ФК Стоук Сити
Стоук Сити | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Стоук Сити | ||
Прекар | Грнчари | ||
Основан | 1863 | ||
Стадион | Стадион Бет365 | ||
Капацитет | 28,384 | ||
Сопственик | Бет365 групација | ||
Претседател | Џон Коутс и Питер Коутс | ||
Менаџер | Мајкл О’Нил | ||
Лига | Чемпионшип | ||
2019–20 | Чемпионшип лига, 15-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
ФК Стоук Сити е фудбалски клуб со седиште во Стоук на Трент, Стафордшир, Англија. Основан е во 1863 година, Стоук е најстариот клуб во Премиер лигата, и се верува дека е втор најстар професионален фудбалски клуб во светот, по Нотс Каунти.
Фудбалерите на Стоук ги играат своите домашни натпревари на Британија стадионот, а бројката од 28.384 вкупно седишта на стадионот беше намалена на 27.598 по сегрегацијата.Стадионот беше отворен во 1997 година; пред овој датум Стоук играа на Викторија Граунд, кој бил нивниот дом од 1878 година (рекорд на 119 години моментално го дели со Вулверхемптон Вондерерс).Прекар на клубот е грнчари (по грнчарската индустрија во Стоук на Трент) и нивниот домашен дрес е црвено-бела вертикално комбинација со бели шорцеви и бели чорапи.
Пред нивната промоција 2008 година, Стоук не учествувал во највисоката фудбалска лига во Англија од 1984-85 сезона, во која што испаднаа со вкупно 17 бода, рекордно ниски вкупно за 21 година.Првиот голем трофеј за Стоук беше во 1972 кога го освоја Лига Купот,го победија Челзи со 2-1.Клубот го има освоено Фудбал лига трофи на двапати, прво во 1992 година и неодамна во 2000 година.
Историја
[уреди | уреди извор]ФК Стоук сити, се смета за втора најстара екипа во англискиот фудбал,формиран во 1863 година, под името Стоук Рамблерс, кога учениците од Чартерхаус школата формирале фудбалски клуб, додека чираци на Северен Стафордшир железницата работеле во Стоук на Трент.Прво запишано појавување на клубот беше пет години подоцна, во октомври 1868 г. против EW May XV на Викторија Крикет клуб стадионот.Хенри Елмонд, основач на клубот, исто така беше капитен, и го постигна првиот гол во историјата на клубот.Во текот на овој период тие играат на Викторија Крикет стадионот; меѓутоа, тие насапуваа и на блискиот стадион во Свитингс Филд во 1875 за да се справат со зголемувањето на публиката.
Во 1878 година, клубот се спои со Стоук Викторија Крикет клуб, и стана Стоук фудбалски клуб.Тие се преселија на нивниот претходен стадион,Свитингс Филд, на Атлетик Клуб граунд, која наскоро станува позната како Викторија Граунд.Беше тоа кога клубот ја усвои нивната традиционална црвено-бела комбинација.Во август 1885 година, клубот стана професионален. Стоук беше еден од дванаесетте основачи и членови на Фудбалската Лига, кога беше воведена во 1888 година. Клубот се бореше во нивните први две сезони, 1888-89 и 1889-90, завршувајќи на дното во двете сезони.Во 1914,поради Првата светска војна лигата беше суспендирана четири години ,до август 1919 година.Во текот на овој воен период, Стоук влезе во Ланкашир основни и средни лиги.
Викторија граунд и Стенли Матјуз
[уреди | уреди извор]Клубот стана сопственик на Викторија Граунд околу 1919 година.Ова беше проследено со изградбата на "Батлер Стенд Стрит",што го зголемува целокупниот капацитет на стадионот до 50.000.Во 1925 година, на Стоук на Трент му беше доделен "статус на град",и ова доведе клубот да го смени своето име во Стоук Сити ФК во 1928 година.
1930-тите можеше да се види дебито на еден многу популарен играч во клубот, Стенли Матјуз. Матјуз, кој израснал во Хенли, бил младинец во клубот и го направи своето прво појавување во 1932 година во март,против Бјури на возраст од 17 години. До крајот на деценијата, Матјуз заиграл за англиската репрезентација и бил еден од најдобрите фудбалери на неговата генерација. Стоук постигнал промоција од втората Дивизија во 1932-33 - како шампиони - сепак Метјус беше вклучен во петнаесет меча во оваа сезона.Тој сепак успеа да постигне гол.Својот прв гол за клубот го постигна во 3-1 победата против локалните соперници Порт Вејл.
Од 1934 година, просекот на посетеноста на клубот достигна повеќе од 23.000,што му овозможи на клубот и на менаџерот Том Махер зголемени средства за трансфери.Клубот сега се смета за еден од најдобрите тимови во земјата. Токму во овој период во кој клубот игра рекордно најдобро го достигнува својот рекорд во лигата од највисока победа ,10-3 го победија Вест Бромвич Албион во февруари 1937 година. Во април истата година, клубот го постигнал својот рекорд во лигата од - 51373 гледачи против Арсенал.33-те лигашки голови на Фреди Стил во сезоната 1936–37 остануваат клупски рекорд.
Испаѓање од лигата
[уреди | уреди извор]Избувнувањето на Втората светска војна беше пречка за понатамошен напредок во лигата и таа беше суспендирана во текот на сезоната 1939-40 за период од 6 години.По продолжувањето на ФА Купот, трагедија го погоди Стоук откако 33 навивачи загинаа,а 520 беа повредени за време на мечот од 6-тото коло нагости против Болтон Вондерерс.Во сезоната 1946-47,Стоук имаа сериозна борба за насловот во лигата.На клубот му требаше победа во нивниот последен натпревар од сезоната за победа во Првата Дивизија и освојување на титулата.Сепак,поразот од 2-1 од Шефилд Јунајтед значеше дека титулата оди во Ливерпул наместо во Стоук.Стенли Метјус замина на 3 меча до крајот од сезоната 1946-47 и одлучи да му се приклучи на Блекпул на возраст од 32 години.
Стоук подлегнаа на испаѓање од Првата Дивизија во 1952-53, во текот на сезоната Боб МекГори поднесе оставка како менаџер на клубот, по 17 години на функцијата.
Сезоните под водство на Тони Вадингтон
[уреди | уреди извор]Тони Вадингтон беше назначен како менаџер на клубот во јуни 1960 година.Тој прво се приклучи на клубот во 1952 година како тренер, пред да биде промовиран за помошник-менаџер во 1957 година.Вадингтон во тимот успеа да го доведе примамливиот Стенли Метјус- сега 46 годишен - се врати назад во клубот, 14 години откако замина.Враќањето на Метјус му помогна на Сити кој заврши на подобрената 8-ма позиција во сезоната 1961-62. Промоцијата беше постигната во следната сезона,кога Стоук завршија како шампиони.Во нивната прва сезона откако се вратија во Првата Дивизија, 1963-64,предводени од Вадингтон Стоук завршија на средината на табелата.Метјус остана влијателна алка во тимот,така што тој му помогна на клубот да дојде до финалето на Лига Купот во 1964,иако тука загуби од Лестер Сити во два меча.
Вадингтон смета на искуство; Денис Вајолет,Џеки Мади,Рој Вернон,Морис Ситерс и Џими МекИлрој беа играчите кој потпишаа во втората фаза на нивните кариери.На Метјус му беше доделена титула витез за услуги на фудбалот на достигнувањата на листата 1965 за Нова Година.Ова беше проследено со неговиот 701,и последен , лигашки натпревар за клубот против Фулам во февруари 1965 година, кратко време по неговиот 50-годишен јубилеј.Гордон Бенкс,победник со Англија на Светското првенство 1966 (инаку голман),се придружи во 1967 година за сума од 52.000 фунти од Лестер сити.Тој се смета за најдобар голман во светот,Бенкс се покажа како вистинско засилување за Вадингтон и тој многу помогна на клубот за одржување на стабилноста во 1-вата дивизија.За една сезона во 1967 година, Стоук Сити беше уведен како Кливленд Стоукерс на Кливленд, Охајо, играјќи во Американскиот фудбалски сојуз. Тимот се појави како финалист на Источната Дивизија,но за еден бод го губат првенството на крај.
Клубот ја освои својата прва значајна титула на 4 март 1972 година во финалето на Лига Купот.Стоук го победи фаворизираниот Челзи 2-1 во финалето на Вембли стадионот пред околу 97.852 гледачи.Пред оваа победа, Стоук имаше преку 11 меча за да стигнат до финалето.Ова вклучува четири натпревари со Вест Хем Јунајтед во полуфиналето; два меча беа преигрувани двапати.Стоук помина добро во ФА Купот; клубот дојде до полуфинална фаза и во 1970-71 и 1971-72 сезона. Сепак, во два наврати Стоук губи од Арсенал ФК во повратни мечеви.Стоук Сити, исто така, стана првиот тим од Првата Дивизија што одиграл еден натпревар во недела, кога се соочил со Челзи на 27 јануари 1974
Во јануари 1976 покривот на "Батлер Стенд Стрит" беше разнесен од бура.Поправката и обновувањето го чинеше клубот околу 250,000 фунти што го стави клубот во финансиски проблеми.Поради ова тимот ги стави на продажба Алан Хадсон, Мајк Пејик и Џими Гринхоф за вкупна сума од 440,000 фунти.Стоук испадна во сезоната 1976-77. Тони Вадингтон, по цели 17 години на чело на Стоук, го напушти клубот по поразот 1-0 дома од Лестер Сити во март 1977.
Британија стадион
[уреди | уреди извор]Во сезоната 1997-98 Стоук сити го отвори својот нов стадион Британија, по цели 119 години играње на Викторија граунд.Крис Бејтс беше назначен за менаџер на тимот во првата сезона на новиот стадион.
Враќање во елитната конкуренција
[уреди | уреди извор]Во последното коло од сезоната 2007-2008 Стоук се избори да заврши како втор во Чемпионшип дивизијата (втора лига по ранг во Англија) и на тој начин избори промоција во Премиер лигата под водство на велшкиот менаџер Тони Пјулис.Веднаш потоа во летото 2008 година беа донесени неколку квалитетни и искусни фудбалери како Дејв Китсон,Томас Соренсен,Абдулаје Фаје и Дани Хигинботам.Стоук својот прв меч,во елитниот англиски фудбал го одигра по цели 23 години, против Болтон Вондерерс на гости со пораз од 3:1.Но затоа веќе следниот викенд Пјулис и неговите фудбалери можеа да слават откако со 3:2 на Британија стадионот беше победена екипата на Астон Вила.На крајот тоа излезе одлична сезона за Стоук кој заврши на 12-тото место со цели 11 бодови повеќе од првиот испаднат тим.Во сезоните што доаѓаа Тони Пјулис работеше се по напорно и го засилуваше својот тим со уште повеќе искусни играчи кој пред сè поседуваат одлична физичка сила и се вклопуваат во неговата тактика.Така наредната сезона Стоук заврши едно место погоре на 11-тото место.Во сезоната 2010-2011 тие завршија на 13-тото место,но беа финалисти на ФА Купот каде загубија од Манчестер сити со 1:0.Со пласманот во финале тие изборија место во европските турнири поточно во лигата на Европа.
Стадион
[уреди | уреди извор]Својте домашни натпревари Стоук Сити ги игра на стадионот Бет365 уште од 1997 година. Стадионот порано бил познат под името Британија, но бил преименуван во Бет365 на 1 јуни 2016 година, кога клубот склучил нов договор за право на именување на стадионот со матичната компанија, Бет365. Моменталниот капацитет на стадионот изнесува 28,384 седишта.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Stoke City Fans Forum Архивирано на 16 мај 2014 г.
- Official PFA Team Page Архивирано на 3 септември 2011 г.
- Stoke City at skysports.com
- Stoke City Архивирано на 20 ноември 2011 г. at premierleague.com
- Stoke City news Архивирано на 23 септември 2011 г. at thisisstaffordshire.co.uk
|