Прејди на содржината

Биоково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биоково
Биоково, поглед од Тучепи
Највисока точка
Надм. вис.1,762 м
Координати43°20′N 17°03′E / 43.333° СГШ; 17.050° ИГД / 43.333; 17.050
Географија
Биоково на карта

Карта

МестоДалмација, Хрватска
Геологија
ВидВаровник
Искачување
Најлесен патпо пат

Биоково е втора планина според големина во Република Хрватска. Планината се наоѓа на брегот на Јадранското Море во Сплитско-далматинската жупанија, над Макарска.

Се простира од влевањето на реката Цетина до реката Неретва. Најголем врв на оваа планина е врвот Свети Јура (Свети Ѓорѓе) кој е висок околу 1762 метри.[1] Тој се наставува на врвовите Сусвид (1.155 м) и Рилиќ (836 м) кои претставуваат делови од Биосковскиот венец. На врвот Свети Јура се наоѓа ТВ кула на Свети Јура. До врвот води асфалтен пат.

Планината во главно е гола и кршевита, а пониските страни се покриени со ретки шуми. Дел од планината, односно површина од 196кm², е заштитен парк на природата.[2]

Кога времето е добро од врвот на планината може да се гледа Апенинскиот Полуостров.

  1. „Geographical and meteorological data“ (PDF). Statistical Yearbook. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-03. Посетено на 2011-06-01.
  2. Biokovo park prirode - nature park

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]