Прејди на содржината

Дијалектологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:39, 3 февруари 2024; направена од P.Nedelkovski (разговор | придонеси) (#1Lib1Ref, #1Lib1RefCEE)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Дијалектологија[1][2] (грч. dialektos= говор, зборување, logos= наука) — гранка на лингвистиката која се занимава со проучување на дијалектите на одделни јазици. Задача на дијалектологијата е да ги открива и проучува законитостите на настанокот на дијалектите и да го следи нивниот развој. Дијалектологијата може да ја проучува историската перспектива на дијалектите или нивната современата состојба. Таа го прикажува севкупниот преглед на фонетскиот и акцентскиот систем, морфологијата, синтаксата и лексиката на дијалектите. Историскиот и современиот пристап кон проучувањето на дијалектите се заемно поврзани т.е. при современо проучување на дијалектите секогаш се зема предвид историскиот фактор и обратно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Проучувањето на дијалектите започнало некаде во втората половина на XX век. Прв проучувач на дијалектите бил Георг Венкер (гер.Georg Wenker), кој во 1876 започнал да испраќа еден вид на поштенски прашалници низ разни населени места во северна Германија. Овие писма всушност содржеле една неколку реченици напишани на литературен германски јазик, и место за да се транскриптираат истите на разните наречја т.е. дијалекти. Во наредниот век, дијалектологијата се развила и станала огромна гранка на лингвистиката.