Лукијан Мушицки
Лукијан Мушицки | ||
Роден | 27 јануари 1777 Темерин | |
---|---|---|
Починал | 15 март 1837 Карловац, Австријско царство | (возр. 60)|
Националност | Србин | |
Познат | владика,поет |
Лука „Лукијан“ Мушицки (Темерин, 27 јануари 1777 — Карловац, 15 март 1837) бил српски владика и поет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Основно училиште учел во Темерин, гимназија во Нови Сад и во Сегед, а право и филозофија во Пешта. По завршените студии станал администратор на митрополитската канцеларија во Сремски Карловци, наставник по богословија и, бидејќи се замонашил, архимандрит на манастирот Шишатовац. Од 1828 година до смртта бил владика на карловачкото владичанство со седиште во Плашки. Во тоа време, во Воената краина постоеле училишта на германски јазик, а тој ги отворил првите училишта на српски јазик во Плашки, Шкаре, Зрмања и Мутилиќ. Како епископ Горно-карловачки, Мушицки го основал Богословското училиште, во кое и самиот предавал наука. Од тоа училиште, Мушицки „испратил меѓу народот млади свештеници, утврдени во православието и свесни Срби“.[1] Починал во Карловац, на 18 март 1837 година.[2]
Дејност
[уреди | уреди извор]Мушицки бил еден од најобразованите писатели на своето време. Покрај грчкиог и латинскиот, тој знаел неколку европски јазици и ги познавал скоро сите поголеми поети од античкото и новото време. Негови омилени поети се: Фридрих Готлиб Клопшток, познат германски поети, авторот на „Месијаде“, Давид „псалмопеец“ (српски јазик „псалмопјевац“) и особено Хорације, чија поетика (Ars poetica) ја знаел напамет. Тој од Хорациј ги зема метричките форми, пофалбената и свечен речитост и прв меѓу Србите почнува да ствара уметничкапоезија во духот и рувото на псевдокласичната европска поезија. Тој самиот зборувал дека ја имитира „Флаката“ и го смета за голем успех тоа што може на српски јазик да пее со латински метрички обрасци.
Многу учен и образован книжев��ик, Мушицки се обидува архаичниот старословенски јазик, кој немал книжевна традиција, да го прилагоди кон псевдокласичната дисциплина на формата, во време кога таа дисциплина преживеала како и самиот јазик. Тој се обидел независно од народната песа да створи нови ритмички форми и дал неколку виртуозни обрасци, но неговиот обид пропаднал поради отсуство на талент и поради архаичниот јазик.
Живеејќи во времтое на вуковата реформа на јазикот и правописот, Мушицки се занимавал и со прашањето на јазикот. Тој за буквата ј и ја внесува во српската азбука буквата ѓ (српски јазикђ), се изјаснува за народниот јазик, но како црковен човек тој е и за рускословенски:
Словенски, сербски језик — два су пута, К једној цели воде нас.
Тој смета дека рускословенскиот јазик треба да остане језик на црквата и науката, а народниот за народот и популарната книжевност.
Творештво
[уреди | уреди извор]Мушицки напишал четири книги лирски песни со родољубива, морална и дидактичка содржина. Тие претставуваат учено стихотворение на многу учен и добронамерен родољуб и црковен човек, стихотворството лишено од правиот поетски занос и убавина. Тој пее за карактерот, народољубието, благонаравијата и добродјетелството и им дава морални поуки на младите. Негови програмски песни „Гласот на народољубецот“ (српски: „Глас народољупца“) и „Гласот на шишатовската харфа“ (српски: „Глас харфе шишатовачке“) биле особено познати во негвото време. Неговата поезија била ценета поради силното и искрено родољубие и претставува интересен обид за уметничка версификација по углед на латинските метрички облици и воедно како карактеристичен образец на студена и вкочанета „објективна лирика“. Тој одржувал пријателска врска со Михаило Витковиќ, српски поет од Пешта кому му посветил и една ода.
Литература
[уреди | уреди извор]- Вуковић, Сава (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века. Београд: Евро.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Темерин
- Лукијан Мушицки (биографија) Архивирано на 17 јули 2012 г.
- Есеј о Лукијану Мушицком („Православље“, бр. 952, 15. новембар 2006) Архивирано на 7 февруари 2010 г.