, додека сурплусот (,,профитот”) се распределува меѓу владеачките бирократски маси, а не меѓу работничката класа.

Во шеестите години од минатиот век, голем дел од вниманието на заговорниците од десното крило, од страна на групи како што се Здружението Џон Брич и Лобито за Слобода, беа насочи кон Обединетите Нации како средство за создавање ,,Една Светска Влада”, и допридонесоа за создавање конзервативно движење за повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Обединетите Нации. Американската писателка Мери М. Дејвисон, во својата збирка Длабоката револуција од 1966год, го пронајде наводниот заговор за Нов Светски Поредок преку создавањето на Федералниот систем на резерви на САД како влада во сенка во 1921год. Во времето кога се објави збирката, ,,меѓународните банкари” можеа да се протолкуваат од страна на читателите како дополнување на ,,меѓународниот заговор на Еврејското банкарство” предводен од фамилиите Ротчајлд и Рокфелер. Поради тврдењето дека изразот ,,Нов Светски поредок” се користи од тајна елитна група која сака да ги уништи сите суверени држави, американскиот продуцент, Гари Ален, во своите книги Рокфелер: Кампања за Новиот Светски поредок (1974год) и Кажи му Не на Новиот Светски поредок (1987год), ја тргна анти-глобалистичката тема подалеку од актуелната теорија за заговор на десното крило во САД. Оттука, за време на деведесеттите години од минатиот век, демонизацијата на жртвеното јагне на Американската екстремна десница хомогено се пренесе од криптополитиката која правеше заговори во полза на ,,Црвената Паника”, на глобалистите кои правеа заговори во полза на Новиот Светски поредок. Прилично безболниот пренос беше последица на засилената десна опозиција кон глобализацијата на капитализмот како и на основната парадигма на апокалиптичкиот хилиазам, со што се поттикна Студената војна и ловот на вештерки за време на работата на сенаторот Меккартни.

На 11 септември 1990год, претседателот Џорџ Х. В. Буш го одржа својот говор, Кон Новиот Светски поредок, за време на заедничката конвенција на Конгресот на САД, во кој ги опиша своите очекувања од меѓународното владеење по студената војна во соработка со постсоветските држави:

Од самото постоење на светот тој бил поделен-свет заграден со блодникава жица и бетонски ѕид, со конфликти и студена војна. Денес, можеме да видиме Нов Свет. Свет во кој има можност за Нов Светски поредок. Како што кажал Винстон Черчил, ,,светски поредок” во кој ,,принципите за правда и ферплеј...ги заштитуваат слабите од силните...” Свет во кој Обединетите Нации, ослободени од пречките на студената војна, се способни да ја остварат историската замисла на своите основачи. Свет во кој слободата и почитта кон човековите права ќе биде дел од секоја држава.

Чип Берлет, американскиот истражувачки новинар, експерт за движењата на десното крило во САД, напиша:

,,Кога Претседателот Буш кажа дека неговата надворешна политика ќе помогне во создавањето на Новиот Светски Поредок, неговите зборови се пренесоа како електричен шок до христијанската и секуларната екстремна десница, бидејќи тој израз се користеше за да се претстави страшаната влада на заедничкиот колективизам која владееше со децении. Некои христијани мислеа дека Буш укажува на крајот на предавствата на светските водачи. Секуларните антикомунисти видоа храбар обид за уништување на сувернитетот предводен од Обединетите Нации".

Американскиот телевангелист, Пат Робертсон, со својот бестселер Новиот Светски Поредок стана најпознатиот христијански промотор на теориите на заговор. Според него, американска историја стана театар во кој Вол Стрит, Федералниот систем за резерви на САД, Советот за надворешни односи, Билдербершката група и Трилатералната Комислија го контролираат текот на настани од зад сцената, постојано и скришно поттурнувајќи нè кон светската влада водена од Антихристот. Експертите велат дека теоритичарите на заговори од популистичкото десно крило, како што се Линда Томпсон, Марк Коернке и Роберт К. Спер, се галванизираа во борбеност, што доведе до создавање на милиција движењето. Со тоа се прошири антивладеачката идеологија, и тоа преку говорите за време на собири и состаноци, книгите и видео записите продадени на саеми за оружја, софтверите и сателитите, факс мрежите и компјутерските огласни табли. Меѓутоа, вирусната пропаганда на интернетот е онаа која најмногу допридонесе за нивните екстремни политички идеи за Новиот Светски поредок да стигнат до литературата на екстремната левица на некои црни националисти, како и до поранешната аполитичка литература на некои од истражувачите на убиството на Кенеди, уфологијата, теоритичарите за изгубените земји, и најново, експертите за окултизмот. Од почетокот на деведесеттите па натаму, светскиот приговор за овие супкултури го пренесе заговорот за Новиот Светски поредок во вид на ,,мозочен вирус” до голема и нова публика неинформирани барачи. Со почетокот на новиот век, конкретно за време на финансиската криза 2007-2009год, многубројни политичари и експерти, како што се Гордон Браун, Хенри Кисинџер и Барак Обама, го користеа изразот ,,Новиот Светски поредок” или само ,,светски поредок” за да се оствари реформата на Кеинсиан за глобалниот финансиски систем како и нивните барања за ,,нов Бретон Вудс”. Овие изјави ненамерно овозможија свежа храна за теоритичарите на заговор за Новиот Светски поредок, и кулминираа со расправа меѓу поранешниот советник во администрацијата на Клинтон, Дик Морис, и конзервативниот водител Шон Ханити, на едно од неговите шоуа на каналот Fox News, за тоа дека ,,теоритичарите на заговор беа во право”. Fox News постојано е критикуван од групите на заштитеното новинарство, не само за тоа што прифаќа говори за заговори од екстремната десница туку и за можното терање на самостојните терористи во акција. Во 2009год, американските филмски режисери Лук Мајер и Ендру Нил, го создадоа Новиот Светски Поредок, дукументарец признаен од критичарите, кој истражуваше за теоритичарите на заговор, како на пример американскиот радио водител Алекс Џонс, кои сакаат да го разоткријат и силно да им се спротивстават на Новиот Светски поредок.

Теории на Заговор

[уреди | уреди извор]

Има многубројни секуларни и религиозни теории преку кои се гледаат различните концепти на Новиот Светски поредок. Следнава листа ги содржи најзначајните, претставени во приближно хронолошки ред:

Крајот на светот

[уреди | уреди извор]

Повеќе од 2 000 години христијанските теологисти и мировници на апокалиптичкиот хилаизам се плашат од исполнувањето на пророштвото за ,,крајот на светот” опишано во Библијата, конкретно во Книгата на пророк Езекил, Книгата на Даинел, Синоптичкото Евангелие и книгата за Јовановото откровение. Тие тврдат дека човечките и демонските претставници на Ѓаволот се вмешани во некаква првобитна завера за да го натераат човекот да прифати сатанска светска теократија која се состои од Несветото Тројство – Сатана, Антихристот и Лажниот Пророк – во срцето на владетелскиот култ. Според многубројните современи христијански теории на заговор, Лажниот Пророк може да биде последниот папа на Католичката црква (среден и сместен од Алта Вендета или здруженијата за заговори за езуитите) или харизматичен гуру од движењето за Новото Време или пак водич на фундаменталната христијанска организација како на пример Братството. Антихристот пак, може да биде претседателот на Европската Унија или генералниот секретар на Обединетите Нации или пак виртуелен клон кој ќе биде пион на некаков суперкомпјутер. Некои од најгласните критичари на теориите за крај на светот доаѓаат од христијанството. Во 1993год, откако ја прочита Новиот Светски поредок (1991год) на американскиот телеванглист Пат Робертсон, американскиот историчар Брус Барон напиша жесток прекор за апокалиптичкиот христијански заговор во Христијанскиот Истражувачки весник. Друга критика може да се забележи во ннигата Продаден Страв: теории на заговор и паранои за крајот на светот (1997год) на американскиот историчар Џорџ С. Камп, која е опишана како ,,импресивна на историско и на теолошко ниво”. Камп предупредува дека постои опасност хриситјаните да добијат дополнителен духовен багаж со тоа што многу лесно ќе ги прифатат теориите на заговор. Прогресивните христијани, како што е американскиот проповедник Петар Ј. Гомес, велат дека Библијата мора да се прочита многу внимателно за да не се помеша текстот со предрасудите во доминантната култура кои сепак имаат основа. Тие ги предупредуваат конзервативните христијани дека ,,духот на стравот” може да ги искриви записите и историјата со тоа што опасно ќе ги искомбинира библиската литерарност, апокалиптичките временски рамки, демонизацијата и тешките предрасуди, како што се сексизам, хомофобија, класизам, ксенофобија, расизам и антисемитизам. Затоа тие ги повикуваат христијаните да се покаат за тоа што ги дозволуваат заговори. Пошироко, христијаните-претеристи велат дека сите или дел од библиските пророштва за крајот на светот се однесуваат буквално или метафорички на настани кои веќе се случија во првиот век н.е. Според нив, концептот за ,,крајот на светот” се однесува на крајот на сојузот меѓу Бог и Израел, а не на самиот крај на светот или крајот на времето. Тие тврдат дека пророштвата за Восхитот, уништувањето на Храмот и на Ерусалим, Антихристот, Бројот на Ѓаволот, Страданијата, Второто пришествие, Последниот Суд и воскреснувањето на мртвите беа веќе исполнети околу 70 година кога Римскиот генерал (и нареден император) Титус, го ограби Ерусалим и го уништи Вториот Храм во Ерусалим, со што стави крај на секојдевните ритуали со жртвување на животни. Според претеристите, многубројни делови од Новиот завет со сигурност укажуваат дека второто пришествие на Исус и крајот на светот предвиден во Библијата требаше да се случат за време на животниот век на апостолите а не милениуми подоцна: Мат. 10:23, Мат. 16:28, Мат.24:34, Мат. 26:64, Ром. 13:11-12, 1Кор. 7:29-31, 1Кор. 10:11, Фил. 4:5, Џејмс 5:8-9. 1Пет. 4:7, 1Јов. 2Ч18. И за крај, претеристите тврдат дека сите христијани треба да ја отфрлат апокалиптичката есхатологија и да ја прифатат остварената есхатологија.

Теоритичарите за заговори против Масоните, веруваат дека високоценетите Масони се вмешани во заговори за создавање окултен Нов Светски поредок. Некои тврдат дека основачите на Соединетите Американски држави, како што се Џорџ Вашингтон и Бенџамин Френклин, испреплетија масонски симболи и тајни геометриски фигури во Американското општество, особено во Грбот на САД, банкнотата од еден долар, архетиктурата на Националното шеталиште и улиците и автопатите во Вашингтон. Се шпекулира дека Масоните ги вметнаа овие симболи и фигури со цел мистично да ги поврзат нивниот план за владеење со луциферскиот план за Големото создавање на светот според кој се верува дека ги условиле САД со можно формирање на херметичкото „Божјо царство на Земјата“ и градењето на Третиот Храм во Нов Ерусалим како најсветото место. Масоните ги негираат ваквите тврдења за масонски заговор. Тие уверуваат дека не му даваат никакво значење на окултните симболи и дека се залагаат за природна теологија преку езотеријата. Тие не го гледаат создавањето на симболите како начин на обединување или контролирана моќ, без разлика колку е важно. Исто така, нема информација со која се докажува кои луѓе биле дел од Масоните кои го дизајнирале Грбот или уличниот план на Вашингтон. Латинскиот израз ,,novus ordo seclorum”, кој од 1782год се наоѓа на другата страна од Грбот и од 1935год на другата страна од банкнотата од еден долар, значи ,,Новиот поредок на ерата” со што се алудира на почетокот на ера во која САД е независна држава, но многупати е погрешно преведен од теоритичарите на заговор како ,,Нов Светски поредок” или ,,Нов Секуларен поредок”. И најпосле, Масоните тврдат дека и покрај симболичното значење на Храмот на Соломон за нивната митологија, тие не планираат повторно да го изградат, особено не сега кога ,,е очигледно дека секој обид за вмешување во сегашната состојба на нештата (на Храмова Гора) веројатно би довело до најголемата религиозна војна во светот досега”. Поширо��о, Масоните тврдат дека долгорочното владеење во постојаното Масонство значи забрането зборување за политика во Масонската ложа и учество на ложите или Масонските тела во некакви политики. Масонството не е поврзано со политика, но ги учи своите членови да имаат висок морален карактер и да бидат активни граѓани. Обвиненито дека Масоните имаат таен план за создавање Масонска влада не е основано. Иако постојат одредени Масонски обележја, сепак многубројните Големи Ложи се независни и суверени и често не се сложуваат за одредени прашања од областа на религијата и практитката. Исто така, како што може да се виде од испитување на познатите Масони, независните Масони имаат верувања кои го опфаќаат политичкиот спектар. Изразот ,,Масонска влада” нема значење бидејќи независните Масони имаат различни мислења за тоа што претставува добра влада, и Масонството како тело нема никакво мислење по оваа тема. За крај, Масоните велат дека доколку се докаже дека влијателни личности ја имаат користено и ја користат Масонската ложа за да се впуштат во криптополитиката, како што беше случајот со незаконската италијанска ложа Пропаганда Дуе (2), тоа повеќе би значело избор на Масони отколку доказ дека постои скриен план.

Илуминати

[уреди | уреди извор]

Редот на Илуминатите беше тајно просветителско друштво создадено на 1 мај 1776год, во Инголштат (Горна Баварија) од страна на Адам Веисхаупт, првиот лаички професор по канонско право на Универзитетот во Инголштат. Движењето се состоеше од слободни мислители, секулари, либерали, републиканци и профеминисти, регрутирани во Масонските Ложи во Германија,кои сакаа да го промовираат перфекционизмот преку мистичните училишта. Во 1785год, редот беше инфилтриран, скршен и угнетен од страна на Баварската влада поради сомнеж за завера против сите монархии и државни религии во Европа. Кон крајот на 18 век, реакционерските политички теоритичари на заговор, како на пример шкотскиот физичар Џон Робисон и францускиот езуитски свештеник Агустин Баруел, започнаа да шпекулираат дека Илуминатите го преживеаа угнетувањето и станаа главните виновници за Француската револуција и Владеењето на Теророт. Илуминатите беа обвинети дека се просветни апсолутисти кои сакаат тајно да создадат светска револуција за ги глобализираат најрадикалните идеали на Просветителството: антиклерикализам, антимонархизам и антипатриархизам. За време на 19 век, Европските владеачки класи имаа страв од заговорите на Илуминатите и во 1848год нивните жестоки реакции поради овој неоснован страв ги предизвикаа истите оние револуции кои тие самите сакаа да ги спречат. За време на меѓу-воениот период во 20 век, фашистичките пропагандисти, како на пример Британската ревизионистичка историчарка Неста Хелен Вебстер и Американската старлета Едит Стар Милер, не само што го популаризираа митот за заговорите на Илуминатите туку и тврдеа дека тие се подмолно тајно друштво кое работи во полза на еврејската елита која пак наводно ги поттикнала финансискиот капитализам и Советскиот комунизам за да го подели и владее со светот. Гералд Бартон Винрод и други теоритичари на заговор во рамките на движењето на фундаменталните христијани во САД, движење кое се појави во дестетите години од 20 век како реакција против принципите на Просветителството, модернизмот и либерализмот, стана главниот канал за ширење теории на заговор за Илуминатите во Америка. Популистите од десното крило постепено почнаа да шпекулираат дека некои колегијални братства, џентлменски клубови и експертски групи од високота класа на Америка дејствуваат како надворешни организации на Илуминатите кои тие ги обвинуваат дека коваат заговор за создавање Нов Светски поредок преку заедничка влада за цел свет.

Протоколите на старците од Сион

[уреди | уреди извор]

,,Протоколите на старците од Сион”, објавени за првпат во 1903год во Русија, се антисематичка сензација со која се тврдеше дека постои Јудео-Масонски заговор за постигнување светска доминација. Во текстот се тврдеше дека тоа е записник за тајните состаноци за заговорите на Еврејските предводници, со што го избраа Масонството и нивните заговори да го предводат светот во име на Евреите, бидејќи тие се сметаат за ,,избраните” од Бога. Протоколите ги вклучија главните теми за заговор истакнати кај нападите на Робисон и Баруел врз Масоните, обвиени со лажни антисемитични обвинувања за антицарските движења во Русија. Протоколите ги истакнуваат темите кои се слични со поопштите критики кон Просветителскиот либерализам од страна на конзерватистите кои ги поддржуваат монархиите и државните религии. Посакуваното толкување на Протоколите е дека доколку некој ги изваде слоевите од Масонскиот заговор, настрана од Илуминатите, ќе виде дека таму се наоѓа расипананото еврејско јадро.

Полемичарите, како што се ирскиот новинар Филип Грејвс во натпис од 1921год во Тајмс и Британскиот академик Норман Кох во својата книга Налог за геноцид од 1967год, докажаа дека Протоколите се лажни и плагијати. Општо прифатено е дека Руско-францускиот писател и политички активист, Матвеи Головински, го направи текстот за Окхрана, тајната полиција на Руската Империја, да изгледа како работа на контра-револуционерната пропаганда пред Руската револуција од 1905год, со тоа што презеде делови, скоро од збор до збор, од Разговор во пеколот меѓу Макијавели и Монтескје, сатира од 19век против Наполеон III од Франција напишана од еден француски политички сатиричар и легитимист, Морис Жоли. Протоколите, виновни за поттикнување на многубројните антисемитистички и антимасонски стравови од 20 век, се сметаат за влијателни во развојот на теориите за заговор поврзани со Новиот Светски поредок (како што е мислењето за Сионистичка Окупациона влада), и постојано се појавуваат во современата литература за заговорите. На пример, авторите на контраверзната книга Светиот Грал, Светата крв од 1982год, заклучија дека Протоколите беа најзначајниот доказ за работата на Приоратот на Сион. Тие мислеа дека ова тајно друштво работи во позадина за да оформи теократија ,,Соединети Европски држави” (политички и религиозно обединети преку империјалниот култ почнувајќи од Меровиншката кралска лоза до крвната линија на Исус, со што ќе се завладее со Европскиот и Светиот престол) кои ќе станат велесилата на 21век. Иако Приоратот на Сион е целосно утврден како лажен од страна на новинарите и научниците, Христијанските есхатологисти, загрижени поради појавувањето на Новиот Светски поредок, беа убедени дека Приоратот на Сион беше исполнување на пророштвата од книгата за Јовановото откровение и дополнителен доказ за големите антихристијански заговори. Скептиците тврдат дека моменталната ,,игра” на теоритичарите на современи заговори, кои ги користат Протоколите, е дека тие всушност не потекнуваат од Евреите, туку од групи како што се Илуминатите или вонземјани. Иако е тешко да се утврди дали луѓето кои веруваат во заговори веруваат и во ова или едноставно се трудат да го оправдаат сомнителниот текст. Скетиците тврдаат дека нема голема разлика бидејќи го оставаат вистинскиот и антисемитскиот текст непроменет. Така се овозможува Протоколите да бидат веродостојни и да можат да се шират иако не го заслужуваат тоа.

Тркалезната маса

[уреди | уреди извор]

Британскиот стопанственик Сесил Роудс ја поддржуваше Британската Империја повторно да се соедини со САД и на тој начин да се создаде ,,Империјална Федерација” која ќе стане велесила и ќе донесе мир во светот. Во својот прв тестамент кој го напиша на 23 години, изрази желба да формира тајно друштво (познато како Здружение на Избраните) кое би се борело за: Формирањето, унапредувањето и развојот на Тајното Здружение, со што вистинската цел би била за проширување на Британското владеење низ светот. Усовршување на емиграциониот систем на Велика Британија и колонизација со Британци во сите земји каде средствата за егзистенција може да се добијат преку енергија, работа и организација. Британската окупација на Африканскиот континент, Светата Земја, Долината на Еуфрат, островите Кипар и Кандиа, Јужна Америка, Тихоокеанските острови кои сѐ уште не се под власта на Британија, Малајскиот Архипелаг, крајбрежјата на Кина и Јапонија. Целосно враќање на САД како дел од Велика Британија, воведување систем за колонијални претставници во Империјалниот Парламент кој може да води кон соединување на разделените членови на Империјата, и за крај, создавањето на толку голема моќ што нема да има повеќе војни, и унапредување на интересите на човештвото.

Во неговите понатамошни тестаменти, позрелиот Роудс ја остави настрана оваа идеја и се сконцентрира на она што понатаму ќе се вика Стипендијата Роудс, каде државникот Алфред Милнер е потпишан како еден од неговите управници. Создаден во 1902год, првичната цел на овој фонд беше да го унапреди мирот меѓу големите моќи преку создавање еден вид братство со зеднички погледи кон светот за идните Британски, Американски и Германски водачи со тоа што ќе им биде овозможено бесплатно студирање на Универзитетот Оксфорд. Милнер и Британскиот службеник Лионел Џорџ Куртис беа создавачите на движењето на Тркалезната маса, мрежа на организации кои сакаа да придонесат за создавање поблиска соработка меѓу Британија и нејзините самостојни колонии. За таа цел, во јуни 1919год, Куртис го создаде Кралскиот Институт за меѓународни работи и во 1938год, преку својата книга Заедницата на Бога, започна да се залага за создавање империалистичка федерација која на крај ќе ги обедини САД, што всушност ќе им биде претставено на Протестантските цркви како да е задача на Христијанскиот Бог за да се изнуди нивната поддршка. Комонвелтот на Нациите создаден во 1949год, нема да биде моќната империјалистичка федерација како што ја замислуваа Роудс, Милнер и Куртис, туку слободен сојуз на независни држави. Советот за надворешни односи започна со работа во 1917год, со група њујорошки академци од кои претседателот Вудроу Вилсон побара да дадат свое мислење за надворешната политика на САД за време на меѓувоениот период. Првично беше замислен како група од британски и американски научници и дипломати, каде некои од нив припаѓаа на движењето на Тркалезната маса. Тоа беше група од 108 финансиери, производители и меѓународни адвокати од Њујорк, организирани во јуни 1918год од страна на добитникот на Нобелова награда за мир и американскиот државен секретар, Елиху Рут, за подоцна, на 29 јули 1921год, да прерасне во Советот за надворешни односи. Првиот проект на Советот, направен во септември 1922год, беше весникот Надворешни работи, кој излегуваше еднаш на три месеци.

Теоритичарите на заговори веруваат дека Советот за надворешни односи е надворешна организација на Тркалезната маса, 

која се користи за “Англо-американскиот Естаблишмент”, за кој тие веруваат дека кова заговори уште од деведесеттите години на 20 век со цел да владее со светот. Старата Десница (Клеон Скоусен) и Новата Десница (Карл Оглесби) ги користат наодите на историчарот Карол Квигли, автор на книгата Трагедија и Надеж од 1966год, за да го поткрепат ова гледиште, иако Квингли тврдеше дека Естаблишментот не е вмешан во заверата за создавање една светска влада, туку дека е вмешан Британскиот и Американскиот добар империализам предводен од заедничките интереси на економската елита во Велика Британија

и САД. Тој исто така тврдеше дека иако Тркалезната маса постои и ден денес, нејзиното влијание врз политиката на светските водачи започна да се намалува за време на Првата светска војна и продолжи до Втората светска војна и Суецката криза. Денес тоа е цврста и активна група, создадена за да влијае врз политиката на Коменвелтот на Нациите, иако се соочува со силна опозиција. Според Квигли, во 1965год во Америка, проблемот беше тоа што ниедна елитна група не беше надлежна и не се однесуваше одговорно.   

Во 1949год, американскот банкар Дејвид Рокфелер стана најмлад директор во Советот за надворешни односи, а од 1970год до 1985год беше претседател на одборот; денес тој е почесен претседател. Во 2002год, Рокфелер ја издаде својата автобиографија Мемоари,во која на 405 стр вели:

Скоро цел век, идеолошките екстремисти од двете страни на политичкиот спектар ги користеа објавените настани...за да тврдат дека фамилијата Рокфелер има претерана моќ врз американските политички и економски институции. Некои дури и веруваат дека сме дел од некаква тајна завера против интересите на САД, со што не сметаат за ,,интернационалисти” и мислат дека коваме заговори со луѓе од светот за да создадеме пообединета глобално политичка и економска структура – со други зборови, еден свет. Ако така гласи обвинението, признавам дека сум виновен и се гордеам со тоа.

Баркун тврди дека ова изјава е делумно шеговита (тврдењето за ,,заговор” и ,,предавство”) и делумно сериозна – желбата да се поттикнат трилатералните кооперации во САД, Европа и Јапонија, на пример – идеал кој беше заштитен знак за меѓународното крило на Републиканската партија кога тоа крило постоеше. Меѓутоа, оваа изјава е земена безрезервно и многубројни теоретичари на заговор ја користат како доказ дека Советот за надворешни односи (обвинет дека се наоѓа на чело на ,,меѓународен банкарски заговор” како и дека е спонзор на многубројни ,,глобалистички” експертски групи, како на пример на Трилатералната Комисија) ја користи својата улога како советник на Американските претседатели, сенатори и претставници за да може да ги натера да го поддржат Новиот Светски поредок. Теоритичарите на заговор се плашат дека меѓународните банкари на финансискиот капитализам планираат да ја уништат независноста на САД со тоа што ќе направат националната соувереност да зависи од зајакната Банка за Меѓународни договори со цел да ,,создадат светски систем од финансиска контрола во приватни раце кои ќе бидат способни да влијаат во политичкиот систем на секоја земја и во светската економија”. На 13 ноември 2007г, канадскиот новинар Бенџамин Фулфорд имаше интервју со Рокфелер во кое изјави:

Мислам дека нема потреба од светска влада. Едноставно треба владите во светот да работат заедно и да соработуваат. Но не верувам дека ќе постои можност или пак дека е пожелно да постои една влада избрана од луѓето во светот...Постојат луѓе кои ме обвинуваа дека сум господар на светот уште кога се појавив во јавноста. Морам да признам дека поголемиот дел од нив ги класифицирам како лудаци. Нема смисла, едноставно не е вистина а и нема да биде, и за мене е смешно доколку некој мисли дека тоа е сериозен проблем.

Некои американски социјалистички критичари, како на пример Лоренс Х. Шуп, тврдат дека Советот за надворешни односи е ,,империјалистички советник”, кој веќе со години има клучна улога во изборите кои ги прави надворешната политика на САД во врска со меѓународниот поредок по Втората светска војна и Студената војна. Според нив, тој донесува одлуки за тоа кои избори треба да бидат дел од планот а кои не; додека пак други, како на пример Џ. Вилијам Домхоф, тврдат дека всушност станува збор за форум на едноставна политичка дискусија, која го обезбедува деловниот влог во плановите на надворешната политика на САД. Според последното, има околу 3 000 членови, што е премногу за еден таен план да биде сочуван во рамките на групата; Советот едноставно ги спонзорира групите за дискусии, дебати и говорители; исто така не е ни таен бидејќи издава годишен извештај со кој дозволува пристап до сите архиви. Меѓутоа, сите критичари се сложуваат дека според историските истражувања, Советот има многу поразлична улога во целосната структура на владеење од она што го тврдат теоритичарите на заговори.

Јавен заговор

[уреди | уреди извор]

Во својата книга Јавен заговор од 1928год, британскиот писател и фабиански социалист Х. Г. Велс, ги повика интелектуалците од сите национални држави да го организираат формирањето на светска федерација на засилни и демократизирани светски институции, која ќе има полноправна уставна м��ќ, одговорна за сите граѓани, и оддел со меѓународна надлежност врз раличните светски агенции, за да може да се изгради светска социјалдемократија. Меѓутоа, во својата книга Новиот Светски поредок од 1940год, Велс предупреди дека:

...дури и кога изгледа дека борбата е на пат кон социјалдемократијата, сепак постои можност сѐ уште да има одложувања и разочарувања додека не стане ефикасен и добродетелски светски систем. Многу луѓе...ќе го мразат Новиот Светски поредок...и ќе протестираат сè додека се живи. Кога ќе се потрудиме да го разгледаме неговото ветување, мора да ја имаме предвид болката и незадоволството на една генерација која вклучуваше љубезни и учтиви луѓе.

Книгата на Велс овозможи ново гледиште на изразот ,,Новиот Светски поредок”, кој, во наредните години, ќе го користат поддржувачите на социјалдемократите и антикомунистичките противници. Но распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991год доведе до победа на капиталистите низ светот, отстранување на единствена пречка во ширењето на неолибералната форма на глобализација и губење на вербата на оние кои веруваа дека пролетералната револуција ќе го врати Советскиот Сојуз (кој пак стана ,,деформирана” држава на работници) кон социјализмот и ќе го направи камен-темелник на Новиот Светски поредок како што го замислуваше Велс. Меѓутоа, теоритичарите на заговори почнаа да ги гледаат Обединетите Нации наместо Советскиот Сојуз како бирократско-колективистичка закана.

Британскиот неотеозофски окултист, Алис Бејли, една од основачите на т.н. движење на Новата Ера, во 1940год ја предвиде победата на Сојузниците врз Силите на Оската за време на Втората светска војна (што всушност се случи во 1945год) и создавањето на нов политички и религиозен светски поредок од страна на Сојузниците. Исто така, таа предвиде федерална светска влада како кулминација на Јавниот заговор на Велс, но тврдеше дека ќе стане синархистичка бидејќи ќе биде предводена од Големите Господари, сконцентрирани на подготовка на човештвото за второто пришествие на Исус и Добата на Рибите. Според Бејли, група Големи Господари, наречени Големото Бело Братство, работат на ,,тајните стадиуми” за да ја набљудуваат транзицијата на Новиот Светски поредок, но засега, членовите на оваа Света Хиерархија се познати само на неколку научници на окултизмот, со кои комуницираат телепатски, но бидејќи се зголемува потребата од нивното лично вмешување во плановите, ќе мора да има ,,Екстернализација во Хиерархијата” па така целиот свет ќе дознае за нивното постоење. Во 1997год, Хасидскиот рабин Јонасан Гершом, во статијата Антисемитски Стереотипи во книгите на Алис Бејли, истакна дека планот на Бејли за Новиот Светски поредок, обвиен со чудна фикција, има потреба од ,,постепеното уништување – повторно ако е потребно- на Ортодоксната Еврејска вера”, со што, според него, се покажува дека ,,нејзината единствена цел е уништување на Јудаизмот”. Овој факт е важен бидејќи многубројни теории на заговор ги прикажуваат Евреите како оние кои стојат позади Новиот Светски поредок, а не како група луѓе кои заговарачите ги угнетуваат со цел да го создадат тој Нов Светски поредок. Книгите на Бејли, заедно со книгата Заговорот на Аквариумот од 1980год на американската писателка Мерлин Фергусон, придонесоа теоритичарите на заговори од Христијанската десница да го гледаат движењето на Новата Ера како една ,,лажна религија” која ќе го замени Христијанството во Новиот Светски поредок. Некои теоретичари на заговори го прифатија датумот 21 декември 2012год како почеток на Новиот Светски поредок поради зголеменито страв за 2012год, кој потекнува од теориите на Маите напишани од писателите на Новата Ера, Хосе Аргуелес, Теренс МекКена и Даниел Пинчбек. Скептиците тврдат дека изразот ,,движењето на Новата Ера” се употребува несоодветно, и најчесто се користи од теоретичари на заговори како име на нови религии, духовно или филозофско верување, симбол и пракса која не е Фундаментално Христијанство. Според нив, сè што не е христијанско по правило е намерно антихристијанство. Заклучокот би бил дека овие независни и понекогаш контрадикторни групи на истомисленици се дел од еднолична целина. Логично и емпириски ова е погрешно и површно.

Четврти Рајх

[уреди | уреди извор]

Теоретичарите на заговори често го користат изрзот ,,Четврти Рајх” како пејоративен синоним на ,,Новиот Светски поредок”, за да исткнат дека неговата државна идеологија и владеење би биле слични со германскиот Трет Рајх. Меѓутоа, некои теоретичари на заговор ги презедоа истражувачките наоди на американскиот новинар Едвин Блек, автор на книгата Фашистичка идеологија од 2009год, за да можат да тврдат дека некои американски корпорации и филантропски фондации – чие соучество беше значајно за војната на Третиот Рајх, Нацистичката евгеника и Холокаустот – коваат заговори за создавање Четврти Рајх. Понатаму, теоретичарите на заговори, како што е американскиот писател Џим Марс, тврдат дека некои бивши нацисти, кои го преживеаа падот на Големата Германско Царство, заедно со некои симпатизери во САД и на други места, кои добиле засолниште од организации како што се ОДЕССА и Die Spinne (Пајакот), работат во позадина од крајот на Втората светска војна па до ден денес за да воведат барем некои од принципите на Нацизмот (пример: милитаризам, империјализам, шпионажа на граѓаните, користење на корпорации и пропаганда за да се контролираат националните интереси и идеи) во културата, владеењето и бизнисот ширум светот, особено во САД.

Тие се повикуваат на влијанието на бившите нацистички научници, регрутирани преку операцијата Спајалица, за да се помогне во унапредувањето на космичката индустрија во САД преку технологијата на нацистичките НЛО, како и добивката и создавањето на конгломератите од страна на бившите нацисти и нивните симпатизери по војната во Европа и САД. Овој неонацистички заговор се вели дека оживеа преку ,,Железниот Сон” во кој Американската Империја, која ја отфрли својата Сионистичка Окупациона Влада, постепено почна да го воведува Четвртиот Рајх, попознат како ,,Западна Империја”. Тоа е пан-ариевска светска Империја создадена по примерот на Хитлеровиот Нов поредок и принципите на окултините нацисти, како надеж за опстанок на Западната цивилизација поради заканата на Јудео-масонскиот заговор. Затоа, теоретичарите на заговори ја гледаат историјата како ,,војна меѓу тајните општества” кои сакаат да се здобијат со котрола врз Новиот Светски поредок. Скептиците тврдат дека теоретичарите на заговори го преценија влијанието на бившите нацисти и нео-нацисти врз Американското општество, и истакнаа дека Американскиот империјализам, корпоратократијата и политичката репресија се појавија многу порано од Втората светска војна. Некои политички научници, како на пример Шелдон Волин, изразија загриженост дека силите-близначки на демократскиот дефицит и статусот на велесила го отворија патот до САД на обратниот тоталитаризам кој е во спротивност со нацистичките принципи.

Инвазија на вонземјани

[уреди | уреди извор]

Од крајот на седумдесеттите години на 20 век па наваму, вонземјаните од други населени планети или паралелни димензии (како на пример ,,Сивите”) и интратерестријалците од Светата земја (како на пример ,,Влекачите”) имаат важни улоги во заговорите за Новиот Светски поредок, како и во теориите изведени од американските писатели Стан Дејо и Милтон Вилијам Купер, и британскиот писател Дејвид Ајк. Според теориите, вонземјаните се меѓу нас веќе со години, векови и милениуми, но владата не дозволува населението да дознае за постоењето на античките вонземјани и можната инвазија. Мотивирани од специесизмот, овие вонземјани тајно манипулирале со настаните и промените во човековото општество за да ги конролираат и искористат луѓето. Според некои теории, некои вонземјани презеле човечка форма за да можат слободно да се движат во општеството, дури и станале високи функционери во владеачките, корпорациските и религиозните институции, а денес се наоѓаат во последните стадиуми од нивниот план за преземање на светот. Според други теоретичари, една митска и тајна владеечка агенција во САД, со тајно име Маџестик 12, често се смета за тајна влада која соработува со вонземјаните, а тие за возврат им помагаат во градењето и тестирањето на воени “летачки чинии” во Областа 51, за воените сили на САД да можат да постигнат целосна доминација во военото поле. Скептиците, кои се придружуваат кон психолошката хипотеза за НЛО, тврдат дека верувањето во Новиот Светски поредок и теориитите за НЛО не се само резултат на недовербата во владата и популарноста на екстратерестриалната хипотеза за НЛО туку и на можноста екстремната десница и уфологијата да ги соединат силите. Според Баркун, единствената добра работа од сево ова е тоа дека, доколку оние кои коваат заговори за да владеат со светот се всушност вонземјани, тогаш човековите жртви (Масони, Илуминати, Евреи итн) се понижени или ослободени.

Храбар Нов Свет

[уреди | уреди извор]

Анти-науката и нео-Лудистичките теории на заговор го нагласуваат технолошкото предвидување во нивните теории за Нов Светски предок. Тие мислат дека моќната елита се всушност модерните Луциферијанци кои се во потрага по трансхуманистички план за развој и користење на технологиите за човеково подобрување со цел да станат ,,владеачката пост-човечка класа”, за време на промената која се движи кон технолошка специфичност-теоретизирана точка во времето на дисконтинуитет тогаш кога настаните ќе се забрзаат така што нормалните луѓе нема да можат да ги предвидат или разберат брзите промени кои ќе се случуваат во светот. Теоретичарите на заговори се плашат дека така ќе настане Храбар Нов Свет- вид дистопија- ,,Храбар Нов Светски поредок” – или исчезнување на човечкиот вид. Трансхуманистите, како што е американскиот социолог Џејмс Хјуз, и сингуларистите, како што е американскиот пронаоѓач Рејмонд Курзвеил, мислат дека многубројни членови на американскиот Естаблишмент се биоконзервативни како што е покажано со меѓународниот договор за биоетика, предложен од Советот на претседателот Буш, со кој се забранува човечко клонирање и генетичко инженерство. Но сепак, трансхуманистите и сингуларистите тврдат дека само го поддржуваат развојот на технологиите како и нивната пристапност до луѓето, за да се намали стареењето и да се зголеми човековиот интелектуален, физички и психички капацитет за доброто на сите; како и да преземе чекори за обезбедување сингуларност на начин кој ќе биде погоден за сите – во моментот кога технолошкиот процес ќе почне да се води од суперинтелегенцијата.

Постуларни примени

[уреди | уреди извор]

Како што постојат некои слични или конфликти теории за видот и потеклото на Новиот Светски поредок, така постојат и некои верувања за тоа како неговите создавачи и планери ќе го применат тој поредок:

Градуализам

[уреди | уреди извор]

Теоретичарите на заговор веруваат дека новиот Светски поредок се применува постепено, посочувајќи ги создавањата на Федералниот систем на резерви на САД во 1913год; Меѓународниот монетарен фонд во 1944год, Обединетите Нации во 1945год, Светската Банка во 1945год; Светската Здравствена организација во 1948год; Европската Унија и еврото во 1993год; Светската Трговска организација во 1998год; и Африканската Унија во 2002год како негови значајни обележја. Во последните години се појави нова теорија меѓу американските палеоконзерватисти, а тоа е дека хипотетичката Северно-амаериканска Унија и амеро валутата, предложена од Советот за надворешни односи во САД, Мексико и Канада, ќе бидат наредните спроведувања од страна на Новиот Светски поредок. Според теоријата, група тајни и безимени меѓународни елтни групи планираат да ја заменат федералната со транснационална влада во САД. Поради ова, теоретичарите веруваат дека границите меѓу Мексико, Канада и САД тајно ќе се избришат од страна на глобалисти чија крајна цел е да ги заменат националните влади во Вашингтон, Отава и Мексико Сити со европскиот тип на политика и со надуената европска буежоазија.

Скептиците тврдат дека Северно-амаериканска Унија постои само како предлог во некои од илјадниците академски 

и/или политички трудови кои се објавуваат секоја година и со кои ги бранат сите идеалистички но сепак нереалистички пристапи кон социјалните, економските и политичките проблеми. Многу од овие трудови циркулираат во нивните кругови, но сепак на крај се оставаат настрана, а помладите членови на конгресните канцеларии ги забораваат. Меѓутоа, некои од овие трудови стануваат критериуми за некои заговори и основи за ксенофобии, особено за време на економските кризи. Во март 2009год, како резултат на финансиската криза од 2007год до 2009год, Народна Република Кина и Руската Федерација побараа итно разгледување на супер-суверените резервни валути, а ОН предложи проширување на Специјалните права за влечење на ММФ. Теоретичарите на заговри помислија дека предлогот значи заштита на нивните права на глобална валута за Новиот Светски поредок. Мислејќи дека двете национални влади и меѓународни институции не се покажаа добро при решавањето на светските проблеми, кои не се решаваат преку поединечните влади, некои политички научници, како што е Марк Ц. Партриг, тврдат дека регионализмот ќе биде големата сила во наредните години, која ќе постави прегради на моќ во некои регионални центри: Западна Европа околу Брисел, Западната сфера околу Вашингтон, Јужна Азија околу Пекинг, и Источна Европа околу Москва. Како такви, ЕУ, Шангајската Организација за соработка и Г-20 со текот на времето ќе станат повлијателни. Во тој случај, прашањето е како овие регионални власти ќе соработуваат меѓусебе, а не дали меѓународното владеење постепено ќе излегува на површина.

Државен удар

[уреди | уреди извор]

Теоретичарите на заговори од десното крило на Америка, особено оние кои се приклучија на милиција движењето во САД, велат дека Новиот Светски поредок ќе биде применет со силниот државен удар од страна на ,,тајниот тим” (ќе користи црни хеликоптери) во САД и други национални држави за да ја донесе тотилитарната светска влада која Обединетите Нации ќе ја контролираат, а силите на странските мировници од ОН ќе ја спроведат. По Рекс 84 и плановите на Операцијата ,,Garden Plot”, овој воен удар ќе го вклучи укинување на Уставот, наметнувањето на воената диктатура, назначувањето на воени војсководци на чело на државата и локалните влади и спречување на дисиденти. Овие теоретичари на заговор кои силно веруваат во правото на поседување и носење оружје, се плашат дека доколку има некаква законодавна контрола на оружјето, тогаш би имало и укинување на лично поседување на оружјето и кампања за конфискација, а камповите за бегалци на Федерална агенција за управување при кризни ситуации-ФЕМА, ќе се користат за интегрирање на сомничави субверзии, со што тешко ќе се разликуваат реалните закани за Новиот Светски поредок од идеолошките дисиденти. Пред 2000год, некои сурвивалисти веруваа погрешно дека овој процес ќе стапи насила со предвидениот Y2K проблем кој предизвика општествен колапс. Бидејќи многубројни теоретичари на заговор од десното и левото крило, веруваат дека нападите од 11 септември беа тајна операција на интелегентните служби на САД, како дел од нивната стратегија да ги оправдаат политичката репресија во државата и војната надвор, тие се убедени дека ќе следи покатастрофален инцидент кој ќе биде одговорен за активирање на Извршната Директива 51 со цел да се докомплетира преминот во полициска држава. Скептиците тврдат дека неоснованите стравови за неизбежната или можната забрана на оружја, воена победа, инвазија или окупација на ОН се цврсто вковани во една екстремистичка форма на конституционализам и апокалиптичен хилијазам кој тврди, во рамките на американското политичко крило, дека идеализираното општество (т.е ,,Христијанска нација”, конституционална република на ,,суверени граѓани”) е попречено од подмолните заговори на либералните секуларни хуманисти кои сакаат ,,Голема Влада” и глобалистите кои коваат заговор во името на Новиот Светски поредок.

Надледување

[уреди | уреди извор]

Теоретичарите кои се загрижени за злоупотребата на надгледувањето веруваат дека Новиот Светски поредок се спроведува преку индустрискиот комплекс за надзор со надгледување и користење на броеви за здравствена легитимација, бар кодот на производите од малопродажба и радио честотна идентификација преку микрочипови. Скептиците предупредуваат дека некои адвокати за заштита на потрошувачите, како на пример Кетрин Алберхт и Лиз МекИнтир тврдат дека корпорациите и владите планираат да го следат секое движење на потрошувачите и граѓаните преку радио честотната идентификација како најнов чекор на земјата која ќе биде под постојан надзор. Тие станаа христијански теоретичари на заговор кои веруваат дека шпионските чипови мора да се отфрлат бидејќи модерната база на податоци и технологиите за комуникација, споени со опремата за регистрирање податоци, софистицираната лична карта и системите за проверка, сега овозможуваат да се обезбеди биометрисики број или знак со кои може да се купува. Тие се плашат дека овој систем наликува на пророштвата за бројот на Ѓаволот во книгата за Јовановото откровение.

Во јануари 2002год, Агенцијата за напредни истражувања на одбранбени проекти (DARPA) ја оформи Агенцијата за информатика за да соедини неколку ДАРПА проекти кои ќе се фокусираат на примена на информатичка технологија која е спротивна со асиметричните закани врз националната безбедност. Во 2003год, придружен со јавна критика дека развојот и употребата на овие технологии може да доведе до систем за набљудување, Агенцијата за информатика беше прогласена за непостоечка од страна на Конгресот на САД. Втората контраверзноста беше логото на Агенцијата кое го прикажува Окото на Господ на врвот на пирамида кој е свртена наопаку врз глобусот, и на која има латинска поговорка scientia est potentia (знаењето е моќ). Иако на крајот ДАРПА го тргна логото од своето мрежно место, сепак остави силен впечаток кај адвокатите за приватност. Исто така, ги разгори теориите за заговор, кои ги протолкуваа ,,окото и пирамидата” како Масонскиот знак на Илуминатите, друштво од 18 век кое, според нив, постои и ден денес и кова заговори за создавање Нов Светски поредок. Професорот Ричард Ландес, од Универзитетот во Бостон, кој специјализираше по историја на апокалиптизмот и беше соосновач и директор на Центарот за милениумските проучувања на Универзитетот, тврди дека многу често новите технологии го провоцираат алармизмот меѓу проучувачите на милениумот, и дури претставувањето на машинината за печатење на Гутенберг во 1435год, предизвика бура кај апокалиптичкото мислење. Y2K проблемот, бар кодовите и броевите за здравствена легитимација предизивкаа низа предупредувања за крајот на светот, кој се докажа дека е лажен или едноставно не се зеде сериозно откако јавноста се навикна на овие нови технологии. Граѓанските слободи тврдат дека приватизацијата на надзорот и развивањето на индустрискиот комплекс за надгледување во САД предизвика оправдана загриженост поради можна загуба на приватноста. Меѓутоа, скептиците на заговорите поврзани со надгледувањето предупредуваат дека ваквите грижи треба да бидат одвоени од секуларните паранои за Голем Брат или религиозните паники за Антихристот.

Окултизам

[уреди | уреди извор]
Теоретичарите на христијанската десница веруваат дека постои антички окултен заговор, кој се создаде од првите мистагоги на гностицизмот а продолжи да се пренесува преку нивните наводни езотерични наследници, како на пример, Кабалистите, Катарите, Темпларските витези, Масоните и за крај Илуминатите кои сакаат да ги соборат Јудео-христијанските формирања во Западниот свет и да го спроведат Новиот Светски поредок преку заедничката религија на Новата Ера која пак ќе ги подготви луѓето да го прифатат империјалистичкиот култ на Антихристот. Пошироко, тие мислат дека оние кои коваат заговор во име на Новиот Светски поредок се предводени од некакви окултни агенции: непознати претпоставени, светотвни хиерархии, демони, паднати ангели или Луцифер. Тие веруваат дека, исто како нацистичките окултисти, овие заговорници ја користат моќта на окултните науки (нумерологијата), симболи (окото на Господ), ритуали (Масонски степени), споменици (Националнoто шеталиште), изградби (законодавното собрание во Манитоба) и објекти (меѓународниот аеродром во Денвер) за да ја зголемат можноста за владеење во светот. 

На пример, во јуни 1979год, непознат добродетел под псевдонимот Р. Ц. Христијан, изграде огромен камен-споменик во Џорџија во САД, кој има улога на компас, календар и часовник. На оваа окултна градба напишана е порака на повеќе јазици која опфаќа десет знаци за да служи како инструкција на преживеаните на судниот ден за да создадат попросветна и поодржлива цивилизација од онаа која беше претходно уништена. ,,Водичот во Џорџија” постепено стана духовен и политички тест на Роршах врз кој може да се наметнат неограничен број на идеи. Некои луѓе кои веруваат во Новата Ера или неопаганството гледаат на тоа како подредена моќна врска додека пак неколку теоретичари на заговор се убедени дека тие идеи се поврзани со анти-христијанските ,,Десет Божји заповеди” на Новиот Светски поредок. Скептиците тврдат дека демонизацијата на Западниот окултизам од страна на теоретичарите на заговори е вкоренета во религиозната нетолеранција како и во истата морална паника која ги поттикна судењата на вештерките во Раната Модерна Европа, и обвинувањата за злоупотреба на сатанските ритуали во САД.

Контрола на зголемувањето на населението

[уреди | уреди извор]

Теоретичарите на заговори веруваат дека Новиот Светски поредок ќе може да се применува преку контролата на зголемувањето на населението со цел полесно да се набљудуваат и контролираат луѓето. Средствата кои ��е се користат варираат од спречување на растот на човековите општества преку програмите за сексуално здравство и планирањето на семејство, кои промовираат апстиненција, контрацепција и абортус, или намерно намалување на светската популација со геноцид преку непотребни војни, чуми од новите лабораториски вируси или неквалитетни вакцини, и климатски катастрофи со контрола на времето (ХААРП) итн. Codex Alimentarius, збир на меѓународни признаени стандарди, практични кодови, водичи и други типови на препораки поврзани со храната, производство на храна и нејзина безбедност, стана цел на теоретичарите на заговори поради гладот во светот.

Скептиците тврдат дека стравовите од контролата на населението датираат од трауматичното сеќавање на движењето ,,војна против слабите” на еугените кое се случи во САД во почетокот на 20 век, како и од Втората Црвена Паника во САД која се случи меѓу четириесеттите и педесеттите години, а и дел од шеесеттите од 20 век, кога активистите од екстремната десница на американската политика се спротивставија на програмите за јавно здравство, конкретно на флуоридацијата на водата, масовното вакцинирање и службите за ментално здравство, со тоа што тврдеа дека сите тие се дел од заговор за наметнување социјален или комунистички режим. Нивните размислувања беа под влијание на спротивставувањата на многубројните социјални и политички промени кои се случија во последните години: зголемувањето на интернационализмот, особено во Обединетите Нации и нејзините програми; воведување на социјални одредби за добросостојбата, особено во различните програми основани со Њу Дил; и владините заложби за намалување на нееднаквостите во социјалната структура на САД.

Наводни заговори

[уреди | уреди извор]

Според Домхоф, многу луѓе веруваат дека САД ја води елита кој има тајни желби, т.е. мала тајна група која сака да го смени владиниот систем или сака да овозможи земјата да ја води една светска влада. Порано се велеше дека заговорниците се криптокомунистички симпатизери кои сакаат САД и Советскиот Сојуз да бидат под една заедничка светска влада, но распаѓањето на СССР во 1991год го спречи остварувањето на таа теорија. Домхоф вели дека теоретичарите на заговор го насочија своето внимание кон Обединетите Нации како силата која ќе го контролира Новиот Светски поредок, но таа идеја е нарушена поради немоќта на ОН и неподготвеноста на скромните луѓе во Американскиот Естаблишмент. Во контраверзната книга од 2008год, Суперкласа, политичкиот научник, Дејвид Ротколф, тврди дека светот од 6 милијарди луѓе е предводен од елитна група која брои 6 000 поединци. До крајот на 20 век, владите на големите сили беа дел од оваа суперкласа, придружени со неколку водичи на меѓународните движења (пр. Папата на Римокатоличката црква) и претприемачи (Ротчајлд и Рокфелер). Според Ротколф, од почетокот на 21 век, доминира економската сила – зголемена со огормното проширување на меѓународната трговија, патување и комуникација; моќта на националните држави се намали до тој степен што ги спушти политичарите на едно незавидно ниво; раководителите на меѓународните бизниси, финансии и индустрии за одбрана не само што доминираат во суперкласата, туку и слободно се движат од повисоките позиции во општеството па повторно кон нивниот секојдневен живот без да забележи избраното законодавство (вклучувјќи го и Конгресот на САД). Тој не уверува дека непропорционалното влијание на суперкласата врз државната политика е конструктивно но сепак заинтересирано само за себе. Теоретичарите на заговори одат подалеку од Ротколф и други научници кои ја проучуваат светската моќна елита, со тоа што тврдат дека ,,крвните линии” на суперкласата чии членови припаѓаат на Билдербершката група, Бохемискиот регион, Клубот на Рим, Советот за надворешни односи, Череп и коски, Трилатерална Комисија, и слични експертски групи и приватни клубови, се синархисти кои коваат заговор за создавање тоталитарен Нов Светски поредок – воведување светска влада на бирократски колективизам преку зајакнувањето на Обединетите Нации и Светската Централна банка за да се насочи човештвото кон постојано ропство. Домхоф мисли дека:

Опозицијата се конзерватистите и Републиканската партија, а не Советот за надворешни односи, Билдерберците и Бохемичарите. Горе-долу станува збор за истите луѓе, но во нивните најважни улоги, т.е капиталисти и политички водачи кои се легални... Ако се размислува на овој начин, тогаш улогата на СНО како место каде се слушаат нови идеи и се постигнува консензус, е поразбирлива, како што е и функцијата на општествениот клуб, како место кое создава социјална тензија. Покрај ова, тие разбирања за СНО и клубовите одговараат со замислите на членовите од елитата.

Прогресивците, кои се скептични кога станува збор за теориите на заговори, ја обвинуваат светската моќна елита дека не го мисли најдоброто, и поради тоа, многубројни меѓународни организации имаат демократски дефицит. Тие тврдат дека суперкласата се плутократи, заинтересирани само за дрското наметнување на неолиберлниот или неоконзервативниот Нов Светски поредок – воведување светски капитализам преку економската и воената принуда за да се заштитат интересите на транснационалните корпорации - со што се намалува можноста за заедничка социјалистичка влада во светот. Од друга страна, марксистите и анархистите, кои веруваат дека светот се наоѓа во транзиција од Американсата Империја до владеењето на светската класа која произлезе од Американската Империја, истакнуваат дека теоретичарите на заговори од десното крило, заслепени од нивниот антикомунизам, не гледаат дека она што го класифицираат како ,,Нов Светски поредок” всушност е ,,Империја” – највисокиот степен на капиталистичкиот економски систем за кој тие се залагаат.