Андроник V Палеолог
Андроник V Палеолог Ανδρόνικος Ε' Παλαιολόγος | |
---|---|
Византиски цар | |
На престол | 1403 - 1407 |
Претходник | Јован V |
Наследник | Јован V |
Роден(а) | 1400 |
Починал(а) | септември 24, 1407 | (возр. 7)
Династија | Палеолози |
Татко | Јован VII Палеолог |
Мајка | Ирина Гатилусио |
Андроник V Палеолог (грчки: Ανδρόνικος Ε' Παλαιολόγος) (близу 1400 – близу 1407) бил совладетел на Византија со неговиот татко Јован VII Палеолог.
Живот
[уреди | уреди извор]Андроник V Палеолог бил единствениот син на царот Јован VII Палеолог и Ирина Гатилузио, ќерка на Франческо II Гатилузио. Во времето кога се родил Јован VII бил владетел на Византиското Царство за неговиот чичко Мануил II Палеолог. Во непознат период, веројатно откако неговиот татко се сместил во Тесалоники, Андроник V бил избран за совладетел, веројатно околу 1403/1404. Тој умрел пред да умре неговиот татко, веројатно во 1407.
Владеачкиот статус на двајцата, Јован VII и Андроник V бил целосно почесен и тие не биле целосно означени за совладетели (иако Јован VII владеел како цар во 1390 и регент во Цариград од 1399 до 1403).
Наводи
[уреди | уреди извор]- Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
- G. Dennis, "An unknown Byzantine Emperor", JÖBG 16 (1967)
- N. Oikonomides, "John VII Palaeologus and the Ivory Pyxis at Dumbarton Oaks", DOP 31 (1977)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Андроник V Палеолог Палеолошка династија Роден(а): непознато 1400 Починал(а): непознато 1407
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован V Палеолог |
Византиски цар околу 1403–1407 со Јован VII Палеолог |
Наследник Јован V Палеолог |