Градиште (Глишиќ)
Изглед
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°26′58″N 22°01′24″E / 41.44944° СГШ; 22.02333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Глишиќ |
Општина | Кавадарци |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време во атарот на селото Глишиќ, Македонија. Источно од селото, на висок рид со доминантна местоположба се гледаат остатоци од бедем кои укажуваат на постоење на голема утврдена населба. Во внатрешноста на населбата, во нвиите на К. Настев, Б. Митревски, Г. Методиј, С. Јанев и други се наоѓаат фрагменти од керамички садови и други археолошки наоди. Исто така, речиси по целата површина има големи грамади од градежен материјал и фрагменти од архитектонска и скулптурална пластика. Наодите се чуваат во Музејот и галерија Кавадарци.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време;
- Танко Патче — вила рустика од римското време;
- Глишиќ; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.