Прејди на содржината

Стерјо Спасе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 10:19, 15 јануари 2024; направена од 217.16.85.104 (разговор) (има грешка во месецот кога починал. Не е септември туку ноември)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Стерјо Спасе
Роден 1914
Глобочани, Мала Преспа, Албанија
Починал 1989
Тирана, Албанија
Националност Македонец
Познат албански писател
Занимање писател и книжевен критичар
Деца Илинден Спасе

Стерјо Спасе (албански: Sterjo Spasse; Глобочани, 1914 - во Тирана) се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература. Воедно, тој е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.[1] Стерјо Спасе е татко на Илинден Спасе, македонски и албански писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Стерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, денес Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија. Своето образование го започнал во основно училиште во Корча (Горица) и го продолжил во Елбасан. Спасе работел како наставник во Дервичане во близина на Ѓирокастро, а подоцна отишол на Универзитетот во Фиренца во Италија да студира педагогија. Стерјо Спапсе завршил магистратура во СССР. По Втората светска војна тој работел како книжевен критичар и пишувал за списанијата „Ново училиште“ и „Популарно образование“. Стерјо Спасе исто така пишувал и за списанијата „Наша литература“ и „Ноември“. Стерјо Спасе биле член на Албанската лига на писатели и уметници.[2] Спасе умрел во Тирана во 1989.

Тој својата писателска кариера ја започнал кога предавал како наставник во селското училиште во Дервичане во близина на Ѓирокастро на 18 годишна возраст. Во 1935 година ја напишал својата најпозната книга „Зошто?“ или позната под целосниот наслов „Од живот за живот - зошто?“. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Позначајни романи на Спасе се:

  • Зошто? (Pse?, 1935),
  • Афардита (Afërdita; 1944),
  • Тие беа осамени (Ata nuk ishin vetëm; 1952),
  • Афардита повторно на село (Afërdita përsëri në fshat; 1954),
  • Езерото (Buzë liqenit; 1965),
  • На женскиот сокол (Sokolesha, 1966)
  • Оган (Zjarre...; 1972),
  • Будење (Zgjimi; 1973),
  • Свештеничка (Pishtarë; 1975),
  • Или смрт или слобода (Ja vdekje ja liri; 1978),
  • Бунтовниците (Kryengritësit; 1983).
  • Денес или никогаш (O sot, o kurrë!; 1989)

Кратки раскази

[уреди | уреди извор]
  • Круна на младоста (Kuror rinie; 1934),
  • На раката на една жена (Në krahët e një femre; 1934),
  • Nusja pa duvak (1944)
  • Поздрав од село (Të fala nga fshati; 1958)
  • Писма до мојот внук во Тирана Аријан од Македонија и Косово (Letra nipit tim Arian në Tiranë nga Maqedonia dhe Kosova, 1975 а во 1995 година во превод на македонски.)
  1. „Биографија на Стерјо Спасе“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2012-05-05.
  2. STERJO SPASSE Nga jeta në jetë PSE ?!..., page 211 - (Shënime për autorin), botimi i dytë, Redaksia e Botimeve "RILINDJA", Prishtinë 1986.<

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]