Прејди на содржината

Планково време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:45, 13 април 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Исправена предлошка, replaced: цмс → нмс (2))

Планково време (tP) — единица за време од системот на природни единици наречени Планкови единици. Го претставува времето што ѝ е потребно на светлината во вакуум да пропатува растојание од 1 Планкова должина.[1] Единицата го носи името на нејзиниот изумител, германскиот физичар Макс Планк (1858-1947).

Планковото време се дефинира како:[2]

каде:

е намалената Планкова константа (понекогаш во дефиницијата се користи наместо [1])
G = гравитациска константа
c = брзина на светлината во вакуум
е единицата за време во SI-системот — секундата.

Двете цифри во заграда ја претставуваат стандардната грешка на проценетата вредност.

Значење

Едно Планково време е времето што му е потребно на еден фотон што се движи со брзина на светлината да помине растојание од една Планкова должина. Во теорија, ова е најмалата возможна мерка за време,[3] приближно 10−43 секунди. Во рамките на законитостите на физиката (според денешното сфаќање), времетраењата помали од едно Планк��во време не можат да се измерат, и во тој интервал не е можно да се забележи никаква промена.

Најмалиот непосредно измерен временски интервал изнесува 12 атосекунди (12 ⋅ 10−18 секунди),[4] околу 1024 пати поголем од Планковото време.

Оваа единица му припаѓа на полето на математичката физика познато како димензионална анализа, кое се занимава со изучување на мерните единици и физичките константи. Планковото време е комбинација од гравтициската константа G, константата на релативитетот c и квантната константа h каде која добиваме константа со единици за време. Кај случувањата во време t што траат пократко од Планковото време, бездиомензионалната величина tP / t е поголема од еден. Димензионалната анализа укажува на тоа дека под овие околности ефектите на квантната механика и гравитацијата би играле значајна улога, со што се јавува потреба од квантна гравитација. Сите научни опити и човекови искуства се случуваат во текот на милијарди милијарди Планкови времиња, па затоа настаните со Планково времетраење се мошне тешки за откривање.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Модели на Големата експлозија во рамките на Планковото време“. Државен универзитет на Џорџија. 19 јуни 2005. (англиски)
  2. CODATA - Вредности: Планково време – NIST (англиски)
  3. „Планково време“. Енциклопедија „COSMOS“. Свинбернски универзитет. (англиски)
  4. „Рекордот за накјратко совладливо време изнесува 12 атосекунди“. - PhysOrg (англиски)