Прејди на содржината

Павлос Мелас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павлос Мелас
Роден 29 март 1870
Марсеј, Франција
Починал 13 октомври 1904
Статица, Костурско, Егејска Македонија

Павлос Мелас (грчки: Παύλος Μελάς 29 март 1870 - 13 октомври 1904) — грчки офицер, еден од првите раководители на грчката вооружена пропаганда во Македонија, член на Елиномакедонскиот комитет, учесник во Борбата за Македонија и национален херој на Грција. Во негова чест е наречена општината Павлос Мелас во Солунскиот округ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекло и школување

[уреди | уреди извор]

Павлос Мелас е роден во Марсеј, Франција во семеjството на политичарот Михаил Мелас, чиј род бил со потекло од Северен Епир. На рана возраст се преселил во Атина за да се школува, завршил грчко воено училиште како лајтант на артилеријата во 1891 година по што и се придружил на грчката армија.

Борба за Македонија

[уреди | уреди извор]

Пионир на грчката вооружена пропаганда

[уреди | уреди извор]
Портрет на Мелас

Мелас зедно со својот шура Јон Драгумис, кој бил грчки конзул во Битола, и костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис бил пионир на грчката вооружена пропаганда во Македонија. По препорака на митрополитот Каравангелис, Мелас ги прифатил децата на Коте Христов кој преминал на грчка страна, а кога тој доаѓал во Атина, Мелас се грижел за неговото сместување [1].

Некролог на Павлос Мелас со неговите последни зборови: Да не остане Бугарин [белешка 1]

Митрополитот Каравангелис испраќал извештаии во Грција, во кои истакнувал дека грчкото население во Македонија трпи терор од Бугаркиот комитет [белешка 1]. Со овие извештаии, митрополитот предизвикал да дојде до едно движење за грчка акција во Македонија, а негови иницијатори биле: Панајотис Данглис, Мелас, Ексадактилос, Константинос Мазаракис, Георгиос Цондос, Стефанос Драгумис и маркизата Луиза Рианкур.

Под влијание на овие извештаии Мелас стапил во коресподенција со Германос Каравангелис, а во своите писма до митрополитот, тој му честитал за неговата борба потенцирајќи дека во Атина му се придружиле голем број на души кој активно дејствувале околу владата.

Меѓутоа грчката влада сè уште не била подготвена дирекно да се вклучи со организирање и испраќање на андартски чети во Македонија и затоа Мелас на своја рака му испратил оружје на митрополитот Каравангелис за потребите на локалните грчки чети во Македонија.

Нивната соработка продолжила. На барање на митрополитот, Мелас за Македонија организирал и испратил една група од 10 критјани, а меѓу нив биле Ефтимиос Каудис и Георгиос Диконимос.

Во 1902 година во Атина бил формиран Македонскиот комитет (Елиномакедонски комитет) на чело со Димитриос Калапотакис. Овој комитет имал за цел засилување на грчката идеја меѓу населението во Македонија и создавање на услови за присоединување на поголем дел од Македонија кон грчката држава.

Митрополитот Германос Каравангелис и Мелас, споменик на Мелас во дворот на митрополијата во градот Костур

Калапотакис во согласност со грчкиот премиер Теотолис, во март 1904 година ја испратил првата официјална разузнавачка андартска мисија во Македонија, таа бил составена од 4 офицери: Мелас, Папулас, Колокотронис и Кондулис.

Тие во придружба на Коте Христов направиле една поширока обиколка на Корештата и Леринско. По враќањето тие поднеле извештај до грчкото министерство, но нивните мислења биле различни, а таквата разлика завршила со рапсравија меѓу Мелас и Колокотронис.

Папулас и Колокотронис тврделе дека нема услови во Македонија за делување на Елиномакедонскиот комитет, меѓутоа Мелас истакнал: Имаме... центри и војводи и одбранбени средства и наше население [1]. Ваквото разногласие, придонело грчката влада сè уште да не се осмелува да презема конкртени мерки во Македонија.

Офицерите во поглед за условите за делување во Македонија биле поделени, меѓутоа Мелас притискал дека треба да се почне со испраќање на грчки чети, кој требало да ја разбијат мрежата на Македонската револуционерна организација и да ги засилат позициите на Цариградската патријаршија во Македонија

Откако биле извршени сите подготовки, во есента 1904 година андартските чети започнале масовно да навлегуваат во Македонија, а меѓу нив се нашол и Мелас со своја чета.

Раководител на грчката вооружена пропаганда во Западна Македонија

[уреди | уреди извор]
Фотографија на Мелас

Мелас за првпат како андартски капетан во Македонија влегол во јули 1904 година со мала чета, како официјален водач за Костур, поставен од грчката влада. За да се држи во тајност инволвираноста на грчката држава во навлегувањето на андартските чети, Мелас, како и другите инволвирани офицери, користел псевдоник и тогаш во Македонија навлегол под името Петрос. По преминувањето на границата, Мелас испратил писмо до својата жена во кое истакнал:

Пирзас преведуваше емотивно, гласно, и со многу страст, додека Котас зборуваше на македонски јазик. Учителот ги натера децата да испеат нешто. Ние не можевме да кажеме дали јазикот беше македонски или грчки. Сите ученици знаат како да читаат и пишуваат (грчки), но едвај некое знае да го зборува... Јас научив неколку македонски збора, кои им ги кажувам на жените и мајките, што им причинува задоволство ... [2]

Пред да навлезе во Македонија му пишал на митрополитот Каравангелис, да му обезбеди дополнително засилување кое би се состоело од месни лица. Откако Мелас ја минал грчко-турската граница кон неговата чета се приклучил Алексис Караливанос, кој добро го познавал теренот и со него пристигнал во Костур. Таму во четата на Мелас, по препорака на митрополитот Германос, влегле неколку души од четата на починатиот Вангел и идните војводи Григор и Христо од Сребрени. По дваесет дена се сретнал со грчкиот конзул од Солун, Ламброс Коромилас, пред него ја претставил положбата на грцизмот во Македонија и заедно подготвиле план за напад врз четите на Македонската револуционерна организација. На 18 август Мелас под псевдонимот капетан Микис Зезас влегол по третпат во Македонија со чета составена од критјани, маниоти и локални македонски грци и гркомани. Пред првенците на Чрновишча одржал говор во кој истакнал:

Треба да ги спречам Бугарите во извршување на злоделата и во повторувањето на минатогодишното лажно востание, зошто целиот свет е на пат да признае, дека тука има само Бугари. Ова треба да стане оваа година, а следната година можам да работам и за слободата [3].

Грчката влада му дала упатства на Мелас да не се судира со турската војска, а митрополитот Каравангелис го посоветувал да не навлегува во Корештата тука полека да го освојува теренот. Меѓутоа тој веднаш посетил голем број на македонски села агитирајќи меѓу селаните и работејќи систематски. Во селото Прекопана и како одмазда ги ликвидирал убијците на патријаршискиот свештеник Христо. Потоа ги посетил селата Сребрено, Лехово, Невска и Белкамени.

Митре Влаот
Четата на Павлос Мелас

Додека се наоѓал во последното село разбрал дека во Нерет се наоѓал војводата на Македонската револуционерна организација, Митре Влаот. Мелас со својата чета се упатил во Нерет и ја опколил куќата во која се наоѓал Митре Влаот. Меѓутоа за доаѓањето на андартската чета разбрале турските власти и била испратена турска војска во селото која почнала да стрела врз Мелас и неговите луѓе. Во престрелката загинал фармацевтот Модис од Битола, а бидејќи Мелас се нашол во вкрстен оган со својата чета морал да се повлече. Мелас со својата чета заминал за селото Жељово каде требало да се сретне со Павел Киров и Каудис, а Митре успеал да се засолни и спаси. Мелас во својот последен извештај до Елиномакедонскиот комитет истакнал:

Јас испратив писмо до леринскиот кајмакам, во кое му најавив дека мојата цел е само да ги казнам бугарските злосторници и да ги заштитам нашите браќа од бугарските орди, дека нема да закачам никого, ќе плаќам за се и ќе ги уважувам турската власт и војска

Поради овој судир грчкиот конзул од Битола, Калергис, по барање на турските власти бил отстранет од службата бидејќи кај убиениот Модис била најдена белешка од грчкиот конзул во која тој го препорачал фармацевтот кај Мелас како човек од доверба.

Судирот во Статица
[уреди | уреди извор]

Мелас на пат за Жељово, поради временските услови бил принуден да се задржи во селото Статица, Костурско. Меѓутоа Митре Влаот кој најверојатно детално бил известуван за движењето на Мелас, испратил едно писмо напишано на грчки јазик до турската војска која се наоѓала во близина. Писмото било напишано од страна на Констандинос и по диктата на Митре Влаот, а во него било истакнато дека: во Статица на тоа и тоа место се наоѓа сокриен Митре Влаот, за чиешто убиство Турската влада ветувала награда поради неговите многубројни и страшни злосторства[1].

Митре Влаот успеал да го намами аскерот да се упати во Статица, Мелас насетувајќи дека нешто се случува со револвер во раката излегол да извиди и тогаш бил погоден со плутон и паднал на земја по што починал. Неговите андарти успеале да го приберат неговото тело во куќата од каде почнале да даваат отпор, меѓутоа поради бројноста на аскерот морале да се предадат откако претходно го скриле телото на Мелас [1]. Заробените андарти биле триуфално испретени во костурскиот затвор, а меѓу нив биле Гиоргис Воланис и Григор и Христо, роднини на починатиот андартски капетан Вангел Георгиев. Караливанос и неколку души кој биле сместени во други куќи успеале да избегаат. Аскерот го напуштил селото без воопшто да знае дека погинал Мелас.

Кога митрополитот Германос Каравангелис разбрал за смрта на Мелас им кажал на затворените андарти да не го кажуваат името на нивниот водач надевајќи се дека смрта на Мелас ќе остане тајна. На Дине од Сатница, побарал за паричен надоместок да пренесе телото на Мелас во Костур. Германос Каравангелис за смрта на Мелас го известил грчкото конзуларатсво, а тоа телеграфски го известило министерството, веста за смрта на Мелас била со несреќа примена од граѓаните на Атина.

Податотека:Paulos Melas Statue, Drama.jpg
Споменик на Мелас во Драма

Меѓутоа турските власти телеграфски од Атина разбрале дека загинал Мелас, зетот на Драгумис и издале наредба за пронаоѓање на телото на Мелас. Во Сатница пристигнал аскерот и Дине немал време да го пренесе телото на Мелас и затоа ја исекол неговата глава и ја пренел во Псодери каде што била закопана во тамошната црква [1].

Телото на Мелас било земено од аскерот и пренесено во Костур. Во градот, турските власти сакајќи да го откријат идентитетот на обезглавеното тело, притискале дека тоа е Митре Влаот и сакале да го предадат на Македонците-егзархисти [белешка 2] за да го закопаат на егзархиските гробишта. Меѓутоа под притисокот на Германос Каравангелис, кој тврдел дека телото е на гркот Ѕеѕас (псведоним на Мелас) без да го открива неговиот вистинскиот идентитет, турските власти телото го предале на Каравангелис за да го заккопа на грчките патријаршиски гробишта.

Гробот на Мелас во Костур

Германос Каравангелис го закопал телото на Мелас на патријаршиските гробишта наспроти грчката митрополија, каде што му направил мал надгробен споменик. Кон крајот на 1904 или почетокот на 1905 година од Атина пристигнала жената на Мелас, Наталија Мела. Таа се сместила во Митрополијата и заедно со Каравангелис и неговите две сестри го посетила гробот на нејзиниот маж, по што поради нејзина безбедност ја напуштила Македонија.

По три години, Стефанос Драгумис му пратил писмо на митрополитот во кое го известил дека во Костур ќе пристигне неговата ќерка Наталија Мела. Со неа пристигнале, Кокос, брат на Мелас, Јон Драгумис и грчкиот конзул од Битола. Наталија Мела побарала главата на Мелас да биде донесена од Псодери, а тоа го направил секретарот на патријаршиската леринска митрополија.

Черепот и коските на Мелас биле ставени во сандаче во кое имало земја од семејниот гроб, донесена од неговата жена, како и разни спомени од неговите деца. Ноќта на поменот, Германос Каравангелис отворил еден гроб и ги положил останките на Мелас покривајќи ги со цемент [1].

Грчки национален херој

[уреди | уреди извор]

По смрта Мелас бил прогласен за грчки национален херој и денес неговото име е симбол на Грчка Македонија (Егејска Македонија). Голем дел од неговите лични предмети се наоѓаат во музеите на „Македонската борба“ (грчко именување за грчката вооружена пропаганда) во Солун и Статица, како и во музејот Павлос Мелас во Костур. Во 1927 година новите грчки власти го преименувале селото Статица во Мелас, а неговото име го носта неколку плоштатди во Солун, Атина, Кожани и други градови.

Македонски фолклор

[уреди | уреди извор]

Павлос се спомнува во македонската народна песна Народе Македонски, во која се опејува анартскиот напад врз селото Загоричани.

Каде е Караиванов
и дружината му,
Мелас Каравангелис
Битола в затвор е тој.

Родословно дрво на фамилијата Драгумис

[уреди | уреди извор]
 
 
 
Маркос Драгумис (1770-1854)
 
Зои Софиану-Делијани
 
 
Стефанос Георгантас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ЈоанисНиколаос (1809-1879)
 
Евфросини Георганта
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Зои (1843-1894)Марика (1846-1941)Маркос (1840-1909)Стефанос (1842-1923)
 
Елиза Кондојанаки
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Павлос Мелас (1870-1904)
 
Наталија (1872-1973)Никос (1874-1933)Ефи (1875-1964)

Хариклија (1876-1966)
Јон Драгумис (1878-1920)Александра (1880-1976)Зои (1882-1964)Маркос (1884-1888)

Марика (1886-1939)
Филипос (1890-1980)Александрос (1891-1977)
 
  1. 1,0 1,1 Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  2. Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Каравангелис, Германос. „Македонската борба (мемоари)“, Култура, Скопије 2000
  2. Извадок од писмата на Павлос Мелас кои и’ ги пишувал на својата сопруга издадени во целост 1964 година во Атина од Наталија Павлос Мела со наслов “PAYLOS MELAS“, цитиран дел од страна 242 ред 11 и 12
  3. Силянов, Хр., „Освободителните борби на Македония“, Том II, стр.139

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Ναταλία Μελά, "Παύλος Μελάς", Αθήνα 1964
  • Διεύθυνσις Ιστορίας Στρατού, "Ο Μακεδονικός Αγών και τα εις Θράκην γεγονότα", Αθήναι 1979
  • Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα, "Οι απαρχές του Μακεδονικού Αγώνα (1903-1904)", Θεσσαλονίκη, 1996
  • Γεώργιος Τσόντος-Βάρδας, "Ο Μακεδονικός Αγών. Ημερολόγιο", Αθήνα 2003
  • Τάκης Κύρου, "Ο καπετάν Παύλος Κύρου", Φλώρινα 1978
  • Δημήτρης Λιθοξόου, "Ο ελληνικός αντιμακεδονικός αγώνας", Αθήνα 1998

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]