Ангел Шурев
Ангел Шурев | ||
Роден | Ангел Шурев 18 април 1932 Велес, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 14 февруари 2004 Белград, Србија и Црна Гора | (возр. 71)|
Националност | Македонец | |
Занимање | диригент |
Ангел Шурев (18 април 1932 во Велес — 14 февруари 2004 во Белград) — познат македонски и југословенски диригент.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Во 1956 година дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград кај професорот Живоин Здравковиќ, а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“.
Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ во периодот 1956-1960. Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во Белградската опера (1960-1967), како уметнички раководител и диригент на уметничките ансамбли на Домот на ЈНА (1967-1977), а во 1977 до 1998 година диригент и директор на Белградската филхармонија.
Како диригент настапувал во повеќе земји на Европа, Азија и Америка, изведувајќи оперски, балетски и симфониски дела од својот репертоар, со посебно пропагирање на југословенското и македонското творештво. Реализирал голем број снимки на електронските медиуми.
Именување
[уреди | уреди извор]Во неговиот роден град Велес во 2019 година бил основан градскиот камерен оркестар, кој бил наречен по него.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шундовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1670. Text "series " ignored (help)
- ��� „Во Велес формиран Градски камерен оркестар „Ангел Шурев" » opserver.mk“. opserver.mk. 2019-05-25. Архивирано од изворникот на 2021-07-30. Посетено на 2020-08-03.
- ↑ Мај, 27; Музика, 2019 | (2019-05-27). „ВЕЛЕС ГО ДОБИ КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „АНГЕЛ ШУРЕВ"“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2020-08-03.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)