Врховен суд на Република Македонија
Изглед
(Пренасочено од Врховниот суд на Македонија)
Врховен суд на Република Македонија | |
---|---|
Основан | 1945 |
Надлежност | Македонија |
Местоположба | Скопје, Македонија |
Мрежно место | www.vsrm.mk |
Претседател на Врховниот суд | |
Моментално | Беса Адеми |
Од | 12 февруари 2021 |
Портпарол на Врховниот суд | |
Сегашен | Милчо Велјаноски |
Од | 3 февруари 2023 |
Врховниот суд на Република Македонија е највисокиот суд во Република Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Република Македонија се конечни и извршни.
Врховниот суд на Република Македонија е сместен на ул. Крсте Мисирков бб во Скопје.
Надлежност на Врховниот суд
[уреди | уреди извор]Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен:[1]
- да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
- да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
- да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и
- да врши други работи определени со закон.
Сегашен Состав на Врховниот суд
[уреди | уреди извор]Составот на врховниот суд според 2024 година:
# | Име | Слика | Мандат | Преземање функција |
---|---|---|---|---|
1 | Беса Адеми | Претседател | 2021 | |
2 | Владимир Стојаноски | Член | 2010 | |
3 | Јелица Крстевска | Член | 2011 | |
4 | Џемали Саити | Член | 2012 | |
5 | Шпенд Деваја | Член | 2013 | |
6 | Африм Фидани | Член | 2017 | |
7 | Цветанка Периќ | Член | 2019 | |
8 | Мирјана Лазарова Трaјковска | Член | 2020 | |
9 | Сафет Кадрии | Член | 2020 | |
10 | Анита Бошковска | Член | 2023 | |
11 | Катерина Георгиевска | Член | 2023 |
Оваа статија е дел од темата |
Политиката на Македонија |
---|
Портал: „Политика“ |