<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

7 декември — 341-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (342-и во престапна година). Остануваат 24 денови до крајот на годината.

Настани:

43 п.н.е.  Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и филозофи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија.
1900  Макс Планк ги открил законите за црнотелесно зрачење.
1917  Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австроунгарија.
1941  Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД ��о Тихиот Океан.
1988  Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе.
1995  Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје.
2005  Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од Хашкиот трибунал, на Канарските Острови.

Родени:

1302  Ацоне Висконти — владетел на Милано.
1598  Џовани Лоренцо Бернинииталијански архитектвајарсликарписателрежисер и организатор на јавни свечености.
1823  Леополд Кронекер — германски математичар.
1857  Урош Предиќ — српски сликар.
1906  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
1909  Никола Јонков Вапцаров — македонски пролетерски поет и револуционер.
1913  Франтишек Чап — чешки режисер.
1928  Ноам Чомски — американски лингвист и политички активист.
1933  Крсто Папиќ — хрватски режисер.
1947  Оливер Драгоевиќ — хрватски поп-музичар.
1949  Том Вејтс — американски музичар.
1956  Лари Берд — американски кошаркар.
1964  Владимир Артемов — руски и советски гимнастичар.
1972  Херман Маер — австриски скијач.
1976  Маја Апостолоска — македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка.
1980  Џон Тери — англиски фудбалер.
1982  Едуард Ворганов — руски велосипедист.
1984  Јан Барта — чешки велосипедист.
1989  Матијас Брендле — австриски велосипедист.
1990  Давид Гофан — белгиски тенисер.
1991  Крис Вуд — новозеландски фудбалер.

Починале:

1894  Фердинанд де Лесепс — француски дипломат и инженер
1993  Блаже Конески — еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската книжевност во областа на културната историја на македонскиот народ.
2018  Љупка Арсова - Џундеватеатарска, филмска и телевизиска глумица.
2020  Тихомир Арсиќ — српски глумец.