Косте Волканоски
Косте Волканоски | |
---|---|
01.01.1961 – † 25.06.2001 (40 г.) | |
Роден во: | Прилеп, СР Македонија |
Починал во: | Попова Шапка |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Специјалец во МВР |
Единици: | ПЕП |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Косте Волканоски (Прилеп, 1 јануари 1961 – Попова Шапка, Шар Планина, 25 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 25 јуни 2001 на Попова Шапка од 120-милиметарска граната која доаѓала од селото Бродец, испукана од албанските терористи.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 и сведоштва
[уреди | уреди извор]Косте Волканоски е роден на 1 јануари 1961 година во Прилепско. Коста останува сирак уште кога бил во средното училиште. Косте беше 20 години во брак со неговата сопруга, а во Неготино тој жи��ее од 1980 година, откатко бил распореден како полицаец во тој град. Неговата сопруга има многу забелешки за односот и третманот кон нејзиниот сопруг од страна на претпоставените и некои колеги во неготинската полициска станица. Иако неколкупати ги замоли да прескокне еден терен, зашто гледаше дека многу колеги воопшто не „видоа“ како изгледа фронтот, како за инает секогаш беше во списоците за фронтот. Во 1999 година е испратен во Косово кога таму беше многу ризично за полицијата. За време на војната 2001 година учествува во воени акции и борби во Дебар, Танушевци, Арачиново, Кумановско и на крајот на Попова Шапка. За матурската вечер на синот дојде само на неколку часа, и изутрина уште во 06:00 часот повторно го собраа и пак го однесоа на терен.[2]
На 26 јуни 2001 година, Косте загинува во кукавички напад на албанските терористи, кои од високите предели на Шар Планина, скриени како полски глувци во земјанките по работ на шумите, гаѓаа со минофрлачи од 120 мм по објектите на Шара. На балконот во објектот каде што биле сместени, Волканоски е погоден со шрапнел во пределот на препоните. Според сопругата, Косте можеби можел да се спаси доколку навреме му била пружена стручна и соодветна медицинска помош која ја немало во близина. Дури тој обилно крварел во ходникот на хотелот во кој биле сместени, немало дури ниту обичен болничар што ќе се обиде да му помогне. Како што кажале подоцна колегите со кои бил во објектот, прва помош се обидело да му пружи некое момче кое имало завршено ветеринарско школо, а хеликоптерот од Скопје со комплетна медицинска екипа успеал да стигне на Попова Шапка дури по околу час и половина. Косте во Неготино беше еден од најголемите крводарители, има подарувано крв повеќе од 40 пати, и како судбина, умре затоа што искрвари. Поради обилното крварење, ранетиот Косте починува за помалку од половина час. Освен него во тој минофрлачки напад потешко и полесно се ранети уште четворица негови колеги од Неготино. Косте Волканоски беше единаесетти Македонец што загина во месец јуни. Зад себе ги остави сопругата, ќерката и синот.[3]
Во негова чест, во Попова Шапка е поставена спомен плоча, но по брзо време искршена од непознати вандали.[4] Косте Волканоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „13 години од загинувањето на бранителот Косте Волканоски“. negotino.gov.mk. 25 јуни 2014. Посетено на 2015-04-08.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 139 – 141
- ↑ „12 години од загинувањето на бранителот Косте Волканоски“. press24.mk. 25 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-08.
- ↑ „Достоинство: Спомен-плочата е искршена пред очите на полицијата“. negotino.gov.mk. 30 март 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-04-08.
- ↑ „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-29.