Прејди на содржината

Бранко Секулоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Секулоски
26.11.1958 – 08.08.2001 (41 г.)

Роден во:Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Возач на м/в во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Бранко Секулоски (Прилеп, 26 ноември 1958 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, возач во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот и борба за егзистенција

[уреди | уреди извор]

Бранко Секулоски е роден на 26 ноември 1958 година во Прилеп. На почетокот од последната деценија на минатиот век, со распаѓањето на СФРЈ, а со тоа и распаѓањето на системот „Симпо“, Бранко Секулоски остана без работа. Во истото време, сметајќи на подобро, семејството го напушти и домот на своите родители, надевајќи се дека ќе го издржи притисокот на живеење под кирија и побрзо ќе најде начин да дојде до сопствен стан. Потоа „Солидарност“ со што сопругата остана без работа. На крајот, на 8 август 2001 година, при терористичкиот напад врз воениот конвој кај месноста Марков Ѕид во близина на Групчин, Бранко Секулоски, како возач на камионот, прв го загуби животот.

Откако Бранко останал без работа, работел сè што ќе му паднело до рака. Сепак, основен извор за егзистенција била платата на сопругата. Но кога и таа останала на улица, животот сосема се искомплицирал. Немајќи друг излез, во претходните две години, изнајмувајќи туѓи ниви, станале и тутунопроизводители. Тоа им била основна преокупација, но и натаму подработувале и нешто друго ако им се укажела шанса. На тој начин Бранко успеал да дојде до средства за на старо да купи некое камионче. Имале идеја со камиончето Бранко да си биде свој на своето. Дошло време и за регистрација на возилото, а Бранко, од гордост не сакал да чепка во семејните резерви.

Учество во војната 2001 г.

[уреди | уреди извор]

За да го регистрира возилото, а да не чепкне во семејното ќесе, Бранко три - четири пати се пријавувал на јавниот оглас за возач во касарната. Толку пати жена му со децата успеала да ја повлече неговата молба. Последниот пат крадешкум се пријавил и успеал да добие работа. Возел низ Прилеп, низ касарната, до Кичево или Куманово. Возел и до Криволак. Во два случаја одел и до Тетово. Сето тоа го правел близу три месеци и секогаш во рамките на работното време.

На кобниот 8 август 2001 година, со камион на „Витаминка“ заминал за Тетово. И рекол на сопругата дека учествува во конвој што ќе носи смена на војници за тетовското подрачје. Бил товарен со муниција. Конвојот упаднал во заседа, најнапред бил погоден хермелинот, потоа еден од автобусите и најнакрај, со зоља бил погоден камионот што го возел Бранко. Според податоци на АРМ, Бранко загинал од шрапнел, а другите беа убиени во вкрстен оган бидејќи во нив било пукано од сите страни. Некој од нив изгореле живи. Бранко зад себе ја остави сопругата и неговите две деца. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.