Човек

друштвено битие со развиена свест
Човек
Кончести

Човек (множина: луѓе) — вид животно што систематски е познато како Homo sapiens (латински: свесен човек),[3][4] и е единствениот преживеан член на родот Homo од двоножните примати во Hominidae, семејството на големи човеколики мајмуни. Сепак, во некои случаи, зборот „човек“ се користи за означување на кој било член од родот Homo.

Човек[1]
Период: Плеистоцен
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Големи човеколики мајмуни
Род: Човек (род)
Вид: Човек
Подвид: Човек
Триномен назив
Homo sapiens sapiens
Linnaeus, 1758
Распространетост на Homo sapiens (зелено)

Особености

уреди

Луѓето имаат високо развиен мозок, способен за апстрактно мислење, јазик, интроспекција и решавање на проблеми. Овој умствен капацитет, заедно со исправениот став на телото кој ги ослободува рацете за раководење со предмети, им дозволил на луѓето многу поголема корист од алати во споредба со било кој друг вид. Доказите основани врз митохондриска ДНК и врз фосили покажуваат дека современите луѓе потекнуваат од Африка од пред околу 200.000 години.[5] Луѓето се космополитски вид, раширен на сите континенти на планетата, освен на Антарктикот. Од мај 2010, светската популација на луѓето се проценува дека изнесува околу 6,8 милијарди.[6] Во просек, човекот може да доживее 70-80 години, иако се забележуваат и случаи на старост поголема од 100 години. Најстариот човек за кого постојат веродостојни докази (со лична карта на којашто пишува дека е роден во 1870 година) е Мба Гото од Индонезија, кој во 2016 година го прославил својот 146. роднеден.[7]

Како и повеќето вистински мајмуни, луѓето се социјални суштества. Сепак, луѓето се уникатно прилагодени кон користење на системи за комуникација за самоизразување, размена на идеи и организација. Луѓето создаваат сложени општествени структури составени од многу соработувачки и натпреварувачки групи, од семејства до нации. Социјалната интеракција меѓу луѓето создала голем број на вредности, општествени норми и ритули кои заедно ја создаваат основата на човечкото општество.

Луѓето имаат изразена желба да ја разберат и да влијаат врз нивната околина и сакаат да ги објаснат и да раководат со природните појави преку наука, филозофија, митологија и религија. Оваа природна љубопитност довела до развивање на напредни алатки и вештини кои културолошки се пренесуваат низ генерациите; човекот е единствениот познат животински вид кој создава огнови, ја готви својата храна, се облекува себеси и користи многубројни други технологии.

Настанок на човекот

уреди

Има две различни гледишта за настанокот на човекот. Првото гледиште е засновано врз религиозните учења и е различно во секоја религија. На пример, Сумерите верувале дека боговите ги создале првите луѓе од глина, според нивниот лик. Вавилонците верувале дека човекот бил создаден од глина и крв. Хелените, пак, мислеле дека првиот човек бил направен од земја, и дека една божица му дала животен здив. Според христијанските учења, човекот го создал Господ, кој заповедал човекот да биде господар на целата земја и на живиот свет. Според исламските учења, Алах го создал првиот човек од земја, а потоа му вдишал душа. Второто гледиште го дава науката. Според научните истражувања, човекот се развил постепено, од еден вид човеколик мајмун. Најстариот предок на човекот го викаме прачовек. Тој најпрвин се појавил во Источна Африка. По својот изглед, многу се разликувал од денешните луѓе. Бил наведнат, обраснат со коса, а главата му била помала. За да може да опстане во природата и да преживее, човекот морал да размислува, односно да го употреби својот разум. На тој начин човекот се одделил од животните. За да го дофати плодот од гранките, човекот се поткревал на прсти и го издолжувал телото. Така човекот се извишувал и растел. Првите луѓе не умееле да зборуваат и се разбирале меѓу себе со извици, со мимики и со други знаци.

Начин на живеење

уреди

Во почетокот, првобитниот човек живеел во пештери. Тој се хранел со животните што ги ловел, како и со плодови и корења од растенијата што ги наоѓал во природата. Најважно орудие и оружје му бил каменот. Затоа овој период се вика камено време. Тоа се дели на старо и младо камено време. Првобитниот човек почнал да работи со орудијата што ги правел сам од дрво, од камен и од коски. Така станал многу посилен. Помалку се плашел од дивите животни и полесно доаѓал до храна. Неговите орудија станувале сè поусовршени и поразновидни. Собирајќи плодови од дрвјата, започнал повеќе да се исправа и да се движи на задните нозе. Во исто време, започнал и да говори. Говорот станал многу значаен за разбирањето меѓу луѓето. Затоа имал голема улога во натамошниот развој на човекот. На тој начин човекот започнал сè повеќе да се разликува од животните. Тоа траело многу долго, стотици илјади години.

Првобитниот човек долго време се плашел од огнот што го среќавал во природата при удари на гром, и бегал од него. Со време сфатил дека огнот грее, свети и дека од него бегаат дивите животни. Затоа почнал да го чува и да го одржува. Подоцна научил сам да пали оган – со триење суви дрва или со искри од камен. Употребата на огнот во животот на човекот претставувала големо откритие. Огнот овозможил луѓето да преживуваат и на постудените места, да го печат месото и да ја варат растителната храна која станала повкусна и поразновидна. Подоцна, луѓето научиле на огнот да печат садови од глина, да топат руди и да леат метални орудија и оружје. Пред околу милион години, првите луѓе започнале пешки да преминуваат од Африка во Азија и Европа. Така се ширеле луѓето по земјата. Поради тоа што живееле во различни климатски и географски услови, постепено се менувале и нивните физички одлики и изгледот: добивале темна или светла боја на кожата, темна или светла коса и слично.

Животот на луѓето во камено време

уреди

Каменот бил најважно орудие и оружје на првобитниот човек. Затоа најстариот период се вика камено време. Тоа се дели на старо и младо камено време. Во старото камено време, човекот го употребувал каменот така како што го наоѓал во природата, или пак го дотерувал и грубо го обликувал со кршење. Во младото камено време, човекот го обработувал каменот и му давал разни облици според своите потреби. Од каменот изработувал ножеви и секири. Ги користел и коските од животните, и од нив правел шила, игли и украси.

Човекови заедници

уреди

Првите луѓе живееле и се движеле во групи, наречени орди. Така се чувствувале посигурни за опстанок и одбрана од нападите на животните и другите луѓе. Се смета дека првите заедници се состоеле од 15 до 20 луѓе. Нивен водач бил најсилниот маж во групата. Подоцна, кога го направил лакот и стрелата, човекот станал ловец. Во младото камено време луѓето почнале да се занимаваат со примитивно земјоделство и сточарство. Започнале да ги припитомуваат и да ги одгледуваат животните. Од нив добивале месо, млеко, кожа и волна. Така од ловци станале сточари. Луѓето од младото камено време знаеле да изработуваат садови од печена глина. Ваквите предмети се викаат грнчарија или керамика. Првите земјоделци и сточари граделе постојани живеалишта на земја и на вода (наколни живеалишта). Во младото камено време граделе и примитивни куќи од гранки и кал. Во младото камено време луѓето живееле во заедници, во кои биле крвно поврзани – биле роднини. Таквата заедница се вика род. Целиот род водел потекло од една заедничка прамајка. Неколку родови сочинувале братство, а неколку братства сочинувале племе. На чело на овие заедници стоеле старешини. Тоа уредување се вика родовско уредување. Сите членови на заедницата биле еднакви и сè што произведувале било заедничко.

Жената имала многу важна улога во родовската заедница. Таа се грижела за децата, за куќата, подготвувала храна, изработувала облека и друго.

Мажите го одгледувале добитокот и оделе на лов. Ваквите човечки заедници, во кои жената имала водечка улога, се викаат матријархат.

Животот на луѓето во метално време

уреди

Додека трагал по камен за обработка, човекот ги запознал рудите и научил од нив да добива метали. Така започнала епохата на металното време. Најпрвин бил пронајден бакарот. Орудијата и оружјето почнале да се изработуваат од бакар. Но, тој бил многу мек, па орудијата изработени од него лесно се виткале. Кога го пронашол калајот, човекот почнал да го меша со бакар и добил нов метал – бронза. Орудието и оружјето од бронза биле поцврсти и потрајни. Потоа, човекот пронашол нов метал – железото, кое било поцврсто и од бронзата.

Земјоделство, занаетчиство и размена

уреди

Откако биле усовршени орудијата, а посебно ралото и железниот плуг што го влечеле животни, се орало подлабоко, а земјата давала повеќе жито и повеќе плодови. Така, земјоделството и сточарството станале главни занимања на луѓето. Животот на луѓето станал многу полесен и побезбеден. Во исто време се развило и занаетчиството. Занаетчиите почнале да произведуваат разни алатки, како секири, мотики, копја и други потребни орудија. Своите производи започнале да ги разменуваат за земјоделски и сточарски производи, на пример: копје за жито, овца за жито и слично. Размената се вршела производ за производи.

Појава на државата

уреди

Мошне рано, човекот почувствувал потреба да се организира и да го уреди своето живеење. Тој сфатил дека заедницата, ако е организирана, полесно може да преживее, да се бори против природните непогоди, да се одбрани од непријателите и да ја менува природата според своите потреби. Со текот на времето, родовските заедници се распаднале на помали семејства, кои се обединувале во нови заедници – општини. Во нив луѓето биле соседи и не биле крвно поврзани. Најголеми заедници и понатаму останале племињата.

Старешините на племињата ја задржувале за себе најдобрата земја, а земале најмногу и од воениот плен. Тие им давале подобра земја и поголем плен на своите роднини и придружници. Тоа им овозможувало на старешините и на нивните придружници да имаат повеќе земја, добиток, орудија и оружје од другите членови на племето. Така настанала поделба меѓу луѓето на побогати и посиромашни.

Племенските водачи со своите дружини почнале да водат војни и да освојуваат нови територии. Така стекнувале богатства, но и заробеници, кои ги употребувале како робови за работа. На освоените територии тие почнале да поставуваат управители, судии, свештеници и службеници. Така, постепено, на одредена територија била создадена уште поголема организирана заедница, наречена држава. Начело на државата стоел владетел. Првите држави биле создадени во четвртиот милениум пред н.е., во долините на големите реки во Египет, Месопотамија, Индија и Кина.

Верувањето и толкувањето на природните појави

уреди

Луѓето во праисторијата не можеле да си ги објаснат појавите во природата: громот, молњата, дождот, снегот, годишните времиња, болеста, денот и ноќта, сонцето и други. Тие се плашеле од овие појави и создале свои објаснувања за нив. Верувале дека природните појави ги предизвикуваат натприродни и невидливи сили. Тие невидливи сили ги замислувале како духови. Верувале дека има добри и лоши духови, дека добрите духови им помагаат на луѓето и ги штитат од лошите духови. За некои од нив изработувале статуи од глина. Кога имал потреба, човекот им се обраќал на духовите и ги молел да исполнат некоја негова желба, на пример: да заврне дожд, да огрее сонце, да биде родна годината. Луѓето во праисторијата, а и подоцна, најмногу ги обожавале сонцето, земјата и водата.

Тотеми и многубоштво

уреди

Праисториските луѓе верувале дека водат потекло од некое животно, и дека нивниот живот и опстанок зависи од него. Таквото верување се нарекува тотемизам, според зборот тотем, кој значи предок- зачетник на родот или на племето. Додека работеле на земјата, земјоделците сфатиле дека нејзината обработка и плодноста зависат од природните појави – особено од сонцето и дождот, кои најмногу придонесувале за добар род на посевите. Затоа на тие појави им придавале натприродни својства и почнале да ги сметаат за божества. Нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата-мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата. Луѓето во праисторијата, а и подоцна, се плашеле од боговите, ги почитувале и им принесувале подароци за да им помагаат во неволја.

Материјални остатоци

уреди

Праисториските луѓе создавале претстави за светот што ги опкружувал преку цртежи. Тие цртале на ѕидовите од пештерите во кои живееле. Оружјето и орудијата ги украсувале со цртежи. Ловците најчесто ги цртале дивите животни што ги ловеле, како бизони, мечки, мамути, коњи и елени. Такви цртежи се најдени во многу пештери во Европа. Праисториските луѓе изработувале разни статуи на животни, богови и луѓе од глина и од коски.

Филозофски сфаќања за човекот

уреди

Според Ерих Фром, во капиталистичкото општество, човекот е претворен во производ, тој ја доживува својата животна енергија како инвестиција која мора да донесе најголема можна добивка, земајќи ги предвид неговата положба и состојба на пазарот на персоналноста. Неговата основна цел е корисната размена на неговите вештини и знаења, на самиот себе, на својот „пакет на личноста“ со другите кои се, исто така, подготвени за чесна и корисна размена. Во тие услови, човечкиот живот нема никаква друга цел, освен да се движи, никаков принцип, освен принципот на чесната размена и никакво задоволство, освен еден - потрошувачката.[8]

Човекот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Човекот се јавува како тема во уметноста и во популарната култура.

Човекот како тема во книжевноста

уреди

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, единствената титула која му доликува и со која може да се гордее човекот е титулата човек, а неа може да ја носи само оној која ја заслужува, а тоа е вистинскиот и природен човек. Во таа смисла, треба да се гордееме со името човек, зашто тој е главното дело на природата.[9]

Човекот се јавува како мотив во бројни книжевни дела, како:

  • „Човекот и змијата“ (Чоек и змија) — српска народна приказна.[10]
  • „Злобната жена“ (Зла жена) — српска народна приказна.[11]
  • „Расипаниот човек и дервишот“ — суфиска приказна.[12]
  • „Железниот човек“ (Гвозден човјек) — српска народна приказна.[13]
  • „Двајца“ — расказ на бугарската писателка Елена Алексиева.[14]
  • „Луѓето влегуваа“ — песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[15]
  • „Човекот на прагот“ — расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[16]
  • „Утопија на еден човек што е уморен“ — расказ на Хорхе Луис Борхес од 1975 година.[17]
  • „Обичен човек“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[18]
  • „Еден човек и една жена наполно бели“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.[19]
  • „Луѓе“ — кус расказ на македонската писателка Румена Бужаровска.[20]
  • „Тешко е во овој свет чо'ек да останиш“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[21]
  • „Ех, ми недостасуваат луѓето“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[22]
  • „Чо'ек без љубов, љубов моја е како јас без тебе“ — песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[23]
  • „Жив чо'ек не се закопува“ — песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[24]
  • „Чо'ек на чо'ека му е... чо'ек“ — песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[25]
  • „Убав чо'ек до себе да имаш“ — песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[26]
  • „Колку треба за голем чо'ек да се“ — песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[27]
  • „Човек не се лепи“ — песна на Ана Бунтеска од 2015 година.[28]
  • „Песна за човекот“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[29]
  • Невидливиот човек“ — роман на англискиот писател Херберт Џорџ Велс.[30]
  • „Многу супер човек“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[31]
  • „Човековиот човек“ (српски: Човеков човек) — поема на српскиот поет Оскар Давичо од 1953 година.[32]
  • „Сатирот и човекот“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[33]
  • „Шупливи луѓе“ (англиски: Hollow Men) — поетска збирка на британскиот поет Т.С. Елиот од 1925 година.[34]
  • „Црниот човек“ — песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1925 година.[35]
  • „Човекот и чизмите“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс.[36]
  • „Човекот и ехото“ (англиски: The Man and the Echo) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[37]
  • „Луѓе-сенки“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[38]
  • „Човекот и ѕверот“ — расказ на кинескиот писател Мо Јен.[39]
  • „Срдечниот човек“ — расказ на бразилскиот писател Антонио Каладо.[40]
  • „Песната на човекот и жената во предвечерието“ (хрватски: Pjesma čovjeka i žene u predvečerje) — песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[41]
  • „Песна на мртвиот човек“ (хрватски: Pjesma mrtvom čovjeku) — песна на Мирослав Крлежа.[42]
  • „Песна на човекот без работа“ (хрватски: Pjesma čovjeka bez posla) — песна на Мирослав Крлежа.[43]
  • „Луѓе“ — новела на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1912 година.[44]
  • „Невидливиот човек“ — драма на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1923 година.[44]
  • „Човек без душа“ — драма на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1936 година.[45]
  • „Човек“ — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[46]
  • „Жал ми е за човекот“ (Žao mi je čoveka) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[47][48]
  • „Човечиња (на Наташа)“ — кус расказ на македонскиот писател Дејан Мирчески од 2012 година.[49]
  • „Човекот во пижама“ — кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.[50]
  • „Последниот човек“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[51]
  • „Човекот и реката“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[52]
  • „Паѓање (Или за вертикалните и хоризонталните елементи во животот на современиот човек)“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1963 година.[53]
  • Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази“ — книга на македонската писателка Жанета Станоевска, од 2011 година.[54]
  • „Химна на човекот“ — книга на индискиот писател Рабиндранат Тагоре.
  • „Кога човек ќе се роди“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[55]
  • „Па-луѓе“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников.[56]
  • „Фрлени луѓе“ — кус расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.[57]
  • Човекот кој беше Четврток: Кошмар“ — новела на Г. К. Честертон од 1908 година.
  • „Жив“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[58]
  • „Роден“ — песна на Вислава Шимборска.[59]
  • „Да умреш од смеа“ — песна на Вислава Шимборска.[60]
  • „Куќата на големиот човек“ — песна на Вислава Шимборска.[61]
  • „Прилог кон статистиката“ — песна на пВислава Шимборска.[62]
  • „Некакви луѓе“ — песна на Вислава Шимборска.[63]
  • Семеен човек“ — расказ на рускиот писател Михаил Шолохов од 1925 година.[64]

Човекот како тема во популарната музика

уреди
  • Подлуѓе“ (англиски: Subhumans) — британската панк-рок група, основана во 1980 година.[65]
  • „Телепатски луѓе“ (англиски: Telepathic People) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1981 година.[66]
  • „Паметните, книшки луѓе“ (хрватски: Pametni, knjiški ljudi) - песна на хрватската рок-група Азра од 1981 година.[67]
  • „Човек од бои“ (англиски: Man Of Colours) - песна од истоимениот албум на австралиската поп-група Ајсхаус (Icehouse) од 1987 година.[68]
  • „Примитивен човек“ (англиски: Primitive Man) - албум на Ајсхаус од 1982 година.[69]
  • „Ги мразам... луѓето“ (англиски: I Hate...People) — песна на англиската панк-рок група Anti-Nowhere League од 1982 година.[70]
  • „Човек без име и презиме“ песна на македонската рок-група Архангел од 1993 година.[71]
  • „О-луѓе“ (англиски: The O-Men) — песна на американската рок-група Butthole Surfers од 1987 година.[72]
  • „Човекот со рендгенски очи“ (англиски: The Man with the X-Ray Eyes) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[73]
  • „Автоматски човек“ (англиски: Automatic Man) - песна на американската хард-кор група Бед релиџн (Bad Religion) од 1989 година.[74]
  • „Подготвени луѓе“ (англиски: Ready Men) — песна на американската рок-група Биг блек (Big Black) од 1987 година.[75]
  • „Ч��век-јајце“ (англиски: Egg Man) - песна на американската хип-хоп група Бисти бојс (Beastie Boys) од 1989 година.[76]
  • „Човечко однесување“ (англиски: Human Behaviour) - песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[77]
  • „Железен човек“ (англиски: Iron Man) - песна на британската хард-рок група Блек сабат (Black Sabbath) од 1970 година.[78]
  • „Супер-луѓе“ (англиски: The Supermen) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1970 година.[77]
  • „Човекот кој го продаде светот“ (англиски: The Man Who Sold The World) - песна од истоимениот албум на Дејвид Боуви од 1970 година.[77]
  • „Луѓе-мачки“ (англиски: Cat people) - песна на Дејвид Боуви од 1983 година.[79]
  • „Метален човек“ (англиски: Metal Man) - песна на американската рок-група Бридерс (The Breeders) од 1990 година.[80]
  • „Невидлив човек“ (англиски: Invisible Man) - песна на Бридерс од 1993 година.[81]
  • „Тешки луѓе“ (англиски: Them Heavy People) - песна на англиската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[82]
  • „Не се големи луѓе“ (англиски: Not Great Men) - песна на британската рок-група Генг оф фор (Gang Of Four) од 1979 година.[83]
  • „Балада за тенкиот човек“ (англиски: Ballad of a Thin Man) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.[84]
  • „Планински човек“ (англиски: Mountain Man) - песна на американската рок-група Дајносор (Dinosaur) од 1985 година.[85]
  • „Голем празен човек“ (англиски: Big Hollow Man) — песна на англиската музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax) од 1987 година.[86]
  • „Луѓето се луѓе“ (англиски: People are people) — песна на британската поп-група Депеш Мод (Depeche Mode) од 1984 година.[87]
  • „Луѓето се чудни“ (англиски: People are Strange) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1967 година.[88]
  • „Човек-мафин“ (англиски: Muffin Man) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa).[89]
  • „Човек од југот“ (англиски: Southern Man) — песна на канадскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1970 година.[90]
  • „Старец“ (англиски: Old Man) — песна на Нил Јанг од 1972 година.[91]
  • „Ги видов сите добри луѓе“ (англиски: I've Seen All Good People) — песна на британската рок-група Јес (Yes) од 1971 година.[92]
  • „Момче“ (англиски: Boy) — музички албум на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[93]
  • „Човек од еден инч“ (англиски: One Inch Man) — песна на американската рок-група Kyuss од 1995 година.[94]
  • „Лански човек“ (англиски: Last Year's Man) — песна на канадскиот музичар Леонард Коен од 1971 година.[95]
  • „Човечки допир“ (англиски: Human Touch) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[96]
  • „Чудотворен човек“ (англиски: Miracle Man) — песна на Елвис Костело од 1977 година.[97]
  • „Човекот наречен чичко“ (англиски: Man Called Uncle) — песна на Елвис Костело од 1980 година.[96]
  • „Човек-машина“ (англиски: The Man Machine) — песна од истоимениот музички албум на германската група Крафтверк (Kraftwerk) од 1978 година.[98]
  • „Мамурни луѓе“ (српски: Мамурни људи) — песна на македонската рок-група Леб и сол од 1987 година.[99]
  • „Беден човек“ (англиски: A Man of Misery) - песна на американската рок-група Лонг рајдерс (The Long Ryders) од 1987 година.[100]
  • „Мал човек, голема уста“ (англиски: Small man, big mouth) - песна на американската хард-кор група Мајнор Трет (Minor Threat).[101]
  • „Човек“ (англиски: Human) — песна на американската рок-музичарка Марија Меки (Maria McKee) од 1996 година.[102]
  • „Славата на човекот“ (англиски: The Glory Of Man) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[103]
  • „Човекот со хармоника“ (италијански: L’uoma Dell’armonica) - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе (Ennio Morricone).[104]
  • „Човечки отпад“ (англиски:Human Garbage ) — песна на британската хард-кор група Напалм дет (Napalm Death) од 1987 година.[105]
  • „Човечко суштество“ (англиски: Human Being) — песна на американската рок-група New York Dolls.[106]
  • „Неподвижни, темни, завидливи луѓе“ (англиски: Shiftless, Shady, Jealous Kind Of People) - песна на американската соул-група О'Џејс (The O'Jays) од 1972 година.[107]
  • „Човек“ (англиски: Human) - песна на американската поп-пејачка Кристина Пери (Christina Perri) од 2014 година.[108]
  • „Човек“ (англиски: Human) - песна на британскиот пејач Рег ен Боун Мен (Rag'n'Bone Man) од 2016 година.[109]
  • „Светли среќни луѓе“ (англиски: Shiny Happy People) - песна на американската рок-група Р. Е. М. (R.E.M.) од 1991 година.[110]
  • „Човек“ (англиски: Man) — песна на германската рок-група Ретлс (The Rattles) од 1970 година.[111]
  • „Луѓе со добра судбина“ (англиски: Men of Good Fortune) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.[112]
  • „Лошиот човек“ (The Bogus Man) - песна на британската рок-група Рокси мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[113]
  • „Човек-мајмун“ (англиски: Monkey Man) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1969 година.[114]
  • „Секојдневни луѓе“ (англиски: Everyday People) - песна на американската група Sly & The Family Stone од 1968 година.[115]
  • „Овој шармантен човек“ (англиски: This charming man) - песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths).[116]
  • „Човек-мајмун“ (англиски: Monkey Man) - песна на англиската рок-група Спешлс (The Specials).[117]
  • „Сладок, сладок човек, прв дел“ (англиски: Sweet, Sweet Man Pt 1) - песна на британската рок-група Tindersticks од 1993 година.[118]
  • „Лизгави луѓе“ (англиски: Slippery People) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1983 година.[119]
  • „Лигата на ќелавите луѓе“ (англиски: The League Of Bald-Headed Men) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1993 година.[120]
  • „Параноичен човек во евтина посрана соба“ (англиски: Paranoia Man In Cheap Shit Room) - песна на Фол од 1993 година.[120]
  • „Човек-лепило“ (англиски: Glue Man) — песна на американската панк-рок група Fugazi од 1989 година.[121]
  • „Човек-лубеница“ (англиски: Watermelon Man) - песна на американскиот џез-музичар Херби Хенкок (Herbie Hancock) од 1973 година.[122]
  • „Човек“ (англиски: Human) - песна на британската поп-група Хјуман лиг (Human League) од 1986 година.[123]
  • „Дебел човек“ (англиски: Fat Man) - песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.[124]
  • „Човек“ - песна на југословенската рок-група Шарло Акробата од 1981 година.[125]
  • „Мал човек“ (српски: Mali čovek) - песна на југословенската рок-група Шарло Акробата од 1981 година.[126]
  • „Среќен човек“ (англиски: Happy Man) - песна на американската поп-група Шик (Chic) од 1978 година.[127]

Човекот како тема во филмот

уреди

Наводи

уреди
  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. Global Mammal Assessment Team (2008). Homo sapiens Архивирано на 24 јануари 2010 г. - МСЗП 2009. Црвен список на МСЗП. Верзија 2009.2. <www.iucnredlist.org>. преземено на 3 март 2010 (англиски)
  3. Goodman M, Tagle D, Fitch D, Bailey W, Czelusniak J, Koop B, Benson P, Slightom J (1990). „Primate evolution at the DNA level and a classification of hominoids“. J Mol Evol. 30 (3): 260–6. doi:10.1007/BF02099995. PMID 2109087.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
  4. „Hominidae Classification“. Animal Diversity Web @ UMich. Посетено на 2006-09-25. (англиски)
  5. The Smithsonian Institution, Human Origins Program Архивирано на 15 октомври 2007 г. (англиски)
  6. „World POPClock Projection“. U.S. Census Bureau, Population Division/International Programs Center. Посетено на 2009-09-19. (англиски)
  7. „Најстариот човек на светот наполни 146 години“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 16.
  8. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 142.
  9. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 112.
  10. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 146.
  11. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 131-134.
  12. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 30-31.
  13. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 286-291.
  14. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 201-208.
  15. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  16. Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 131-137.
  17. Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015.
  18. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 32.
  19. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 65.
  20. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 35.
  21. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 25-27.
  22. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 28-29.
  23. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 30-31.
  24. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 60-61.
  25. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 80-81.
  26. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 101-102.
  27. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 76—77.
  28. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 180—181.
  29. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 64-69.
  30. H. Dž. Vels, Nevidljivi čovek. Beograd: Rad, 1964.
  31. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  32. „Оскар Давичо“, во: Оскар Давичо, Песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1958, стр. 236.
  33. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 66.
  34. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 75-78.
  35. Антологија руске лирике — X-XXI век. Књига II: Прва четвртина — средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 178—180.
  36. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 96-97.
  37. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 187-188.
  38. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 14.
  39. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 387-406.
  40. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 174-201.
  41. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 40-42.
  42. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 48-49.
  43. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 65-66.
  44. 44,0 44,1 Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, Krvnik – Vječni smiješak. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.
  45. Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда. Битола: НИД „Микена“, 2010.
  46. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 88.
  47. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 101-102.
  48. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 215-216.
  49. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  50. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 56—57.
  51. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 80-81.
  52. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 80.
  53. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 63-73.
  54. Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.
  55. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 12.
  56. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 66.
  57. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 18.
  58. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 98—99.
  59. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 100—101.
  60. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 129—130.
  61. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 226—227.
  62. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 299—301.
  63. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 302—303.
  64. „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 42—50.
  65. Subhumans (пристапено на 2.1.2024)
  66. DISCOGS, The Adicts – Songs Of Praise (пристапено на 16.4.2022)
  67. Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
  68. YouTube, Icehouse - Man Of Colours (1987 full album) (пристапено на 8.10.2017)
  69. YouTube, Icehouse - Primitive Man (Full Album) (пристапено на 8.10.2017)
  70. Discogs, Anti-Nowhere League ‎– We Are...The League (пристапено на 3.12.2021)
  71. Архангел, Архангел 1. Litium Records 001, 2000.
  72. DISCOGS, Butthole Surfers – Locust Abortion Technician (пристапено на 15.3.2022)
  73. Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD.
  74. YouTube, Bad Religion - No Control - 05 - Automatic Man (пристапено на 13.1.2017)
  75. DISCOGS, Big Black – Headache (пристапено на 21.4.2021)
  76. Discogs, Beastie Boys ‎– Paul's Boutique (пристапено на 25.9.2019)
  77. 77,0 77,1 77,2 Discogs, Björk ‎– Debut (пристапено на 10.8.2020)
  78. DISCOGS, Black Sabbath ‎– Paranoid (пристапено на 31.8.2019)
  79. YouTube, David Bowie - Cat People (пристапено на 8.5.2017)
  80. DISCOGS, The Breeders ‎– Pod (пристапено на 26.7.2019)
  81. Discogs, The Breeders ‎– Last Splash (пристапено на 24.8.2020)
  82. Discogs, Kate Bush ‎– The Kick Inside (пристапено на 29.6.2020)
  83. DISCOGS, Gang Of Four ‎– Entertainment! (пристапено на 9.7.2020)
  84. YouTube, Bob Dylan - Ballad of a Thin Man (Audio) (пристапено на 27.12.2019)
  85. DISCOGS, Dinosaur* ‎– Dinosaur (пристапено на 30.7.2020)
  86. Danielle Dax – Inky Bloaters (пристапено на 25.6.2022)
  87. YouTube, DEPECHE MODE - People Are People (1984) (пристапено на 19.1.2017)
  88. YouTube, The Doors - People Are Strange (пристапено на 20.1.2017)
  89. DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
  90. Neil Young – After The Gold Rush (пристапено на 25.11.2023)
  91. Discogs, Neil Young – Harvest (пристапено на 30.5.2021)
  92. Yes – The Yes Album (пристапено на 14.6.2024)
  93. Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
  94. Discogs, Kyuss ‎– ...And The Circus Leaves Town (пристапено на 8.1.2021).
  95. Leonard Cohen – Songs Of Love And Hate (пристапено на 4.6.2022)
  96. 96,0 96,1 DISCOGS, Elvis Costello & The Attractions – Get Happy!! (пристапено на 13.5.2022)
  97. DISCOGS, Elvis Costello – My Aim Is True (пристапено на 13.5.2022)
  98. YouTube, Kraftwerk - The Man Machine (пристапено на 10.1.2016)
  99. Leb I Sol ‎– Kao Kakao (пристапено на 4.9.2020)
  100. DISCOGS, The Long Ryders ‎– Two Fisted Tales (пристапено на 23.8.2019)
  101. YouTube, Minor Threat - Small Man, Big Mouth (пристапено на 14.3.2017)
  102. Discogs, Maria McKee – Life Is Sweet (пристапено на 3.3.2023)
  103. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
  104. DISCOGS, Ennio Morricone ‎– The Best Of Ennio Morricone (пристапено на 31.8.2019)
  105. Discogs, Napalm Death ‎– Scum (пристапено на 3 февруари 2021)
  106. Discogs, New York Dolls – In Too Much Too Soon (пристапено на 16.5.2023)
  107. YouTube, Back Stabbers 1972 - The O'Jays (пристапено на 30.5.2019)
  108. YouTube, Christina Perri - Human (Official Video) (пристапено на 9.1.2017)
  109. YouTube, Rag'n'Bone Man - Human (Official Video) (пристапено на 9.1.2017)
  110. DISCOGS, R.E.M. – Out Of Time (пристапено на 11.2.2021)
  111. The Rattles - The Witch (Full album) (HI-FI) (Stereo) 1970 (пристапено на 15.3.2024)
  112. YouTube, Lou Reed - Men of Good Fortune (audio) (пристапено на 31.3.2020)
  113. Discogs, Roxy Music ‎– For Your Pleasure (пристапено на 12.4.2020)
  114. YouTube, Monkey Man (пристапено на 20.12.2019)
  115. YouTube, Sly & The Family Stone - Everyday People (Audio) (пристапено на 20.1.2017)
  116. YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)
  117. YouTube, The Specials FULL ALBUM (пристапено на 12.10.2017)
  118. DISCOGS, Tindersticks ‎– The First Tindersticks Album (пристапено на 15.5.2021)
  119. DISCOGS, Talking Heads – Speaking In Tongues (пристапено на 8.1.2022)
  120. 120,0 120,1 DISCOGS, The Fall ‎– The Infotainment Scan (пристапено на 22.10.2020)
  121. Discogs, Fugazi – 13 Songs (пристапено на 25.10.2022)
  122. Discogs, Herbie Hancock ‎– Head Hunters (пристапено на 25.11.2020)
  123. YouTube, The Human League - Human (пристапено на 10.1.2016)
  124. Discogs, Jethro Tull ‎– Stand Up (пристапено на 10.12.2020)
  125. YouTube, Šarlo Akrobata - Čovek (пристапено на 12.3.2017)
  126. YouTube, Šarlo akrobata - Mali čovek (пристапено на 12.3.2017)
  127. C'est Chic, Atlantic Recording Corporation, CD 81552-2, 1978.
  128. IMBd, The Elephant Man (1980), Awards (пристапено на 13.6.2017)
  129. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 52.
  130. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 37.
  131. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 38.