<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

7 јануари — 7-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 358 денови до крајот на годината (359 во престапна).

Настани:

1584  Католичките држави во рамките на светото Римско Царство го усвоија грегоријанскиот календар.
1789  По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898  По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.

Родени:

1502  Грегориј XIIIримски папа.
1624  Гварино Гварини — италијански архитект.
1768  Жозеф Бонапарт — крал на Неапол и Шпанија.
1800  Милард Филмор — 13. претседател на САД.
1846  Теодосиј Гологанов — скопски митрополит.
1856  Стојан Михајловски — бугарски писател.
1862  Иван Георгов — бугарски педагог, научник, филозоф.
1916  Орце Николовнароден херој на Македонија.
1923  Иван Мазов — македонски писател.
1931  Бахрудин Ченгиќ — босански и југословенски режисер.
1942  Божин Павловски — македонски писател.
1948  Ичиро Мизуки — јапонски пејач.
1956  Дејвид Карузо — американски глумец.
1956  Никола Никиќ — српски фудбалер и тренер.
1960  Славица Ѓукиќ — југословенска и австриска ракометарка.
1962  Александар Дугин — руски филозоф и политиколог.
1942  Николас Кејџ — американски глумец.
1968  Георги Господинов — бугарски писател.
1979  Кристоф Жено — француски борач.
1973  Никола Тодоров — министер за образование и здравство на Македонија.
1980  Давид Аројо — шпански велосипедист.
1983  Матео Таљариол — италијански мечувалец.
1985  Луис Хамилтон — англиски возач на Формула 1.
1989  Џон Дегенколб — германски велосипедист.
1991  Еден Азар — белгиски фудбалер.
1993  Јан Облак — словенечки фудбалер.
1994  Егзон Бејтулаи — македонски фудбалер.
1995  Јулија Путинцева — казахстанска тенисерка.

Починале:

1536  Катерина Арагонска — кралица на Англија.
1655  Инокентиј Xримски папа.
1943  Никола Тесла — српско-американски истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1957  Јоже Плечник — словенечки архитект.
1988  Милан Срдоч — српски и југословенски глумец.
1988  Венко Марковски — македонски и бугарски поет.
1989  Хирохито — цар на Јапонија.
2004  Ингрид Тулин — шведска глумица.
2021  Мерион Ремзи — американска глумица.
2024  Франц Бекенбауер — германски фудбалер.

Празници:

Божик — Рождество Христово