Humvee
High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicle скратено HMMWV или Humvee (прев. високо подвижно возило со тркала за многу употреби или “хамви“) е 4х4 војничко моторно возило прозиведено од AM General кое потекнува од САД. Ова возило е доста корисно и го употребуваат многу армии низ целиот свет. Хамви е замена на неговите претходници M151 и M561 "Gama Goat", кои биле употребувани до 1984 година и немале современа технологија како Хамвито.
Кратка историја
уредиВо 70-тите години на минатиот век, армијата на САД одлучила дека дотогашните цивилни возила кои биле изменети како војнички повеќе не ги исполнувале стандардите за воени операции. Во 1977 година, Ламборгини го произвеле моделот “Cheetah“ со надеж дека ќе биде примен од Армијата на САД, но брзо бил одбиен. Така, во 1979 година во Армијата се родила нова идеја за формирање на т.н. “High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicle“, или “HMMWV“. Во јули истата година, компанијата “AM General“ почнала да ја реализира идејата за Хамвито. Скоро една година подоцна, се појавил првиот примерок на Хамвито, или тогаш наречен M998.
Армијата и Владата на САД биле задоволни од овој примерок на Хамви, па биле нарачани повеќе примероци за тестирање. После овие примероци, оваа идеја била веќе реализирана. Биле нарачани уште 55 000 Хамви возила да бидат направени до 1985. Хамвито за првпат било употребено во операцијата “Just Cause“ во Панама, 1989 година.
Денес Хамвито е идеалното возило во Армијата на САД и во многу други армии низ светот, како и на Армијата на Република Македонија. Повеќе од 10 000 примерока биле испратени во Ирак, во 2003 г.
Вооружување и оклоп
уредиХамвито може да вози и со тежина до 2700 килограми оклоп, оружја и војници. На покривот на Хамвито може да се прикачат MK19 фрлачот на гранати, тешкиот митралез М2, миралезот М240 и митралезот M249 SAW. Најновиот модел на Хамви M1114 исто така ги корирсти истите оружја за одбрана. На моделите M1114, M1116 и M1117 може да се прикачи нов современ систем на вооружување, кој му овозможува на војникот да отвора оган од внатре во Хамвито, да не мора да излегува надвор на кровот, што е многу побезбедно. Но овој систем е многу скап, па не се користи многу.
Особености
уреди- Тежина: 2,340 кг - 2,680 кг
- Должина: 4.6 m
- Ширина: 2.1 m
- Висина: 1.8 m може да се спушти и на 1.4 m
- Мотор: 8 цилиндричен дизел 6.2 L или 6.5 L
- Макс. гориво: 95 L
- Брзина: 144 км/ч (празен) - 105 км/ч (полн)
Корисници
уреди- Авганистан
- Албанија
- Алжир
- Аргентина
- Босна и Херцеговина
- Бугарија
- Чад
- Чиле
- Кина
- Колумбија
- Хрватска
- Чешка
- Данска
- Доминиканска Република
- Ел Салвадор
- Еквадор
- Египет
- Грузија
- Грција
- Унгарија
- Ирак
- Израел
- Латвија
- Либан
- Литванија
- Луксембург
- Македонија
- Мексико
- Мароко
- Панама
- Оман
- Филипини
- Полска
- Португалија
- Тајван
- Романија
- Русија
- Саудиска Арабија
- Србија
- Словачка
- Словенија
- Шпанија
- Тајланд
- Турција
- Украина
- ОАР
- Венецуела
- Јемен
- Зимбабве
Галерија
уреди-
Хамви опемено за снег
-
Хамви со специјален оклоп
-
Модификација на Хамвито, лансирач на САМ ракети
-
Хамви на улица
Надворешни врски
уреди- Страница на Хамви на AM General Архивирано на 13 септември 2008 г.
- Податоци за Хамви на страницата на Армијата на САД
- Plasan Sasa варијанта Архивирано на 20 мај 2010 г.
- Вооружување на Хамви моделот M1114 Архивирано на 7 ноември 2006 г.