Ешли Јанг
Ешли Јанг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 јули 1985 | ||
Роден во | Стивениџ, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | крило, бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Евертон | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
Вотфорд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2007 | Вотфорд | 98 | (19) |
2007-2011 | Астон Вила | 157 | (30) |
2011-2020 | Манчестер Јунајтед | 192 | (15) |
2020-2021 | Интер | 44 | (5) |
2021-2023 | Астон Вила | 53 | (1) |
2023- | Евертон | 15 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007-2018 | Англија | 39 | (7) |
* Ажурирано на: 15 февруари 2012 ** Ажурирано на: 15 февруари 2012 |
Ешли Сајмон Јанг или (англиски: Ashley Simon Young, роден на 9 јули 1985) — англиски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Евертон.
Роден и израснат во Хертфордшаир, Јанг ја започнал својата кариера во Вотфорд, за кого го направил својот прв сениорски настап во 2003 година под раководството на Реј Луингтон. Тој станал стандарден првотимец во сезоната 2004-2005, и бил еден од клучните играчи на Вотфорд во нивна промоција во сезоната 2005-2006. Јанг продолжил да игра добро за Вотфорд и во Премиер лигата, а во јануари 2007 година тој направил трансфер во Астон Вила за сума од 8.000.000 фунти, што подоцна поради одредени додатоци се издигнал на 9.650.000 фунти. Тој брзо го пронашол своето место во почетната постава на екипата од Вила Парк, и со својте добри перформанси за Вила дури заработил место во англиската репрезентација. На 23 јуни 2011 година, Јанг потпишал за Манчестер Јунајтед за непознат надоместок. Тој освоил пет трофеи со Јунајтед, вклучувајќи Премиер лигата во сезоната 2012-2013, ФА Купот во сезоната 2015-2016 и Лига Европа во 2016-2017. Во јануари 2020, Јанг потпишал за Интер, со кој ја освоил Серија А, станувајќи само третиот англичанец кој станал шампион на Италија. Во 2021 година, тој се вратил во Астон Вила, а во летото 2023 потпишал за Евертон.
Од 2007 досега Јанг запишал 39 натпревари за репрезентацијата на Гордиот Албион и постигнал 7 гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Европското првенство 2012. Исто така, во мај 2018 тој бил избран од селекторот Гарет Саутгејт меѓу 23-цата фудбалери на Англија кој се нашле на списокот за Светското првенство 2018 во Русија, на кое Англија го освоила четвртото место.
Tехнички карактеристики
[уреди | уреди извор]Јанг играл на неколку различни позиции во текот на својата кариера: иако во поголемиот дел од натпреварите главно настапувал на позицијата крило,[1] тој исто така поминал одреден период играјќи како напаѓач - под водство на менаџерот Ејди Бутројд во Вотфорд и еднаш под водството на Луј ван Гал во Манчестер Јунајтед,[2][3] како и на позицијата со слободна улога зад напаѓачот во Астон Вила под водство на Мартин О'Нил и во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон.
За време на неговите подоцнежни години во Јунајтед, Јанг бил прекомандуван во одбраната, на позицијата лев бек, во формација со 3 (како лево бек-крило) или 4 одбранбени играчи. Мартин Лоренс во 2018 година изјавил дека Лук Шоу не може да направи пробив во Манчестер Јунајтед, бидејќи неговата формата е послаба од онаа на Ешли Јанг, кој одлично се прилагодил на уште една нова улога. Во сегашната форма, 32-годишниот играч не треба само да биде отстранет туку да се разгледува за прв избор на оваа позиција во англиската репрезентација".[4]
Ешли Јанг исто така бил замешан во контроверзност, поради тоа што бил обвинет од новинарите за многубројни обиди за глума и прелесно паѓање со цел да се изнуди прекршок врз него по што и неговите менаџери Алекс Фергусон и Дејвид Мојс морале да разговараат со него и да му укажат дека тоа што го прави не е фер кон противниците.[5][6]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистика е ажурирана на 19 јануари 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2003-2004 | Вотфорд | ПД | 5 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 6 | 3 |
2004-2005 | ЧЛ | 34 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 0 | |
2005-2006 | ЧЛ | 39+3[7] | 13+1[7] | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 43 | 15 | |
2006-јан. 2007 | ПЛ | 20 | 3 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 23 | 4 | |
Вкупно Вотфорд | 98+3 | 19+1 | 9 | 2 | - | - | - | - | 110 | 22 | |||||
јан.-јун. 2007 | Астон Вила | ПЛ | 13 | 2 | ФАКуп+ЛК | - | - | - | - | - | - | - | - | 13 | 2 |
2007-2008 | ПЛ | 37 | 8 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 8 | |
2008-2009 | ПЛ | 36 | 8 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | Инт+КУ | 2+6[8] | 1+1[9] | - | - | - | 48 | 10 | |
2009-2010 | ПЛ | 37 | 5 | ФАКуп+ЛК | 6+5 | 2+2 | ЛЕ | 2[10] | 0 | - | - | - | 50 | 9 | |
2010-2011 | ПЛ | 34 | 7 | ФАКуп+ЛК | 2+3 | 0+2 | ЛЕ | 1[10] | 0 | - | - | - | 40 | 9 | |
Вкупно Астон Вила | 157 | 30 | 22 | 6 | 11 | 2 | - | - | 190 | 38 | |||||
2011-2012 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 25 | 6 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 3+4 | 1+1 | КШ | 1 | 0 | 33 | 8 |
2012-2013 | ПЛ | 19 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | - | - | - | 23 | 0 | |
2013-2014 | ПЛ | 20 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | КШ | 0 | 0 | 30 | 3 | |
2014-2015 | ПЛ | 26 | 2 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 2 | |
2015-2016 | ПЛ | 18 | 1 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 5[11]+0 | 0 | - | - | - | 26 | 1 | |
2016-2017 | ПЛ | 12 | 0 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | ЛЕ | 7 | 0 | КШ | 0 | 0 | 23 | 0 | |
2017-2018 | ПЛ | 30 | 2 | ФАКуп+ЛК | 4+0 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СУ | 0 | 0 | 38 | 2 | |
2018-2019 | ПЛ | 30 | 2 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | - | - | - | 41 | 2 | |
2019-јан. 2020 | ПЛ | 12 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | ЛЕ | 3 | 1 | - | - | - | 18 | 1 | |
Вкупно Манчестер Јунајтед | 192 | 15 | 25 | 1 | 43 | 3 | 1 | 0 | 261 | 19 | |||||
Вкупно во кариерата | 408 | 63 | 45 | 9 | 42 | 4 | 1 | 0 | 496 | 76 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]- Премиер лига : 1
- ФА Куп : 1
- 2011
- УЕФА Лига Европа : 1
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Англија
[уреди | уреди извор]- Светско првенство четврто место: 2018[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „United lead chase for Bale as Young attracts £5m bids“. The Independent. 4 January 2007. Посетено на 28 April 2017.
- ↑ „Louis van Gaal tactics leave Manchester United fans furious as Ashley Young plays up front“. The Independent. London. 10 April 2016. Посетено на 19 September 2017.
- ↑ „Van Gaal explains Ashley Young's striker role in Manchester United defeat at Tottenham“. Manchester Evening News. 10 April 2016. Посетено на 19 September 2017.
- ↑ Laurence, Martin (14 March 2018). „The outsiders who deserve England call-ups – and the regulars who don't“. The Guardian. London. Посетено на 22 March 2018.
- ↑ „Sir Alex Ferguson 'has word' with Ashley Young over diving accusations“. The Guardian. London. Press Association. 20 April 2012. Посетено на 16 September 2016.
- ↑ „Ashley Young: David Moyes in diving warning to Man Utd winger“. BBC Sport. 14 September 2013. Посетено на 28 April 2017.
- ↑ 7,0 7,1 Плејоф.
- ↑ Еден настап во квалификациите.
- ↑ Во квалификациите.
- ↑ 10,0 10,1 Во плејофот.
- ↑ Еден настап во плејофот.
- ↑ „Ashley Young: Overview“. Premier League. Посетено на 5 December 2017.
- ↑ „Official Manchester United Website“.
- ↑ McNulty, Phil (14 July 2018). „Belgium 2–0 England“. BBC Sport. Посетено на 14 July 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ешли Јанг“ на Ризницата ? |
- Ешли Јанг на soccerway
- Ешли Јанг на transfermarkt
- Ешли Јанг на espn
- Ешли Јанг на tuttocalciatori
- Ешли Јанг на whoscored
|