Хјустон Рокетс
Хјустон Рокетс (англиски: Houston Rockets) се американски професионален кошаркарски тим од градот Хјустон, Тексас. Тимот се натпреварува во Западна Конференција во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Тимот бил основан во 1967 година под името Сан Диего Хјустон, и под ова име се задржал до 1971 година, кога го добил денешното име.[1]
Хјустон Рокетс | ||||||
Конференција | Западна Конференција | |||||
Дивизија | Југозападна дивизија | |||||
Основан | 1967 | |||||
Историја | Сан Диего Рокетс (1967–1971) Хјустон Рокетс (1971-сѐ уште) | |||||
Арена | Тојота Центар | |||||
Град | Хјустон (Тексас), САД | |||||
Тимски бои | ||||||
Сопственик/ци | Тилман Фертита | |||||
Генерален менаџер | Рафаел Стоун | |||||
Тренер | Стивен Силас | |||||
Шампиони | 2 (1994, 1995) | |||||
Конференциски титули | 4 (1981, 1986, 1994, 1995) | |||||
Дивизиски титули | 4 (1977, 1986, 1993, 1994) | |||||
Пензионирани броеви | 6 (22, 23, 24, 34, 45, CD) | |||||
Мрежно место | rockets.com | |||||
|
Рокетс биле формирани во 1967 во Сан Диего, а потоа биле откупени од Роберт Брејтбард за 1,75 милиони долари. Името Рокетс го добиле по програмата за ракети на General Dynamics-Атлас.[2] Џек Мек Махон бил наменет за тренер на Рокетс, а првиот пик од драфтот во 1967 бил следниот член на куќата на славните-тренерот Пет Рајли. Како и да е, следно нешто за Рокетс било губење на 67 натпревари, што за тоа време бил рекорден број на порази во една НБА сезона.
Во првата сезона тимот има победено само на 15 натпревари. Но по драфтот на Елвин Хејс во 1969, тимот ги игра првите плеј-оф натпревари. Кога Хејс си заминал од тимот, на негово место доаѓа Мозес Малоун за да го замени. Малоун за тоа време освоил 2 МВП награди за најдобар играч во сезоната и го одвел тимот на првото финале во конференцијата. Тој исто така го одвел Хјусон во неговото прво финале во 1981 година, каде што изгубиле во 6 натпревари од тимот на Бостон Селтикс
Во 1984, Рокетс го драфтувале идниот член на НБА Куќата на славните Хаким Олајџувон кој ги однел во финале во 1986, каде изгубиле повторно од тимот на Бостон. Во следните 7 сезони, тимот губел во првата рунда во плеј-офот 5 пати.[3] Тие не го освоиле своето прво првенство сѐ до 1994. Тие ја повторуваат шампионската сезона и во 1995. Но, Рокетс отсуствуваат од плеј-оф натпревари од 1993-2003. Тие не стигнале до плеј-офот, сѐ додека не го драфтувале кинескиот центар Јао Минг, и не поминуваат во првата рунда во плеј-офот сè до 2009.
Состав
уредиИме | Години | Држава | Височина | Позиција |
---|---|---|---|---|
Џош Кристофер | 20 | САД | 1.91м | бек |
Бруно Фернандо | 23 | Ангола | 2.06м | Крилен Центар/Центар |
Усман Гаруба | 19 | Шпанија | 2.03м | Крилен Центар |
Ерик Гордон | 33 | САД | 1.91м | бек/крило |
Џејлен Грин | 20 | САД | 1.93м | бек |
Кењон Мартин Jr. | 21 | САД | 1.98М | крило/Крилен Центар |
Гарисон Метјувс | 25 | САД | 1.96м | бек |
Даишен Никс | 20 | САД | 1.93м | плејмејкер |
Давид Нваба | 29 | САД | 1.96м | бек/крило |
Кевин Портер Jr. | 21 | САД | 1.93м | бек/крило |
Тревелин Квин | 24 | САД | 1.98м | бек |
Денис Шрудер | 28 | Германија | 1.85м | плејмејкер/бек |
Алперен Шенгјун | 19 | Турција | 2.08м | Центар |
Џеј'Шон Тејт | 26 | САД | 1.96м | крило/Крилен Центар |
Џон Вол | 31 | САД | 1.91 | плејмејкер/бек |
Кристијан Вуд | 26 | САД | 2.11 | Крилен Центар/Центар |
Наводи
уреди- ↑ „Owners, fans waited years before Rockets took off“. Houston Chronicle. 20 септември 2001. Посетено на 13 мај 2008.
- ↑ „Going Retro: Houston Rockets are better than the lakers“. NBA.com. Посетено на 13 мај 2008.
- ↑ „1989 NBA Playoff Summary“. Basketball-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2015-11-26. Посетено на 19 февруари 2009.
Надворешни врски
уреди- Официјалното мрежно место на Хјустон Рокетс
- Хјустон Рокетс на Sports Illustrated Архивирано на 30 октомври 2013 г.
- Рокетс на Basketball Reference Архивирано на 25 мај 2012 г.
- НБА енциклопедија