Време на Антарктикот
UTC+00:00 | |
UTC+03:00 | |
UTC+06:00 | |
UTC+07:00 | |
UTC+08:00 | |
UTC+10:00 | |
UTC+12:00 | |
UTC+13:00 | |
UTC−06:00 | |
UTC−03:00 |
Антарктикот лежи на секој меридијан бидејќи на него се наоѓа Јужниот Пол во кој сите тие се среќаваат. Теоретски ова значи дека Антарктикот би бил во сите часовни појаси; меѓутоа, подрачјата јужно од Јужниот Поларник имаат екстремни дневно-ноќни циклуси околу јунскиот и декемврискиот сонцестој, што го отежнува одредувањето на соодветен часовен појас. Од практични причини, појасите обично се водат според територијалните претенденти; од друга страна, многу станици го користат времето на земјите кои ги поседуваат, или на земјите што ги снабдуваат (на пр. Мекмердо и Амундсен–Скот користат новозеландско време бидејќи главната база за залихи им е во Крајстчерч, Нов Зеланд).[1] Станиците кои се физички блиску се водат во различни појаси бидејќи припаѓаат на различни земји. Многу краишта немаат часовни појаси бидејќи немаат дури ни привремено населени места. Таму едноставно важи UTC.[2]
Часовни појаси
Ова се времињата во часовните појаси според нивниот запис во базите zone.tab и tz. Ова се однесува само на трајно населените станици. Некои летни станици може да следат поинакво време.
Координатите се однесуваат на географска ширина и должина, а за секоја од нив има по 2 до 3 цифри за степени, 2 цифри за минути и кај некои, по 2 цифри за секунди.
Летно сметање на времето
Летното сметање на времето (ЛСВ) во голема мера не се користи на Антарктикот бидејќи 95 % од континентот се наоѓа јужно од Јужниот Поларник. Поради присуството на полноќното сонце, летното време е излишно, и само дополнително би го усложнило општењето со земјите кои полагаат право на подрачјата.
Сепак, неколку области како Росовата Зависност, а порано и Палмерова Земја, го следат летното време како што се смета во земјите од кои добиваат залихи — Нов Зеланд и Чиле.[1] Станува збор зе летото на јужната полутопка (обратно од северната), на која се наоѓаат овие две земји.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Local Time → Antarctica @ Time Genie“. Timegenie.com. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ „Current local time in Antarctica – South Pole“. Timeanddate.com. 7 април 2013. Посетено на 24 јули 2013.
- ↑ Forskingsstasjonen Troll (Norwegian Polar Institute) (The Norwegian text under the webcamera says "The time zone where Troll is located, UTC+0, is 1 hours behind Norwegian time". Contacts with the Norwegian Polar Institute has revealed that they use UTC+2 (Norwegian DST) during the dark winter, for communication simplicity, since no airplanes fly anyway then)
- ↑ „Time Zone & Clock Changes in Casey, Antarctica“.
Надворешни врски
- Претензии врз Антарктикот (англиски)
- Циклусот ден-ноќ (англиски)
|