Лошињ
Лошињ | |
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 44°35′N 14°24′E / 44.583° СГШ; 14.400° ИГД |
Архипелаг | Црес-Лошињ |
Површина | 74,36 км2 |
Должина | 33 км |
Ширина | .25–4.75 kм (820 ст 3 ин–15,584 ст 0 ин) |
Брегова линија | 112,7 км |
Највисоко место | 588 м |
Највисока точка | Телеврин |
Држава | |
Хрватска | |
Жупанија | Приморско-горска |
Најголема населба | Мал Лошињ (pop. 8,116) |
Демографија | |
Население | 9,587 (2011) |
Густина | 128,5 /km2 (3.328 /sq mi) |
Лошињ (италијански: Lussino; венецијански: Lusin, порано Osero; германски: Lötzing; латински: Apsorrus; старогрчки: Ἄψορρος) — хрватски остров во северниот дел на Јадранското Море, во Кварнерскиот Залив. Островот се наоѓа јужно од градот Риека и е дел од Приморско-горската жупанија.
Населени места на Лошињ се: Нерезине, Свети Јаков, Чунски, Артаторе, Мал Лошињ и Голем Лошињ.
Географија
[уреди | уреди извор]Лошињ е дел од архипелагот Црес-Лошињ, кој ги опфаќа Црес и Лошињ, како и помалите острови на Уније, Иловик, Сушак, Големо Сракане, Мало Скране и голем број на ненаселени мали острови. Црес е најголем по област, Лошињ е втор. Црес и Лошињ се поврзани со еден мал мост во градот Осор. Највисоката точка се наоѓа на планината Телеврин на 588 метри и Св. Никола на 557 метри. Градовите Нерезине и Свети Јаков лежат во нивната база. Островот е формиран претежно од варовник и доломитски карпи. Западниот дел на полуостровот Курила е песочен.
Лошињ е 11-тиот најголем јадрански остров по област, долг 33 километри, со ширина од 4,75 километри на север. Вкупното крајбрежје на островот е 112,7 километри[1][2].
Со околу 2600 часа сонце годишно, островот станал популарно одредиште за словенечките, германските и италијанските туристи во летните месеци. Просечна влажност на воздухот е 70%, а просечната летна температура е 24 °C и 7 °C во текот на зимата[3].
Островот има блага клима и зимзелена вегетација. Највисоките височини на север имаат поретка вегетација. Голем Лошињ, Чикат и југозападниот брег се обележани со борови шуми.
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека населбата во близина на Црес датира пред околу 12.000 години[4], а островот Лошињ исто така се смета дека бил населен уште од праисторијата. Ова било потврдено со ридовите-тврдини во подножјето на Осоршчица и околу пристаништето Мал Лошињ. Според Птоломеј, Римјаните овој остров го нарекувале Апсорс (старогрчки: Ἄψορρος),[5] а островите Лошињ и Црес заедно биле познати како Апсиртид. На неколку места се ископани рушевините на римските вили. Зачувани се неколку мали еремитички цркви од римската ера („Св. Ловреќ“ кај Осор и „Св. Јаков“ во Свети Јаков). Во средниот век, Лошињ бил сопственост на свештенството на Осор.
Првите докази за доселеници од копното се од 1280 година. Согласно договорот со Осор, нивните населби се стекнале со самоуправување во 1389 година. Името Лошињ за првпат се споменува во 1384 година. Паралелно со постепеното опаѓање на Осор од 15 век па наваму, населбите Голем Лошињ и Мал Лошињ започнале да имаат поголема улога.
Во XVIII и XIX век, трговијата, бродоградбата и по��орството на островот започнале да се развиваат поинтензивно. Во 1771 година, Алберто Фортис ги посетил Црес и Лошињ (кој тогаш се нарекувал Осоро) и напишал патопис за неговата посета: Saggio d'osservazioni sopra l'isola di Cherso ed Osero[6][7]. По падот на Република Венеција во 1797 година Лошињ станал дел од австриската провинција Истра според Договорот од Кампо Формио. До 1900 година населението достигнало бројка од 11.615 жители[8]. Во 1921 година, имал околу 15.000[9].=
Во 1919 година, Лошињ со своето делумно италијанско население станал дел од Италија според условите на Договорот од Сен Жермен. Островот во состав на Италија останал до 1943 година, кога бил окупиран од германскиот Вермахт и хрватски војници за време на Втората светска војна. Во 1945 година островот и остатокот од Хрватска станале дел од Југославија, додека Хрватска не прогласила независност во 1991 година.
Периодот по Втората светска војна островот забележал значителен егзодус од населението што го зборува италијанскиот јазик. Според последниот попис, бројот на граѓани кои зборуваат италијански јазик во Лошињ бил 557 (6,64% од вкупното официјално население). Иселениците во Италија и низ целиот свет објавуваат билтен[10] кој ги одржува нивните спомени и традиции живи.
Луѓе и уметност
[уреди | уреди извор]- Агостино Стралино (роден на 10 октомври 1914 година во Мал Лошињ - починал на 14 декември 2004 година во Рим) бил италијански морнар, кој освоил еден олимписки златен медал на Летните олимписки игри во 1952 година во Хелсинки и еден сребрен медал на Летните олимписки игри во 1956 година во Мелбурн[11].
- Гудентиј од Осеро: роден во околу 1000 година, бил свештено лице на Осеро и епископ, а подоцна станал светец и патрон на островот. Легендата вели дека ги протерал сите отровни змии од островите додека се криел во една пештера од неговите прогонители. Неговите останки денес се наоѓаат во олтарот на црквата со неговото име во Осор.
- Хрватски Апоксиомен е бронзена статуа која датира од 1 или 2 век п.н.е. Овој тип фигура првично била развиена од грчкиот вајар Лисип од IV век п.н.е. Статуата била откриена под вода во близина на ненаселениот остров Веле Лошињ. Каналот Лошињ бил честа навигациска патека што водела до северниот дел на Јадранското Море, до Истра и Италија. Се верува дека е од римски бродолом, иако нема други очигледни остатоци[12] . Апоксиоменот е еден од грчките претстави за спортист. Статуата денес се наоѓа во музејот Лошињ во пристаништето на Мал Лошињ[13].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Duplančić Leder, Tea; Ujević, Tin; Čala, Mendi (June 2004). „Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000“ (PDF). Geoadria. Zadar. 9 (1): 5–32. Посетено на 2011-01-21.
- ↑ „About the island | Geography“. Tz-malilosinj.hr. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ „About the island | Climate“. Tz-malilosinj.hr. Архивирано од изворникот на 2010-12-01. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ „Uvala Ul, Punta Kriza, Croatia, History“. Puntakriza.com. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ „LacusCurtius • Ptolemy's Geography — Book II, Chapter 15“. Penelope.uchicago.edu. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ http://www.kartografija.hr/old_hkd/hrvkart/fortise.htm
- ↑ Fortis, Alberto (1771). Saggio d'osservazioni sopra l'isola di Cherso ed Osero. Посетено на August 14, 2018.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 17 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 131.
- ↑ . Нова Колиерова енциклопедија. 1921. (англиски)
- ↑ „Home“. www.lussinpiccolo-italia.net. 2011-12-21. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ „Agostino Straulino“. Starclass.org. Архивирано од изворникот на 2013-03-05. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ Marie-Eve Sténuit, Robert Sténuit, Marijan Orlić, Smiljan Gluščevi; A preliminary report on the discovery and recovery of a bronze apoxyomenos, off Vele Orjule, Croatia, International Journal of Nautical Archaeology, 30(2), 2001, 196-210.
- ↑ „Losinj“. Tz-malilosinj.hr. 1999-04-27. Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2013-03-26.