Црква „Св. Никола“ - Пласница
Свети Никола — главна селска црква во бродското село Пласница.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Русјачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′11.99″N 21°07′11.12″E / 41.4699972° СГШ; 21.1197556° ИГД |
Место | Пласница |
Општина | Пласница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1484 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Црквата е сместена во долниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат малкуте христијански селски гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во селото Пласница, југоисточно од Кичево, на десниот брег на реката Треска.
Историја
уредиОд ктиторскиот натпис се дознава дека црквата била подигната во 1484 година.[2] Според други извори се тврди дека црквата потекнува од 1785 година.[3]
Архитектура
уредиГрадба
уредиТаа е мала еднокорабна гробишна црква.[2]
Камбанаријата на црквата потекнува од 1923 година.[4]
Фрескоживопис
уредиЖивописот црквата го добила истата година кога била и подигната, односно 1484 година. Стилските разбирања се блиски на т.н. мали работилници од крајот на XV век, чија активност се бележи во околината на Охрид и во посеверните делови.[2]
Се издвојува огромното допојасје на патронот Св. Никола Скоропомошник, допојасјето на Св. Климент Охридски и фигурата на Св. Кирил Солунски.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Христијански гробишта во Пласница
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Русјачка парохија“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 15 октомври 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 118–119.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Пласница на Ризницата ?