Рене Касен
Рене Касен | |
---|---|
Портрет на Рене | |
Роден(а) | 5 октомври 1887 |
Починал(а) | 20 февруари 1976 Париз | (возр. 88)
Занимање | правник, професор по право, адвокат |
Познат(а) по | Универзална декларација за човековите права |
Рене Касен (француски: René Cassin, 5 октомври 1887 - 20 февруари 1976) — француски правник, познат како соавтор на Универзалната декларација за човековите права. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир.[1]
Животопис
Касен е роден во 1887 година во гратчето Бајон во Баскија, Франција. Неговиот татко бил еврејски трговец. Рене служел како војник во Првата светска војна. Во периодот од 1924 до 1938 година бил француски делегат во Друштвото на народите. Рене триесеттина години бил претседател на Светскиот еврејски сојуз (француски: Alliance Israélite Universelle), заснован во Париз.
За време на Втората светска војна Касен работел за владата во егзил Слободна Франција, а од 1944 до 1959 година бил и член на францускиот Државен совет. По завршувањето на војната Касен бил вклучен во Обединетите нации за да помогне во создавањето на Универзалната декларација за човековите права (УДЧП). Тој целосно го изработил првиот нацрт на текстот, создавајќи структура на документот и вметнувајќи преамбула и принципи.
Во 1968 година бил награден со Нобеловата награда за мир за неговите заслуги за човековите права.
Наводи
- ↑ Nobel Lectures, Peace 1951-1970, Editor Frederick W. Haberman, Elsevier Publishing Company, Amsterdam, 1972
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци
- Борци за човекови права
- Родени во 1887 година
- Починати во 1976 година
- Француски Евреи
- Добитници на Нобеловата награда за мир
- Француски нобеловци
- Еврејски нобеловци
- Академици на САНУ
- Луѓе од Бајона
- Починати во Париз
- Странски членови на Српската академија на науките и уметностите
- Носители на Големиот крст на Легијата на честа
- Погребани на гробиштата „Монпарнас“