Александар Николиќ
Даил Јанкоски | |
---|---|
1963 – † 26 август 2002 (39 г.) | |
Роден во: | Гостивар, СР Македонија |
Починал во: | Гостивар, Тетовско |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Полициски резервист |
Единици: | СВР Гостивар |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Александар Николиќ (Гостивар, 1963 – Гостивар, 26 август 2002) бил македонски бранител, полицаец на СВР Гостивар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 26 август 2002 година при напад од колаво движење.[1] Одговорноста за нападот ја презема терористичката организација АНА.
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 и смрт
[уреди | уреди извор]Александар Николиќ е роден во 1963 година во Гостивар. Израснува во населбата Циглана, каде што населението е претежно македонско. Учествува во воениот конфликт во 2001 година како полициски резервист. На 26 август 2002 година, Александар е убиен заедно со неговиот колега Даил Јанкоски откако на нив беше пукано од автоматска пушка од автомобил во движење.
Настанот се случил околу 00:40 часот кога Јанкоски, Николиќ и третиот полицаец вечерта по завршувањето на работната должност се упатиле кон бараката на месната заедница Циглана. Таму тие со намера да се одморат седнале да се напијат кафе. Во тој момент на улицата со преголема брзина, а потоа и со нагло кочење се појавил бел голф и од прозорите на автомобилот четирите непозанти лица отвориле оган кон полицајците и кон блиската кафеана „Цин Чун“ која во тој момент била преполна со гости. Од ројот испукани куршуми четири завршиле во прозорците од кафеаната, но за среќа никој од гостите не бил повреден.
Веднаш по престрелката непознатите со голема брзина се оддалечиле од местото на злосторството. Додека бегале тие повторно припукале. По нив од службеното оружје што го носел со себе припукал и полицаецот кој успеал да се спаси. Напаѓачите сепак избегале во една од темните гостиварски улички. Во тој дел од градот кој претежно е населен со Македонци ни за време на војната 2001 година ниту пак после завршувањето немало поставено полициски пунктови, а ретко се случувало да биде извршена и сообраќајна контрола. Од тој дел на градот се оди кон гостиварските села Беловиште, Лакавица, Србиново, Трново и Страјане, претежно населени со албанско население.[2]
Терористичката организација АНА ја презеде одговорноста за убиството на полицајците во Гостивар. Во нивното соопштение пишувало дека терористите на АНА биле принудени да ги нападнат Славомакедонските полициски сили.[3] Виновниците за убиството не се откриени. Александар остана неженет. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Убиени двајца полицајци во Гостивар“. Вест. 27 август 2002. Архивирано од изворникот на 2012-04-27. Посетено на 2017-04-04.
- ↑ „Одбележани 11 години од убиството на двајца полициски резеристи во Гостивар“. Алфа. 9 август 2010. Посетено на 2017-04-04.[мртва врска]
- ↑ „АНА ја презеде одговорноста за убиството на полицајците во Гостивар“. Утрински Весник. 26 август 2002. Посетено на 2017-04-04.[мртва врска]
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.