Прејди на содржината

Андроник V Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 20:12, 17 ноември 2024; направена од SpectralWiz (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Андроник V Палеолог
Ανδρόνικος Ε' Παλαιολόγος
Византиски цар
На престол1403 - 1407
ПретходникЈован V
НаследникЈован V
Роден(а)1400
Починал(а)септември 24, 1407(1407-09-24) (возр. 7)
ДинастијаПалеолози
ТаткоЈован VII Палеолог
МајкаИрина Гатилусио

Андроник V Палеолог (грчки: Ανδρόνικος Ε' Παλαιολόγος) (близу 1400 – близу 1407) бил совладетел на Византија со неговиот татко Јован VII Палеолог.

Андроник V Палеолог бил единствениот син на царот Јован VII Палеолог и Ирина Гатилузио, ќерка на Франческо II Гатилузио. Во времето кога се родил Јован VII бил владетел на Византиското Царство за неговиот чичко Мануил II Палеолог. Во непознат период, веројатно откако неговиот татко се сместил во Тесалоники, Андроник V бил избран за совладетел, веројатно околу 1403/1404. Тој умрел пред да умре неговиот татко, веројатно во 1407.

Владеачкиот статус на двајцата, Јован VII и Андроник V бил целосно почесен и тие не биле целосно означени за совладетели (иако Јован VII владеел како цар во 1390 и регент во Цариград од 1399 до 1403).

  • Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
  • G. Dennis, "An unknown Byzantine Emperor", JÖBG 16 (1967)
  • N. Oikonomides, "John VII Palaeologus and the Ivory Pyxis at Dumbarton Oaks", DOP 31 (1977)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Андроник V Палеолог
Палеолошка династија
Роден(а): непознато 1400 Починал(а): непознато 1407
Владејачки титули
Претходник
Јован V Палеолог
Византиски цар
околу 1403–1407
со Јован VII Палеолог
Наследник
Јован V Палеолог