Крушевско-демирхисарска епархија
Изглед
| |
Градската црква „Св. Никола“ во Крушево | |
Основач | МПЦ |
Независност | |
Признавање | православие |
Поглавар | Јован |
Седиште | Крушево |
Територија | Демир Хисар, Крушево |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал | https://krushdem.org/ |
Крушевско-демирхисарска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Крушево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Јован Крушевско-демирхисарски,[1] поранешен архиепископ на ПОА. Епархијата ги опфаќа границите на општините Крушево и Демир Хисар. Седиштето на епархијата е во крушевската црква „Св. Никола“.
До 2023 епархијата била една од четирите архијерејски намесништва на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
- Парохии
- Прва крушевска парохија;
- Втора крушевска парохија;
- Демирхисарска парохија;
- Сопотничка парохија;
- Слепчанска парохија;
- Бучинска парохија;
„Крушевско-демирхисарска епархија“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20. јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|