Хајнрих Вилхелм Олберс
Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс Heinrich Wilhelm Matthias Olbers | |
---|---|
Хајнрих Олберс | |
Роден(а) | 11 октомври 1758 Арберген, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 2 март 1840 Бремен, Германски Сојуз | (возр. 81)
Националност | Германец |
Полиња | медицина астрономија |
Познат по | Олберсов парадокс Палада Веста |
Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс (германски: Heinrich Wilhelm Matthias Olbers; 11 октомври 1758 – 2 март 1840) — германски астроном. Пронашол добар метод за пресметувањето на орбитите на кометите, а во 1802 и 1807 г. ги открил вториот и четвртиот астероид — Палада и Веста.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Олберс е роден во Арберген, Германија, денес дел од градот Бремен. Учел за лекар на Гетингенскиот универзитет (1777–80). Таму учел математика заедно со Абрахам Готхелф Кестнер. Во 1779 г. додека негувал болен колега, го осмислил првиот задоволителен метод за пресметка на орбитите на комети.[1] Откако дипломирал во 1780 г. почнал да се занимава со медицина во Бремен. Вечерите ги поминувал во астрономски набљудувања од горниот кат на куќата, кој го претворил во опсерваторија.
Во 1800 г. Олберс бил меѓу 24-те астрономи поканети да учествуваат во т.н. „небесна полиција“, посветена на наоѓање на нови планети во Сончевиот Систем. На 28 март 1802 г. го открил и именувал астероидот Палада. Пет години подоцна, на 29 март 1807 г. го открил и астероидот Веста, а честа за неговото именување му ја дал на Карл Фридрих Гаус. Бидејќи зборот „астероид“ сè уште не постоел, тогашната литература ги нарекувала овие мали тела „планти“ сами по себе. Предложил дека астероидниот појас во кој се наоѓале овие тела, е остаток од уништена планета. Денес се смета дека плимните ефекти од планетата Јупитер ја пореметиле планетообразбата во астероидниот појас. На 6 март 1815 г. Олберс открил периодична комета, денес наречена по него (13P/Олберс). Олберсовиот парадокс, кој го опишал во 1823 г. (а потоа преработил во 1826 г.), вели дека темнината на вечерното небо се коси со претпоставката за бесконечна и вечна статична вселена.
Во јули 1804 г. младиот Фридрих Бесел му се обратил на Олберс за мислење за неговата раправа за пресметката на орбитите според Халеевата Комета. Олберс го забележал извонредниот квалитет на овој труд и уредил да биде објавен.
Во 1804 г. е избран за член на Кралското друштво во Лондон,[2] а во 1809 г. за странски дописен член на Кралскиот институт на Холандија[3] Во 1822 г. станал странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките,[4] а во 1827 г. и странски член на Кралската шведска академика на науките.
Олберс добил полномоштво од неговите сограѓани да помага во крштевката францускиот владетел Наполеон II на 9 јуни 1811 г. Членувал во законодавниот кор во Париз во 1812–13 г. Починал во Бремен на возраст од 81 година. Се женел двапати, и имал деца, но само еден син го надживеал.[1]
Почести
[уреди | уреди извор]Во чест на Олберс се наречени следниве небесни образби:
- Периодичната комета 13P/Олберс
- Астероидот 1002 Олберсија
- Месечевиот кратер Олберс
- Албедната образба Олберс на површината на Веста
Дела
[уреди | уреди извор]- „Расправа за најлесниот и најзгодниот метод на пресметка на орбитата на една комета“ (Abhandlung über die leichteste und bequemste Methode die Bahn eines Cometen zu berechnen, 1797 г.)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 20 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 63. One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е
- ↑ „Library and archive catalogue“. Royal Society. Посетено на 6 март 2012.
- ↑ „Heinrich Wilhelm Matthias Olbers (1758–1840)“. Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 13 јуни 2020.
- ↑ „Book of Members, 1780–2010: Chapter B“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 7 август 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хајнрих Вилхелм Олберс на Ризницата ?
- Литература од или за Хајнрих Вилхелм Олберс во каталогот на Германската национална библиотека (германски)
- Олберс, Вилхелм — Хрватска енциклопедија (хрватски)
- Олберс, Вилхелм на Кругосвет (руски)
|
- Родени во 1758 година
- Починати во 1840 година
- Германски астрономи
- Германски физичари
- Германски лекари
- Откривачи на астероиди
- Откривачи на комети
- Членови на Пруската академија на науките
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Членови на Француската академија на науките
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Членови на Кралското друштво
- Добитници на Лаландовата награда
- Луѓе од Бремен
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Гетингенската академија на науките