Црква „Св. Димитриј“ - Владово
Свети Димитриј | |
---|---|
Άγιος Δημήτριος | |
40°48′24″N 22°0′18″E / 40.80667° СГШ; 22.00500° ИГД | |
Место | Владово, Воденско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1818 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Воденско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во селото Владово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквае е гробишен храм сместен во североисточниот дел на селото. Изградена е во 1818 г.[1] Во дворот, североисточно од црквата, има остатоци од скриена црква, подоцна користена како костурница во османлиско време.[1][2]
Храмот е трикорабна базилика со женска црква и припрата. Обновен е во 1949 г., запазувајќи го оригиналниот план.[2]
Царските икони и другите икони на иконостасот се од средината на XIX век, дело на месни зографи. Во храмот се собрани вредни икони од црквите во тој дел на Воденско, од кои најстарата е од 1609 г.[2] Три преносливи икони се од XVII век, две од XVIII и 41 од XIX век.[3]
Трите најстари икони — „Христос Седржител“, „Света Недела“ и Света Петка“ и „Свети Атанас“,[3] а книгите се земени од денес пропаднатата црква „Св. Дионисиј Олмписки“, чии урнатини стојат во месноста Селиште. Тој храм е основан околу 1600 г. и напуштен во 1820 – 1830 г.[4] Трите икони се дело на месни мајстори со јасно видливо западномакедонско влијание.[3] Двете икони од XVIII век се на Свети Ѓорѓи и на Свети Димитрија и имаат впечат��иви народни украси.[3]
Црквата „Св. Димитриј“ е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 574. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/581003/1330/6-1-1995 - ΦΕΚ 116/Β/23-2-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-20. Посетено на 18 октомври 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58110/1332/5-1-1995 - ΦΕΚ 165/Β/10-3-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-20. Посетено на 18 октомври 2014.