Унгарски парламент
Унгарскиот парламент (унгарски: Országház) е седиштето на Народното собрание на Република Унгарија. Тој е еден од најстарите во Европа, а исто така претставува и значајна туристичка атракција во Будимпешта. Сместен е на плоштадот Кошут во Будимпешта, на левиот брег (Пешта) на реката Дунав. Моментално е најголемата зграда во Унгарија[1], како и втор по ред најголем парламент во Европа[2], а трет во светот.
Архитектура
уредиУнгарскиот парламент е изграден во нео-готски стил по планот на Имре Штајиндл. Изградбата започнала во 1885 година, а е завршен во 1904 година. Во изградбата учествувале околу илјада работници работници; биле искористени 40 милиони тули, половина милион плочи од мек камен и 40 килограми злато.
Долг 268 метри и широк 123 метри. Внатрешноста вклучува 10 дворови, 13 патнички и товарни лифтови, 27 порти, 29 столбови и 691 соба (исто така и повеќе од 200 сервисни простории). Со својата височина од 96 метри, заедно со Базиликата Свети Стефан се моментално највисоките згради во Будимпешта. Фасадата е украсена со 242 скулптури на унгарски и трансилваниски владетели и на познати воени личности од унгарската историја, како Арпад, кралот Иштван I и Јанош Хуњади. Над прозорците може да се видат прикажани грбови на кралеви и херцози. Главната фасада е со поглед на Дунав, но главниот влез е од источната страна и претставува столб, украсен со два лава.
Зградата на унгарскиот парламент се одликува со својата величественост и убавина. Има 365 кули - за секој ден од годината, а висината од 96 метри е поврзана со полнењето илјада години во 1896 година, од кога Унгарците пристигнале во Панонија. Бидејќи е изграден од песочни камени на брегот на реката Дунав, влагата од реката секоја година му ги уништува ѕидовите, па поради тоа мора да му се вршат постојани поправки.
Историја
уредиЗа време на бомбардирањата во Втората светска војна речиси бил целосно уништен, но после војната повторно е обновен и денеска Унгарците се гордеат со неговата величественост. Тој секако претставува еден од најубавите парламенти во Европа.
Галерија
уреди-
Зградата на парламентот гледана од Сечењиевиот ланчен мост.
-
Унгарскиот парламент навечер.
-
Парламентот фотографиран од Будим.
-
Парламентот од горе.
-
Големиот хол.
-
Унгарскиот парламент.
-
Конференциската сала.
-
Светата круна на Унгарија во централниот хол.
Наводи
уреди- ↑ Kul-túra
- ↑ „Hasznos informaciok, tajekoztatas, tippek es linkek a City Centre Apartments kkt. vendegei szamara“. Архивирано од изворникот на 2008-12-19. Посетено на 2010-06-18.
Надворешни врски
уреди„Унгарски парламент“ на Ризницата ? |