Прејди на содржината

ЖС „Лисиче“

Координати: 41°58′2.9136″N 21°28′44.5152″E / 41.967476000° СГШ; 21.479032000° ИГД / 41.967476000; 21.479032000
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Лисиче видете на појаснителната страница
ЖС „Лисиче“
Општи информации
Местоул. Горноврановска
Горно Лисиче, Скопје
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииСкопјеГевгелија
СкопјеБитола
СкопјеКочани

Железничката станица „Лисиче“железничка станица на железничкиот коридор 10 во населбата Горно Лисиче, во источниот дел на градот Скопје, во Македонија.

Таа е втора по ред железничка станица на пругата Скопје - Велес и меѓународниот железнички коридор 10 Скопје - Гевгелија - Солун. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 4,5 километри. На железничката станица Лисиче, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.

Историја

[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, бил зголемен железничкиот сообраќај во насоките Скопје-Битола и обратно, и поради тоа биле отворени неколку станици за индустриски и патнички сообраќај. Меѓу нив била и станицата Лисиче. Оваа станица била отворена во 1963 година, веднаш по Скопскиот земјотрес, највеќе заради индустриски превоз. Таа неслучајно била изградена на таа местоположба бидејќи во непосредна близина биле фабриките „Усје“, скопската стакларница, млинот „Шар“, фабриката „ОХИС“. Поради големата индустриска побарувачка во следните години, преку станицата минувале четири до пет чифта возови дневно. Тогаш биле поставени шест колосеци (при првата етапа), додека во втората етапа биле ставени уште четири коловози. Останати стопански друштва што ги користеле пругите кај лисичката станица биле Југопетрол, Градинар-Лоза, Југоелектро, Сеча, Ацелитенка.[1] Со распадот на овие стопански друштва и намалувањето на товарните потреби, денес железничката главно се користи за патнички сообраќај.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 145-146.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°58′2.9136″N 21°28′44.5152″E / 41.967476000° СГШ; 21.479032000° ИГД / 41.967476000; 21.479032000