Прејди на содржината

Бијафра (залив)

Координати: 2°50′N 8°0′E / 2.833° СГШ; 8.000° ИГД / 2.833; 8.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бијафра
Bight of Bonny
Golfe du Biafra
Заливот Бијафра на карта.
Координати2°50′N 8°0′E / 2.833° СГШ; 8.000° ИГД / 2.833; 8.000
Речни извориНигер
Океански/морски извориГвинејски Залив
Атлантски Океан
Сливни земјиНигерија, Камерун, Екваторска Гвинеја, Габон[1]
Најг. должина300 км
Најг. ширина600 км
ОстровиБиоко

Бијафра (англиски: Bight of Biafra; француски: golfe du Biafra) или Бониски Залив (англиски: Bight of Bonny, француски: golfe de Bonny) — залив на западноафриканскиот брег, во најисточниот дел на Гвинејскиот Залив.

Географија

[уреди | уреди извор]

Заливот Бијафра или Мафра (наречен по градот Мафра во јужна Португалија), помеѓу ’ртовите Формоса и Лопес, и е најисточниот дел од Гвинејскиот Залив; ги опфаќа островите Фернандо По [Екваторска Гвинеја], Саун Томе и Принсип. Сè до подоцнежниот дел на XIX век името се однесувало и на денешната земја Камерун, но потоа излегло од употреба.[2] На карта од 1710 г. е посочена област „Бијафар“ (Бијафра) на територијата на денешен Камерун.

Заливот се протега на источно од Бенинскиот Залив, од делтата на реката Нигер на север до ’ртот Лопес во Габон.[3] Други поважни реки кои се влеваат во заливот ��е Крос (Ојоно), Вури, Калабар, Ндијан, Вури, Санага, Њонг, Нтем (Кампо), Мбија, Мбини (Бенито), Муни и Комо.[1]

Поголеми острови во заливот се Биоко и Принсип; помали се Бом Бом, Каросу, Голем Елобеј и Мал Елобеј.[1] На него излегуваат Нигерија (источен брег), Камерун, Екваторска Гвинеја (Биоко и Рио Муни) и Габон (северен брег).

Историја

[уреди | уреди извор]
Областа Бијафра на територијата на денешен Камерун на карта од 1710 г.

Во времето на ропството, од заливот Бијафра се извезени 1,6 милиони робови, што сочинува 13% од обемот на трговијата со робје во Западна Африка. Бенинскиот Залив на запад учествувал со 17%, а подрачјето од средна до јужна Африка со 48% од робовите.[4]

Кон средината на XVIII век, Бони станало значајној роботрговско пристаниште на заливот, надминувајќи ги претходно најпрометните роботрговски пристаништа во Елем Калабари (Нов Калабар) и Стар Калабар (Аква Акпа). Овие три пристаништа имале 90% од обемот во трговијата со робје од заливот Бијафра.[5][6]

Помеѓу 1525 и 1859 г. главна роботрговска сила во заливот била Британија, од каде се испорачани две третини од робовите во Новиот Свет.[7]

Меѓутоа, во 1807 г. Велика Британија со закон ја забранила меѓународната трговија со робје и ја испратила воената морнарица сосила да ги спречува роботрговците од САД, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Западна Африка и Арабија.[8]

Earlier, in 1777, Portugal transferred control of Фернандо По и Анобон to Spanish suzerainty thus introducing Spain into the early colonial history of the Bight of Biafra.[9]

На 30 јуни 1849 г. Британците воспоставиле воено влијание врз заливот со изградба на поморска база и конзулат на островот Фернандо По.[10]

На 6 август 1861 г. заливот Бијафра и соседниот Бенински Залив (под управа на британски конзули) се соединиле во еден британски конзулат.

Во 1967 г. Источниот Регион на Нигерија се отцепил од државата и го усвоил името на заливот, прогласувајќи независна Република Бијафра. Државата била краткотрајна поради претрпениот пораз во Ниериската граѓанска војна. Во 1975 г. нигериската влада со указ го сменила името на заливот од Бијафра во Бониски Залив.[11]

  1. 1,0 1,1 1,2 Гугл Земја
  2. Hugh Chisholm; James Louis Garvin. The Encyclopædia Britannica: a dictionary of arts, sciences, literature & general information, Volumes 11-12. The Encyclopædia Britannica Company, ltd., 1926. стр. 696. Посетено на 10 July 2017.
  3. "Benin, Bight of." Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online Library Edition. Encyclopædia Britannica, Inc., 2013. посет. 2 ноември 2013 г.
  4. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 82. ISBN 9780253022578. |access-date= бара |url= (help)
  5. Paul E. Lovejoy. Transformations in Slavery: A History of Slavery in Africa. Cambridge University Press, 2011. стр. 58. ISBN 9781139502771. Посетено на 11 July 2017.
  6. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 83. ISBN 9780253022578. Посетено на 11 July 2017.
  7. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 83. ISBN 9780253022578. Посетено на 11 July 2017.
  8. „African Slave Owners“. BBC. Посетено на 4 December 2011.
  9. I. K. Sundiata. From Slaving to Neoslavery: The Bight of Biafra and Fernando Po in the Era of Abolition, 1827-1930. Univ of Wisconsin Press, 1996. стр. 19. ISBN 9780299145101. Посетено на 11 July 2017.
  10. Stewart, John. The British Empire: An Encyclopedia of the Crown's Holdings, 1493 Through 1995. McFarland & Company, 1996. стр. 250. ISBN 9780786401772. |access-date= бара |url= (help)
  11. University of Ibadan. Dept. of Sociology. Nigerian Behavioral Sciences Journal, Volume 3, Issues 1-2. Department of Sociology, University of Ibadan, 1980. стр. 11. Посетено на 11 July 2017.

Поврзано

[уреди | уреди извор]