Стефан Константин
Константин Немањиќ бил српски кнез од династијата Немањиќ, син и наследник на кралот Милутин (1282-1321). Тој бил еден од кралевите на Србија за време на граѓанската војна кон крајот на 1321 и почетокот на 1322 година.
Константин е роден на крајот на XIII век. Идентитетот на неговата мајка не е познат. Тој станал кандидат за наследник на престолот на неговиот татко по 1317 година. По смртта на Милутин, меѓу Стефан Константин и неговиот брат Стефан Урош III имало војна за престолот, која завршила со смртта на Константин.[1] Погребан бил во татковиот ктиторски објект, манастирот Свети Стефан во Бањска.
Биографија
[уреди | уреди извор]Историски извори
[уреди | уреди извор]Претставувањето на помладиот син на Милутин во историските извори е поврзано со судирот за српскиот престол, кој траел во Србија во првата четвртина на XIV век. Во 1299 година кога стапил во брак со Симонида, Милутин се откажал од Дежевскиот договор, според кој синот на Драгутин, Владислав требало да го наследи рашкиот престол по неговата смрт. Во тој период во Србија избувнала граѓанска војна. Указот за наследникот донесен по завршувањето на оваа војна не е познат, но по смртта на неговиот брат во 1316 година, Милутин го отстранил Владислав и завладеал со Сремската земја. По смртта на Милутин, на престолот седнал Стефан Дечанскиж. Константин ги оспорил неговите владејачки права, што довело до избувнување на граѓанска војна. Бидејќи Данило, тогашниот епископ од Хум, застанал на страната на Стефан Дечански на почетокот на војната, не е невообичаено што Константин не се спомену��а во „ Животите на српските кралеви и архиепископи.“ Тоа бил најважниот историски наративен извор за тој период на српската историја. Константин не е споменат од учениците и наследниците на Данило. Информациите за Константин ги наоѓаме најпрво кај Гијом Адам, надбискупот од Бар, кој во 1332 година напишал „Упатство за прекуморско патување.“ Во обид да даде негативна слика за Стефан Дечански, Гијом Адам ги бранел претензиите на Константин и го претставувал како маченик кој умрел во тра��ична смрт. Информациите за Константин ги даl друг биограф на Стефан. Тоа бил Григорије Камблак. Пишувајќи го своето дело на почетокот на XV век, кога династијата Немањиќ не била веќе на престолот, Камблак бил ослободен од притисокот да ги прикрие вистинските настани и да ги открие во целост.[2]
Константин се споменувал во неколку српски родослови: Копорињски, Студенички, Цетињски, Врхобрезнички, Сенички.[3] Покрај на писмено, споменот на Константин бил зачуван и во материјалните извори. Неговото име се споменува на олтарот кој Милутин во 1319 година го подарил на црквата Свети Никола во Бари. Неговиот портрет се наоѓал и на фреските на Лозата Немањиќ во манастирот во Грачаница и во Пеќската патријаршија. Во манастирот во Дечани него го немало. Податоците за Константин прва ги собрала историчарката и архелогМарица Ѓукиќ-Маловиќ [4], додека Дејан Јечменица нему му посветил едно поглавје од својата книга, која се занимава со „Немањиќи од вториот ред.“ [5]
Година на раѓање
[уреди | уреди извор]Годината на раѓањето на Константин не е позната. Непознат е и идентитетот на неговата мајка, бидејќи проблемот со редот на жените на Милутин е еден од најтешките во проучувањето на српскиот среден век. Во манастирот Грачаница Константин бил прикажан како млад човек во дваесетите години, што значело дека можел да се роди во последните години на XIII век.[6] Бидејќи Милутин тогаш бил во врска со унгарската принцеза Јелисавета, но исто така и со Ана Тертер, па затоа не можело да се даде сигурен одговор. Треба да се напомене дека Ана Тертер кога се омажила во 1284 година со Милутин имала само пет години.[7]
Константин за време на владеењето на неговиот татко
[уреди | уреди извор]Првата веродостојна информација за Константин доаѓала од 1319 година, кога татко му Милутин го споменал на олтарот кога дарувал за црквата Свети Никола во Бари. Константин овде се споменува како наследник на неговиот татко.[8] Бидејќи во 1314 година неговиот брат Стефан бил отстранет од Србија, по неуспешниот бунт против неговиот татко, а до 1319 година синовите на византиската царица Ирина (Димитрија и Теодор) и синот на Драгутин Владислав се промовирале како кандидати за наследници на Милутин, Константин морал да биде назначен како наследник помеѓу 1317 и 1319 година. Во Грачаница Константин бил прикажан двапати. На фреската на семејството на Немањиќ тој бил прикажан покрај неговата сестра Царицата Зорица, од десната страна на неговиот татко. Прикажан бил и на фреската со татко му Милутин, кралицата Јелена и кралот Урош (во монашки униформи).[9] Сребрената монета пронајдена во Скадар го носела натписот „Dominus rex Constantinus“ на предната страна и „Sanctus Stefanus Scutari“ на позадинската страна. Поделени се мислењата во науката дали монетите треба да му се припишат на синот на Милутин, Константин или на Константин Балшиќ. Ако монетите ги ковал синот на Милутин, тогаш може да се соопшти дека тој владеел со Зета по падот на неговиот брат Стефан во 1314 година.[10] Во Зета од 1318 до 1321 година се споменувал Илија, синот на основачот Ѓураш, се споменувал со титулата кефалија.
За време на владеењето на неговиот татко, Константин извршувал дипломатски мисии. Во времето на смртта на неговиот татко, Константин престојувал во Константинопол, каде што ангажирал војска да се бори против Унгарија, за што сведочел „родословот на Пејатовиќ“.[11]
Избувнувањето на граѓанската војна
[уреди | уреди извор]Кон крајот на животот на неговиот татко, Стефан се вратил во Србија по седум години егзил. Милутин му ја дал управата на областа Будимље, но несомнено е дека Константин останал негов наследник. Некои од клучните фигури кои влијаеле на Милутин да му дозволи на Стефан да се врати во Србија биле тогашниот архиепископ Никодим и епископот од Хум Данило. Милутин на дворот го задржал синот на Стефан, малиот Душан.[12] Данило ја прикривал последната желба на Милутин пишувајќи дека непосредно пред неговата смрт, остарениот крал останал без моќ на говор.[13] Затоа, тој не можел јасно да го одреди престолонаследникот. Камблак сведочел за притисокот врз Стефан за време на болеста на Милутин да се обиде повторно да се побуни против неговиот татко, а на кои притисоци овој пат младиот Немањиќ не подлегнал.[14] Болеста на Милутин траела извесно време, кое Стефан го искористил за да го подготви неговото доаѓање на власт.[15]
Константин бил во Константинопол во времето на смртта на татко му. Доказ за тоа ни давала генеалогијата на Пејатовиќ, но некои сомневања наоѓаме и кај Јован Кантакузин. Данило и неговите наследници ги прикривале немирите околу престолот што се случиле по смртта на Милутин. Потребните информации за граѓанската војна ги наоѓаме кај записите на Камблак и Гијом Адам. Веднаш по смртта на Милутин (29 октомври 1321 г.), Стефан изјавил дека прогледал со помош на Божјото чудо. Меѓутоа, според пишувањата на Григориј Камблак, тој прогледал уште додека бил во Константинопол, а за неговото закрепнување знаел и византискиот император Андроник II. Очигледно, византискиот двор бил сочувствителен за доаѓањето на Стефан на кралскиот престол, бидејќи постариот син на Милутин во Константинопол бил во добри односи со Андроник. Византиско-српската соработка и хармонија била забележлива во раните години на владеењето на Стефан Дечански. Набргу по доаѓањето на власт, Стефан го раскинал бракот со Теодора и се оженил со Марија, внуката на Андроник, ќерката на панхиперсевастот Јован Палеолог.[16]
Граѓанска војна меѓу Стефан и Константин
[уреди | уреди извор]Откако објавил дека му е вратен видот, бројни поддржувачи застанале на страната на Стефан, а некои ги привлекувал и со подароци и ветувања (според сведочењето на Гијом Адам). Тој за своите постапки имал целосна поддршка од црквата. Григорије Камблак пишувал дека Константин се кренал против својот брат „затоа што не било соодветно да владее слепец“.[17] Од друга страна, Константин можел да смета на помош на платеничката војска што ја ангажирал во Цариград по наредба на неговиот татко. Стефан му понудил на својот брат „второ достоинство на империјата“, односно суверенитет, на што Константин не се согласил.[17] На Богојавление на 6 јануари 1322 година, Стефан бил крунисан за цар од страна на Никодим. Одлучувачката битка се случила во пролетта истата година.
Некои информации за последната битка ги добиваме од родословот на Пејатовиќ. Имено таа се одржала во близина на Звечани, на Дмитровачкото поле.[18] Сите историски извори се согласуваат дека Константин бил целосно поразен од војската на Стефан. Исто така во записите стоело дека Константин не ја преживеал битката кај Звечани. Меѓутоа, историските извори се разликуваат по прашањето како умрел Константин. Генеалогијата на Пејатовиќ и Григорије Камблак сведочеле дека Константин го загубил животот на бојното поле. Гијом Адам давал поинаква визија за смртта на Константин: „Тој го постави на парче дрво, па му ги прободе мускулите и бутовите со клинци, а потоа на средината го пресече на две половини. Таков е овој род на змии, кој истура и шири отровни пијалоци“.[19] Од Гијом Адам препишувал и Мавро Орбин.[20] Дејан Јечменица сметал дека во овој случај треба да се даде доверба на генеалогијата на Камблак и Пејатовиќ. Гијом Адам ја измислил приказната за да остави посилен впечаток кај францускиот крал Филип VI, за кого било наменето „Упатството“. Сцената на погубувањата на Константин потсетувала на библиската приказна за страдањето на Исус Христос. Така, за прв пат од времето на братот на Немања, Тихомир, еден Немањиќ бил конечно убиен на бојното поле.[21]
Погреб
[уреди | уреди извор]Во старите српски родословски писанија стоело дека Константин бил погребан во Звечани. Археолошките истражувања во црквата Свети Ѓорѓи во Звечани не ја потврдуваат ваквата вест, бидејќи не се пронајдени траги од некаков погреб.[22] Манастирот Свети Стефан во Бањска се наоѓал на само 10 километри од Звечани, а таму требало да се бара и гробот на Константин Немањиќ. Таа била гробна црква на неговиот татко, кралот Милутин. Во четири генеалогии се споменувале и „светите мошти“ на Константин Немањиќ, што сугерирало дека помладиот син на Милутин бил прогласен за светец. Во поновата историографија на Константин му се припишувало дека е сопственик на прстенот пронајден во Бањска, за кој до неодамна се верувало дека и припаѓал на Теодора, првата сопруга на Стефан Дечански и мајка на императорот Душан.[23]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Логос 2017.
- ↑ Ђукић-Маловић (1985), 69-70
- ↑ Јечменица (2018), 137
- ↑ Ђукић-Маловић (1985), 69-75
- ↑ Јечменица (2018), 123-138
- ↑ Јечменица (2018), 124
- ↑ Узелац (2015), 192
- ↑ Миљковић (2007), 292
- ↑ Марјановић-Душанић (1977), 111
- ↑ Јечменица (2018), 128-129, нап. 18
- ↑ Јечменица (2018), 131
- ↑ Данилови настављачи (1989), 31
- ↑ Данило (2008), 180
- ↑ Цамблак (1989), 62
- ↑ Марјановић-Душанић (2007), 254
- ↑ Марјановић-Душанић (2007), 255-258
- ↑ 17,0 17,1 Цамблак (1989), 63
- ↑ Јечменица (2018), 134-135
- ↑ Новаковић (1894), 25
- ↑ Орбин (1999), 319
- ↑ Јечменица (2018), 135
- ↑ Јечменица (2018), 136
- ↑ Јечменица (2018), 137-138