Вратиславци
Вратиславци | |
Панорама на Вратиславци | |
Координати 42°02′49″N 22°41′49″E / 42.04694° СГШ; 22.69694° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Осоговија |
Население | 45 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09004 |
Надм. вис. | 760-860 м |
Вратиславци на општинската карта Атарот на Вратиславци во рамките на општината | |
Вратиславци на Ризницата |
Вратиславци (се среќава и како Братиславци) — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар на север се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2]
Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала: Балтаци, Галабовци, Илиовци, В’ците, Горно Маало и Терѕиите.
Историја
Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во Втората светска војна имало повеќе учесници од селото, а Никола Ивановски загинал во пробивањето на Сремскиот фронт, за што посмртно му е доделена Партизан��ка споменица. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
На пописот од 2002 година, селото имало 32 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 лицe без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 128 | 128 | 255 | 275 | 242 | 243 | 153 | 99 | 79 | 32 | 45 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Жителите на селото главно потекнуваат од следните семејства: Атанасовски, Анастасовски, Ивановски, Гоцевски, Начевски, Велиновски, Стојменовски, Стоименовски и Мијалчовски.
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16]
Културни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Чука — могила од римско време
Галерија
-
Патот низ селото
-
Куќа во селото
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 61.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резиден��но население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-05-22. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
- Вратиславци на Ризницата ?
|