Прејди на содржината

Пиново

Координати: 41°06′12″N 22°07′13″E / 41.1033° СГШ; 22.1202° ИГД / 41.1033; 22.1202
Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Пиново
Πίνοβο
Поглед на Пиново од југозапад
Највисока точка
Надм. вис.2.156 м
Координати41°06′12″N 22°07′13″E / 41.1033° СГШ; 22.1202° ИГД / 41.1033; 22.1202
Географија
Пиново на карта

Карта

МестоМеглен, Егејска Македонија

Пиново или Блаца (грчки: Πίνοβο, Πλάτσα, Μπλάτσα, Пиново, Блаца, Плаца) — планина во Мегленско, Егејска Македонија, на границата со Р Македонија. На запад се надоврзува на планината Ниџе, а на исток продолжува во Кожуф. Во поножјето се селата Тушин (Аетохори) и Трстеник (Триопетра). Највисок врв е Корфула со висина од 2.156 м.[1] Други повисоки врвови на Пиново се Висоград (Βίσογκραντ, 2.150 м) и Калуѓер (Καλόγερος, 1.873 м). На планината се воделе борби за време на Првата светска војна.[1]

Растителност и животни

На планината преовладуваат буковите и боровите шуми, кои се присутни до надморска височина од 1.800 м, а оттаму веќе преовладува високогорската (алпска) растителност. Застапени се најразновидни животни, како што е кафеавата мечка, волкот, еленот, но и ретки грабливи птици како златниот орел, орелот-змијар, мршојадците и други.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Στο Πίνοβο με την υπέροχη κορυφογραμμή του“. HikingExperience. 8 јануари 2017. Посетено на 4 јули 2017.