1382
< 13 век | 14 век | 15 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1382 (MCCCLXXXII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1382 година од новата ера, 382. од вториот милениум, 82. од XIV век и трета од 1380-тите.
Грегоријански календар | 1382 MCCCLXXXII |
Ab urbe condita | 2135 |
Ерменски календар | 831 ԹՎ ՊԼԱ |
Асирски календар | 6132 |
Балиски календар | 1303–1304 |
Бенгалски календар | 789 |
Берберски календар | 2332 |
Будистички календар | 1926 |
Бурмански календар | 744 |
Византиски календар | 6890–6891 |
Кинески календар | 辛酉年 (мет. петел) 4078 или 4018 — до — 壬戌年 (вод. куче) 4079 или 4019 |
Коптски календар | 1098–1099 |
Етиопски календар | 1374–1375 |
Еврејски календар | 5142–5143 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1438–1439 |
- Сачка ера | 1303–1304 |
- Кали-југа | 4482–4483 |
Холоценски календар | 11382 |
Игбоански календар | 382–383 |
Ирански календар | 760–761 |
Исламски календар | 783–784 |
Јапонски календар | Ејтоку 2 (永徳2年) |
Јавански календар | 1295–1296 |
Јулијански календар | 1382 MCCCLXXXII |
Корејски календар | 3715 |
Мингуо-календар | 530 пред Р. Кина 民前530年 |
Нанакшахи | −86 |
Тајландски сончев календар | 1924–1925 |
Тибетски календар | 阴金鸡年 (женско железо-петел) 1508 или 1127 или 355 — до — 阳水狗年 (машка вода-куче) 1509 или 1128 или 356 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6890 и 6891 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6132 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5142 и 5143 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2135.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1382 година се протега во 4018 и 4019, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4078 и 4079 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1925. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 783 и 784 исламск�� година.
Настани
уреди- 26 август - Канот Тохтамиш од Златната Орда, ја освојува и опљачкува Москва, со што Русија станува татарски вазал.
- 30 септември - Граѓаните на Трст го донираат нивниот град на кралот на Австрија, Леополд III фон Хабсбург.
- Давит I го наследува неговиот брат Неваја Марјам, како крал на Етиопија.
- Смрт на Лудовик I Анжујски, крал на Унгарија и Полска. Марија, ќерката на Лудовик, станува кралица на Унгарија. Полјаците, кои не сакале да бидат под власта на свршеникот на Марија, светиот римски цар Сигисмунд, ја избираат помладата сестра на Марија, Јадвига да стане владетел на Полска.
- Почеток на владеењето на Баркук како мамелук султан на Египет.
- Карло III станува крал на кралството Неапол, убивајќи ја кралицата Јована I.
- Џон Виклиф ја преведува Библијата на англиски јазик. Подоцна, заради неговите учења, осуден е од англискиот Синод.
- Кејстут, големиот Војвода на Литванија, е заробен од поранешниот голем војвода Владислав II Јагило, на состанок во кој требало да има преговори. Потоа Кејстут е убиен, и Јагило ја презема власта над Литванија.
- Османлиите ја освојуваат Софија.
Родени
уредиПочинале
уреди- Лудовик I Анжујски, унгарски крал