Прејди на содржината

Халоген

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Халоген елемент)

Халогените елементи се хемиските елементи во групата 17 (стар стил: VIIB) од периодниот систем. Се состои од елементите: флуор (F), хлор (Cl), бром (Br), јод (I), астат (At), и вештачкиот елемент тенесин (Ts). Енергијата на јонизацијата и електронегативноста опаѓаат со зголемувањето на атомскиот број на елементот во групата.

Двоатомски халогени молекули

[уреди | уреди извор]
халоген молекула структура модел d(X−X) / pm
(гасовита фаза)
d(X−X) / pm
(цврста фаза)
флуор
F2
143
149
хлор
Cl2
199
198
бром
Br2
228
227
јод
I2
266
272