Прејди на содржината

Стеван Јоветиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стеван Јоветиќ
Јоветиќ со Црна Гора во 2014
Лични податоци
Полно име Стеван Јоветиќ[1]
Роден на 2 ноември 1989(1989-11-02)(35 г.)
Роден во Титоград, СФР Југославија
Висина &100000000000001830000001,83 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Монако
Број 16
Младинска кариера
Младост Подгорица[3]
2003–2006 Партизан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2008 Партизан 51 (13)
2008–2013 Фиорентина 116 (35)
2013–2016 Манчестер Сити 28 (8)
2015–2016Интер (позејмен) 26 (6)
2016– Интер 5 (0)
2017Севиља (позејмен) 10 (3)
2017– Монако 51 (14)
Репрезентација
2006 Србија и Црна гора до 17[4]
2007–2010 Црна Гора до 21 7 (2)
2007– Црна Гора 58 (28)
* Ажурирано на: 11 March 2017
** Ажурирано на: 11 October 2016

Стеван Јоветиќ (роден на 2 ноември 1989 година) — црногорски фудбалер кој моментално настапува во шпанската Ла Лига за екипата на Севиља, како позејмен играч од Интер. Стеван игра како втор напаѓач, а неговите импресивни дриблинзи, добра контрола, коса и техничките квалитети ги наведе критичарите да го споредуваат со Роберо Баџо.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Партизан

[уреди | уреди извор]

На 8 април 2006 година, на возраст од 16 години[5], Стеван го направи своето деби за сениорскиот тим на Партизан, под водство на тренерот Јирген Рубер, за време на лигашкиот натпревар против Вождовац[6].

Јоветиќ постигна три гола за време на квалификацискиот натпревар во УЕФА-купот против Зрињски, на 2 август 2007 година, во победата на Партизан од 5-0, постигнувајќи го првиот хет-трик во својата кариера на само 17 години. Во текот на октомври 2007 година, Стеван беше поврзуван со неколку јаки клубови како што се Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Стеван стана капитен на тимот на Партизан на возраст од 18 години во јануари 2008 година, откако поранешниот капитен Антонио Рукавина беше продаден на германскиот Бундеслигаш, Борусија Дортмунд. Со ова Стеван стана најмладиот капитен на Партизан воопшто, надминувајќи ја клупската легенда Алберт Наџ, кој стана капитен на возраст од 19 години.

Фјорентина

[уреди | уреди извор]

На 10 мај 2008 година, клубот од Серија А, Фјорентина, потпиша со Стеван за наводна сума од 8 милиони евра. Стеван го постигна својот прв гол за “Виолетовите” во лигашкиот натпревар против Аталанта од пенал на 5 април 2009 година.

Јоветиќ ја започна сезоната 2009-10 со гол против Спортинг во реванш натпреварот во ремито 1-1 на стадионот Артемио Франки, со што и овозможи на Фјорентинада влезе во групната фаза во Лиигата на шампионите. Други одлучувачки голови беа против Палермо, Сампдорија и Ливорно. На 29 септември 2009 година, Стеван постигна два гола во победата од 2-0 против Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампионите. На 9 март 2010 година, Јоветиќ постигна два гола во победата на Фјорентина од 3-2 над Баерн Минхен, но сепак тие го загубија двомечот на гостински голови, а исто така Стеван постигна уште еднаш против Наполи на 13 март. Стеван постигна гол во победата од 4-1 против Удинезе на 28 март. За време на подготовките за почетокот на сезоната 2010-11, Стеван претрпе повреда на лигаментите на неговото десно колено, што, на крајот го оддалечи цела сезона. Јоветиќ се врати во форма во сезоната 2011-2012, постигнувајќи двапати во победата од 3-0 против Парма, негови први голови во повеќе од една година. На 15 октомври 2011 година, Јоветиќ потпиша договор што ќе го задржи во Фиренца до 2016 година.

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Јоветиќ беше еден од основачите на црногорската репрезентација, кој го одиграа својот прв натпревар против Унгарија во март 2007 година, и исто така, беше стандарден во репрезентацијата на Црна Гора до 21 година.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Навивачите на Фјорентина му дадоа прекар на Јоветиќ, “Јо-Јо”. Поради неговата фризура, Јоветиќ често беше споредуван со познатиот гитарист на групата Квин, Брајан Меј од страна на дневниот печат и навивачите на Фјорентина, повеќето од луѓето го гледаа Јоветиќ како “следниот Баџо”. Негови идоли се напаѓачот на Јувентус и негов колега од репрезентацијата на Црна Гора, Мирко Вучиниќ, од кого ја зема капитенската лента на возраст од 17 години во репрезентацијата на Црна Гора до 21 година, и Андреј Шевченко, кого Јоветиќ го имитираше како дете. Додека играше за Партизан, негов прекар беше Пужо поради неговата сличност со Карлес Пујол.

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Клуб Сезона Првенство Куп Европа Вкупно
Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола Настапи Гола
Партизан 2005–06 2 0 0 0 0 0 2 0
2006–07 22 1 4 3 0 0 26 4
2007–08 27 12 4 3 2 4 33 19
Вкупно 51 13 8 6 2 4 61 23
Фјорентина 2008–09 29 2 1 0 5 0 34 2
2009–10 29 6 2 0 6 5 37 11
2010–11 0 0 0 0 0 0 0 0
2011–12 27 14 2 0 0 0 27 14
Вкупно 85 22 5 0 11 5 101 27
Вкупно во кариерата 136 35 13 6 13 9 162 50

Меѓународни голови

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Barclays Premier League Squad Numbers 2013/14“. Premier League. 16 August 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-21. Посетено на 17 August 2013.
  2. „Stevan Jovetic profile - Manchester City FC“. mcfc.com. Архивирано од изворникот на 2016-05-19. Посетено на 2017-04-17.
  3. Mladost. „History of FK Mladost“. Посетено на 16 January 2017.
  4. „Serbia and Montenegro in finals“. UEFA.com. 31 March 2007. Посетено на 21 September 2016.
  5. 10 things you need to know about Fiorentina hotshot Stevan Jovetic (англиски)
  6. Belgrade faces the naked truth (англиски)