Прејди на содржината

Алесандро Волта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 10:59, 23 јули 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Детство и работа: Правописна исправка, replaced: Инзаги → Инѕаги)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Алесандро Волта
Alessandro Volta
Алесандро Волта
Роден(а)18 февруари 1745
Комо, Миланско Војводство, денешна Италија
Починал(а)март 5, 1827(1827-03-05) (возр. 82)
Комо, денешна Италија
НационалностИталијанец
Познат(а) поелектрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи

Алесандро Волта (италијански: Alessandro Volta; 18 февруари 1745 - 5 март 1827) — италијански физичар[1][2], чија заслуга е изумувањето на првата електрична батерија, Волтин столб кој тој го изумил во 1799 година и чии резултати ги објавил во 1800 година во дводелното писмо до претседателот на Кралското друштво.[3][4] Со овој изум Волта докажал дека електрицитетот може да се создаде по хемиски пат со што ја побил преовладувачката теорија дека електрицитетот е создаден единствено од живите суштества. Волтиниот изум поттикнал голем број на научен восхит што пак довело останатите да спроведат слични експерименти , кои придонеле за развој на електрохемијата.[4] Алесандро Волта го привлекол вниманието на Наполеон Бонапарт со својот изум и тој бил поканет да присуствува на Институтот на Франција за да го прикаже неговиот изум пред членовите на институтот. Всушност Волта уживал одреден степен на почит кај Царот низ неговиот живот и му биле доделени голем број на почести.[5] Алесандро Волта предавал експериментална физика на Павискиот универзитет цели 40 години и бил идолизиран од неговите студенти.[5] И покрај неговиот професионален успех, Волта настојувал да биде наклонет кон семејниот живот и ова било поизразено во неговите подоцнежни години. Во овој период тој настојувал да живее изолирано од јавниот живот повеќе поради неговата фамилија сè до неговата смрт во 1827 година од сериозната болест која започнала во 1823 година.[5]

Во негова чест е наречена единицата за електричен потенцијалволт“ (V).

Детство и работа

[уреди | уреди извор]

Волта е роден во Комо, град во денешна северна Италија (во близина на швајцарската граница) на 18 февруари , 1745. Во 1794, Волта се оженил со аристократската дама, Тереза Перегрини која исто така потекнувала од Комо. Со нејзе тој имал три сина: Џовани, Фламинио и Занино. Неговиот татко Филипо Волта имал благородничко потекло. Неговата мајка Дона Мадалена потекнувала од семејството Инѕаги.[6]

Во 1774, тој станал професор по физика на Кралското училиште во Комо. Година подоцна тој го подоврил и прославил електрофорот, направа која создавала статичен електрицитет. Ова претставување на уредот било толку обемно што честопати откривањето на истиот му било припишувано на самиот Волта, иако истиот начин на работа на уредот бил опишан од страна на шведскиот експериментатор Јохан Вилкево 1762 година.[7][8] Во 1777 патувал низ Швајцарија. Таму се спријателин со Орас-Бенедикт Сосирски.

Во периодот меѓу 1776-78, Волта ја изучувал хемијата на гасовите. Тој го истражувал и одкрил метанот по прочитаниот труд на Бенџамин Френклин од САД во кој се зборувало за „запаливиот воздух“ . Во ноември 1776, тој открил присуство на метан во езерото Маџоре,[9] и во 1778 успеал да издвои метан од водата на езерото.[10] Тој осмислил експерименти како што се запалувањето на метанот со помош на електрична искра во затворен сад. Волта исто така ја изучувал појавата која денес е позната како електричен капацитет, осмислил поинакви начини дза изучување на електричниот потенцијал (V ) и полнежот (Q ), истовремено открил дека за познато тело, тие се пропорционални. Ова може да се каже дека е Волтовиот закон за капацитет, и за оваа своја работа единицата за електричен потенцијал е наречена волт.

Во 1779 тој станал професор по експериментална физика на Павискиот универзитет, позиција која ја држел повеќе од 40 години.[5]

Волта и Галвани

[уреди | уреди извор]
Лујџи Галвани.

Лујџи Галвани открил нешто што тој го нарекол „животински електрицитет“ кога два различни метала се поврзани меѓусебе (со нозе на жаба и меѓусебе). Волта заклучил дека нозете служеле како проводник (ние денес тоа би го нарекле електролит) и сетилник на електрицитет. Наместо нога од жаба, зел хартија потопена во расол и го забележал течењето на електрицитетот кое од претходно му било познато.

На овој начин тој ја открил елеткрохемиската низа и законот на електромоторна сила (ЕМС), искажан преку галванскиот елемент, кој се состои од пар метални електроди одвоени со електролити. Притоа, законот ја дава разликата помеѓу нивните електродни потенцијали, па така, две истоветни електроди и еден заеднички електролит се пребиваат на потенцијал нула. Ова може да се нарече Волтини закон за електрохемиската низа.

Во 1800 година како последица од погрешно поимување на Галвановиот одѕив, Волта го открил Волтиниот столб, кој претставува првобитна батерија што дава постојана електрична струја.[11] Волта утврдил дека најделотворниот пар на неслични метали што произведуваат електрицитет се цинкот и среброто. Првично експериментирал со поединечни ќелии во низа (секоја ќелија била метална винска чаша наполнета со расол), во кој две ставал неслични електроди. На место ова, кај столбот подоцна користел картон натопен во расол.

Првата батерија

[уреди | уреди извор]
Волтин столб

Соопштувајќи го откритието, Волта им оддал почит на Вилијам Николсон, Тибериус Кавало и Абрахам Бенет како влијание.[12]

Батеријата на Волта претставува првата електрохемиска ќелија. Се состои од две електроди: едната од цинк, а другата од бакар. Електролитот може да биде сулфурна киселина измешана со вода или расол. Електролитот постои во облик 2H+ и SO42−. Цинкот, кој е повисок од бакарот и водородот во електрохемиската низа, негативно наелектризираниот сулфат (SO42−). Позивитно наелектризираните јони (протоните) ги фаќаат електроните од бакарот и образуваат меурчиња од водороден хас, H2. Со ова цинковата прачка е негативната елкетрода, а бакарната плочка, позитивната.

Така се добиваат два краја, и кога ќе се поврзат, протекува електричната струјата. Хемиските ракции во оваа Волтина ќелија се следниве:

цинк
Zn Zn2+ + 2e
сулфурна киселина
2H+ + 2e H2

Бакарот не реагира, туку делува како електрода за струјата.

Меѓутоа, оваа ќелија има некои недостатоци: не е безбедна за разкување поради киселината (дури и кога е растворена) и моќта со време ѝ се намалува бидејќи водородниот гас не се испушта, туку се насобира на површината на цинковата електродаи создава пречка меѓу металот и електролитниот раствор.

Последните години и повлекување

[уреди | уреди извор]
Волта му го објаснува својот столб на Наполеон во 1801 г.

Во чест на неговара работа, Наполеон Бонапарт во 1810 г. му дал на Волта титула на гроф.[1] Неговиот лик стоел на банкнотата од 10.000 лири заедно со цртеж на неговата плоча.

Волта се повлекол од работа во 1819 г. на имото во Камнаго во Комо, кое денес го носи името „Камнаго Волта“ во негова чест. Тука и починал во 1827 г.[13] и е погребан во истото место.[14]

Крај езерото, во градините на Комо стои споменик во негова чест наречен „Волтин храм“ (Tempio Voltiano), а неговото дело е овековечено и во посебен музеј во кој е прикажан дел од опремата со која Волта ги вршел опитите. Недалеку се наоѓа деомот Вила Олмо, каде е сместена фондацијат „Волта“ која се занимава со промовирање на научни активности.

  1. 1,0 1,1 Giuliano Pancaldi, "Volta: Science and culture in the age of enlightenment", Princeton University Press, 2003.
  2. Alberto Gigli Berzolari, "nolta's Teaching in Como and Pavia"- Nuova voltiana
  3. „Milestones:Volta's Electrical Battery Invention, 1799“. http://www.ieeeghn.org. IEEE Global History Network. Посетено на 18 February 2015. Надворешна врска во |website= (help)
  4. 4,0 4,1 „Enterprise and electrolysis“. http://www.rsc.org. Royal Society of Chemistry. Посетено на 18 February 2015. Надворешна врска во |website= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Munro, John (1902). Pioneers of Electricity; Or, Short Lives of the Great Electricians. London: The Religious Tract Society. стр. 89–102.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 2015-02-18.
  7. Pancaldi, Giuliano (2003). Volta, Science and Culture in the Age of Enlightenment. Princeton Univ. Press. ISBN 978-0-691-12226-7., p.73
  8. Joh. Carl Wilcke (1762) "Ytterligare rön och försök om contraira electriciteterne vid laddningen och därtil hörande delar" (Additional findings and experiments on the opposing electric charges [that are created] during charging, and parts related thereto) Kongliga Svenska Vetenskaps Academiens Handlingar (Proceedings of the Royal Swedish Science Academy), vol. 23, pages 206-229, 245-266.
  9. Alessandro Volta, Lettere del Signor Don Alessandro Volta … Sull' Aria Inflammabile Nativa delle Paludi [Letters of Signor Don Alessandro Volta … on the flammable native air of the marshes] (Milan, (Italy): Guiseppe Marelli, 1777).
  10. „Methane“. BookRags. Посетено на 26 January 2012.
  11. Robert Routledge (1881). A popular history of science (2. изд.). G. Routledge and Sons. стр. 553. ISBN 0-415-38381-1.
  12. Elliott, P. (1999). „Abraham Bennet F.R.S. (1749-1799): a provincial electrician in eighteenth-century England“ (PDF). Notes and Records of the Royal Society of London. 53 (1): 59–78. doi:10.1098/rsnr.1999.0063. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-03-27. Посетено на 2015-02-18.
  13. „Volta“. Institute of Chemistry - Jerusalem. Архивирано од изворникот 2009-04-08. Посетено на 2009-05-01.
  14. For a photograph of his gravesite, and other Volta locales, see „Volta's localities“. Посетено на 2009-06-20. [мртва врска]

Надвореши врски

[уреди | уреди извор]