Прејди на содржината

Корека

Координати: 39°4′5″N 16°5′38″E / 39.06806° СГШ; 16.09389° ИГД / 39.06806; 16.09389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Корека
Coreca
поделок
Земја Италија
РегионКалабрија
ПокраинаКозенца (CS)
ОпштинаАмантеја
Површина
 • Вкупна4 км2 (2 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001800000018 м
Население (1 јануари 2017)
 • Вкупно700
 • Густина180/км2 (450/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.87032
Повик. бр.0982
Светец-заштитникБогородица Ангелска
Слава22 август

Корека (италијански: Coreca), на месното наречје: Корака или Корика (Coraca, Corica) — поделок на општината Амантеја во покраината Козенца, Калабрија, Италија. Сместена е недалеку о�� Кампора Сан Џовани.

Географија

[уреди | уреди извор]

Поделокот се граничи со јужниот дел од Тиренското Море на запад и гратчето Амантеја на југ, каде почнува границата со Кампора Сан Џовани. Пределот претежно се состои од карпест ’рт, а сретселото лежи во низина. Територијата опфаќа и ридесто подрачје и широки плажи. Климата е умерена.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главна стопанска дејност на Корека е туризмот и хотелиерството, кое е развиено поради живописниот брег. Мошне посетувано место се Коречките Гребени, кое воедно е собиралиште на радиоаматерите. Има мали фабрики во кои се произведува грана, мебел и машинерија.

Корека во 1950-тите

Населени места

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 2017 г. одделот Корека се состои од следниве села:

  • Гроте
  • Ла Пјетра
  • Маринела
  • Олива
  • Формичике
  • Џаскоње
  • Салто да Ѕита
  • Скољера
  • Стритуре

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Црква „Богородица Ангелска“

[уреди | уреди извор]

Главна црква е „Богородица Ангелска“ (Мадона дељи Анџели), изградена во 1965 г. во посовремен но скромен стил, и сместивост од 65 лица. Секоја година се селската слава (22 август) се одбележува со поворка по улиците.

Плоштад „Богородица Ангелска“

[уреди | уреди извор]

Сретселото го бележи плоштадот „Богородица Ангелска“, наречен по соседната црква и овенчан со статуа на Богородица.

Корачки Пештери

[уреди | уреди извор]

Значајно обележје на овој крај се Корачките Пештери, каде се ископувала железна руда уште од древно време. За време на Втората светска војна, истите служеле како засолниште за мештаните и складиште за британската и американската окупациона војска. Подоцна, сè до почетокот на XXI век во нив се одржувале божиќни и велигденски свечености.

Коречка кула или „Туриела“

[уреди | уреди извор]

Северно од самата Корека, на падините на ридот Тувуло се наоѓа кулата „Туриела“ е делумно срушена, забележителна по тоа што претставува мешавина од стилови со кои е преуредувана низ вековите. Служела како стражарница, вардејќи го местото од нападите на Арапите, Норманите и околните велможи, па сè до доаѓањето на германските, а потоа и британско-американските единици во Втората светска војна. Кулата е лесно пристапна од патот за Тонара на север и од патот од Маринела на југ.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]