Владимирово
Владимирово | |
Поглед на селото | |
Координати 41°42′36″N 22°47′34″E / 41.71000° СГШ; 22.79278° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 573 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2331 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01003 |
Надм. вис. | 879 м |
Слава | Спасовден |
Владимирово на општинската карта Атарот на Владимирово во рамките на општината | |
Владимирово на Ризницата |
Владимирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Географија и местоположба
Оваа голема населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Берово, чиј атар се издига до сртот на Малешевските Планини и таму се допира со териториите на општините Василево и Радовиш.[2] Владимирово е второ по големина село во Малешевијата и со еден од најголемите атари во Македонија, којшто зафаќа простор од дури 98,6 км2.[2] Владимирското подрачје се протега на западниот брег на реката Брегалница и зазема прилично голем дел од Малешевската Котлина.
Селото е ридско, на надморска височина од 850 метри. Од самиот град Берово е оддалечено 8 километри, со кој е поврзано со локален пат.[2]
На него сите три вида аграрни структури заземаат големи површини. Меѓутоа, најголема површина имаат шумите од 5.589 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 2.143,2 хектари, а на пасиштата 1.965,6 хектари.
Подрачјето на Владимирово, како дел од Малешевската Котлина, се граничи: од југоисток и југ со подрачјето на соседното село Русиново со најдолга граница; од југозапад граничи со струмичкото подрачје; од западната страна со куса граница се граничи со Радовишко; северната граница е мошне долга со повеќе гранични синори покрај реката Каменица граничи со подрачјето на селото Будинарци, со реката Брегалница и граничи со синорот на селото Мачево; североисточната граница е дел од полето на селото Робово и ЗИК „Малешевска слива“ сè до устието на Смојмирска Река во реката Брегалница. Границата Синорно Подрачје оди по текот на реката Брегалница, ја сече месноста „Лаго“ и излегува на патот за Берово, кај мостот на Ратевска Река.
Поголемиот дел од синорот, односно 3⁄4 е планински дел под името „Планини“, а 1⁄4 порамен (полски) дел наречен „Полето“. Планините имаат просторни површини под пасишта, големи комплекси со широколисни и иглолисни шуми, а има и доста површини под ораници. По речните долинки има и ливади. Сета полска површина скоро е обработлива, а долините по Брегалница и Селска Река делумно се ораници за градинарски култури, а остатокот се ливади.
Историја
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Во XIX век, Владимирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за селото Владимирово запишал дека е расположено на источното подножје на планината Бозелџа и 1⁄2 час лево од Брегалница co 250 македонски куќи[3]. Жителите му биле доста освестени и богати, а според развојот на жителите заедно со тоа во црковно-училиштен однос владимировци биле на прво место меѓу сите Малешевци[3]. Главните занимања им се земјоделство и сточарство.[3]
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Владимирово имало 1.650 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Владимирово имало 2.000 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.500 Македонци.[7]
Владимирово е голема населба, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.791 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 1.043 година, од кои 1.041 Македонец и 2 Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 861 жител, од кои 859 Македонци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 573 жители, од кои 552 Македонци, 1 Србин и 20 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.650 | 2.000 | 1.965 | 1.896 | 1.791 | 1.473 | 1.290 | 1.106 | 1.043 | 861 | 573 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IV одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Пошта (2331)
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Владимирово, каде Владимирово било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Владимирово се наоѓале и селата Мачево и Русиново.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0009 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 531 гласач.[16]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Бараица — населба од неолитското време и тумул од железното време;
- Белов Јурт — средновековна населба;
- Градиште — доцноантичко градиште;
- Грамадата — населба од доцноантичкото време;
- Грамадје — населба од доцноантичкото време;
- Ѓузелџе — старохристијанска црква;
- Ковачка Чука — средновековно градиште;
- Материца — градиште од доцноантичкото време;
- Могилка — могила од доцноантичкото време;
- Селото — средновековна населба;
- Увашлија — населба од железното време; и
- Црквиште — старохристијанска базилика.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Спас“ — црква од XIX век;
- Црква „Св. Илија“ — црква од 2005 година;[19]
- Споменици
- Биста на Пола Бошначка, народен херој
- Споменик за НОБ
Редовни настани
Личности
- Родени во Владимирово
- Благој Ханџиски (р. 1948) — македонски политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот од 29 мај 1997 до 30 ноември 1998 година
- Михаил Левенски (1942-2010) — македонски поет, раскажувач, драмски автор и невропсихијатар[20]
- Горан Алачки — македонски музичар
- Починати во Владимирово
- Георги Корубинов (1873-1903) — македонски револуционер
Галерија
-
Поглед на горниот дел од селото
-
Бистата на Пола Бошначка на сретсело
-
Спомен-плоча за борците од НОБ
-
Плоча за создавањето на првиот легален народноослободителен одбор
-
Амбулантата во селото
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 56. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 425. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветување на новоподигнатата црква на Св. пророк Илија во Владимирово“. МПЦ - ОА. 31 јули 2005. Посетено на 23 јануари 2011.
- ↑ „Ненадејно почина д-р Михаил Левенски“. А1. 29 септември 2010. Посетено на 2010-09-29.
Надворешни врски
- Владимирово на Ризницата ?
- Владимирово Архивирано на 19 јули 2011 г. — репортажа
|