Трката вклучувала седум етапи. Две од етапите имаат завршница на нагорнина, па така фаворити за трката биле сите специјалисти за искачување. Меѓу нив се вбројувале: Крис Фрум (Тим Скај), Алберто Контадор (Тинкоф) и бранителот на титулата Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер): трката била прва на која настапиле повеќемина кои се очекувале да настапат на големите трки подоцна во сезоната.
Волта а Каталуња 2016 вклучила седум етапи, сите од нив друмски етапи, без ниеден хронометар.[3] Првите две етапи биле умерено ридести и биле подобни за спринтерите. Третата и четвртата завршувале на нагорнина. Третата етапа завршувала на искачувањето Ла Молина, додека четвртата во Порт Аине. Петтата етапа вклучувала искачување кратко пред завршницата, давајќи им можност за напад, пред уште една рамна етапа на шестиот ден. Завршната етапа завршувала со ридест терен околу Барселона.[4]
По откажувањето на планинските етапи на обете трки, Париз-Ница и Тирено-Адријатико во претходните недели, постоела одредена загриженост пред почетокот на трката дека на Волта може да се случи истото. Особено била загриженоста за завршницата во Порт Аине, каде сè уште имало 75 см снег на блиските скијачки терени.[5]
Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа на трката.[6] На седум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[7][8] Со тоа, на трката вкупна настапиле 25 екипи. Секоја екипа можела да започне со осум возачи. Астана вклучила само седум возачи, со што 199 возачи ја започнале првата етапа.[9]
Трката се очекувала да биде одлучена на двете планински етапи и поради тоа била особено подобна за искачувачи. Порталот Cyclingnews.com го опишал списокот на фаворити за победа на Волта како „застрашувачки“ и како „ги вклучува сите главни фаворити за Џиро д’Италија и Тур де Франс“.[10] Помеѓу нив бил Крис Фрум (Тим Скај), победникот на Тур де Франс 2015. Единствена трка за Фрум во 2016 година била Хералд Сан Тур, на која победил.[4] Фрум имал силна екипа која вклучувала уште двајца можни фаворити за победа: Герајнт Томас (кој победил на Париз-Ница) и Ваут Пулс (кој победил на Волта а ла Комунитат Валенсијана). Меѓутоа, формата на Фрум, опишана од неговиот спортски директор, како „инкогнито“, поради долгиот период од последната трка.[11]
На сметка на планинскиот терен, имало неколку спринтери на трката. Најсилен спринт бил Насер Бухани (Кофидис), кој имал силни настапи на Париз-Ница и бил близу победа на Милано-Санремо додека не му паднал ланецот.[10][12]
На Волта а Каталуња 2016 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2016 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката. Поврзан пласман бил пласманот за млад возач: највисоко пласиран возач роден по 1 јануари 1991 година бил предводник на овој пласман и ја носел „дизајнерската“ маичка.[27]
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со белата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања.[27]
Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додавале заедно; водечка екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.[27]