Вера Јоциќ
Вера Јоциќ | ||
Родена | 21 август 1923 Сингелиќ, Скопско | |
---|---|---|
Починала | 22 мај 1944 Саса, Македонска Каменица | (возр. 20)
Оливера Верa Јоциќ (Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 - Саса, Македонска Каменица, 22 мај 1944) — партизанка, македонски и југословенски првоборец. Била прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Вера Јоциќ е родена на 21 август 1923 година, од семејство кое по Балканските војни ја напуштила Србија и се преселиле во Синѓелиќ, Скопско.[3] Како гимназијалка станала членка на СКОЈ, во 1941 година.
Учество во НОБ
[уреди | уреди извор]По Апpилската војна со своите сестри заминала за Ваљево (Србија), каде се приклучила во Јастребачкиот партизански одред и била примена во КПЈ во октомври 1941 година. По нелегалната партиска дејност во Ниш, во зиматa 1942 година, ги продолжила партизанските дејствија во Јастребачкиот, па во Врањскиот партизански одред.
Таа се разболела поради изложеноста на многу ниски темпаратури, а и нејзините нозе премрзнале. Најпрво била лечена низ околните села, по што е решено да се пренесе во Ниш на лекување. Таму се вработиила во фабриката за тутун, каде продолжила да агитира и да ја врши својата револуционерна дејност. Во знак на благодарност, подоцна во дворот на истата фабрика е поставена нејзина биста.[2]
Од крајот на 1943 година била заменик-политички комесар на Tрeтиот кумановски партизански одред и на кумановските баталјони „Орце Николов“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“, а од 24 февруари 1944 година и на Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада.
Учествувала во Пpолетната офанзива која се одвивала во мај и јуни 1944 година,[4] при што единиците од кумановско изведувале пробив кон Беласица и Егејска Македонија. Задачата да се пробие обрачот од бугарски војски, се паднала на баталјонот во кој била член Вера Јоциќ. Во тие борби, кај селото Страцин, Кумановско на 20 мај 1944 година, таа го извела првиот јуриш кон бугарските сили, по што била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско.[5]
Комеморација
[уреди | уреди извор]Вера Јоциќ е воспеана во прочуените песни „Очи“ и „Љубов“ од Ацо Шопов.[6][7]
Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.
Во нејзина чест, едно основно училиште во општина Гази Баба го носи нејзиното име.
-
Споменик на Вера Јоциќ во Македонска Каменица
-
Биста на Вера Јоциќ во Скопје, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167
- ↑ 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 13. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 163
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 165
- ↑ „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга I, стр. 649
- ↑ Очи
- ↑ Љубов
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Вера Јоциќ на Ризницата ?
- Ацо Шопов, „Секогаш кога се сеќавам на Вера Јоциќ”
- Slobodan Popović, "Vera Jocić - životni put i revolucionarno delo", Gornji Milanovac 1978.